Бошко Тошов Шаговиќ ( 1909 во Бањане, Скопско1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Бошко Шаговиќ
Роден 1909 година
Бањани, Скопје, Македонија под Османлиско Царство
Починал декември, 1944
Скопје, Македонија
Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Бошко Шаговиќ

Животопис уреди

Потекнувал од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил од денот на нејзиното формирање. Учествувал во сите борби на бригадата против балистите и Германците, на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје, бил распореден во единиците на КНОЈ во Скопје, што ги расчистувале минираните објекти во градот. При деминирање на една заостаната мина во зградата на Народната банка бил тешко ранет и пренесен во болница, а подоцна пуштен на домашно лекување. Кон крајот на 1944 година, починал од последиците на раните.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 284–285. На |first= му недостасува |last= (help)