Коце Јорданов Стоилковски ( во Црешево1945 на Сремски фронт) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Коце Стоилковски
Роден Црешево, Скопје, Македонија
Починал април, 1945 година
Сремски фронт

Животопис

уреди

Израснат е во сиромашно семејство. Основно училиште завршил во родното село. Од 1942 година активно работел за НОВ. Како општински чувар им доставувал вредни информации и податоци на партизаните. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистичките банди и Германците на Скопска Црна Гора и во Качаничката Клисура, а потоа и во борбите за дефинитивно уништување на балистичките банди на Косово. Со Бригадата учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт. Во тие борби храбро загинал, во април 1945 година.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 134. На |first= му недостасува |last= (help)