Стојан Тошев Тенов ( 1923 во Кучевиште, Скопско1945 во Кучевиште, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Откако завршил основно училиште се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Есента 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа земал учество во сите борби на Скопска Црна Гора против балистите и Германците. По ослободувањето на Македонија, ги продолжил борбите за ликвидирање на заостанатите балистички банди на Косово. Потоа заминал за Војводина и бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. Во еден jypиш, бил тешко ранет. Од добиените рани, есента 1945 година починал во своето село, Кучевиште, каде бил ѝ погребан.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 143. На |first= му недостасува |last= (help)