Илија Русевски
Илија Крстов Русевски ( 1912 во Глуво, Скопско — 1946 во Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Животопис
уредиПотекнувал од слабо-имотно семејство. Со голем труд ја обработувал не многу родната земја и така ја обезбедувал минималната егзистенција на семејството.[1] Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во тешките борби против силните балистички сили на падините на Скопска Црна Гора. Во борбите против германските моторизирани колони во Качаничката Клисура, бил ранет во рамото. Тешките воени напори, како и последиците од ранувањето биле причина потешко да се разболи и да почине во 1946 година.[1][2]