Глигор Брезовски (3 септември 1915 во Галичник30 април 1943 во Уљаник, Хрватска) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Глигор Брезовски
Роден 3 септември 1915
Галичник
Починал 30 април 1945
Уљаник, Хрватска

Животопис

уреди

Произлегува од селско печалбарско семејство. Завршил основно училиште во родното место. Од 1926 година работел како печалбар во разни места, но најмноrу во Скопје и Белград. Априлските настани го затекнале како митралезец во митралеската чета во 47от пешадиски полк. По паѓањето на Дебар и капитулацијата на бившата јуrословенска војска, избегал за да не падне во заробенштво. Премрзнат и со отечени нозе едвај стигнал во родното село. Во срединaта на мај 1941 година се префрлил во Белград каде работел со неговиот брат. Таму останал до октомври 1942 година. Како напреден работник материјално ги помагал партизаните. По добивањето на позив за присилна работа, се префрлил одново во Македонија. Во родниот крај и Скопје одржувал врска со движењето на отпорот. На 15 септември 1944 година стапил во 12та македонска ударна бригада. Во октомври истата година се префрлил во 16та македонска ударна бригада, како борец во Втората митралеска чета на вториот баталјон. Активно учествувал во сите борби на својата Бригада за ослободувањето на Македонија. Како дел од Бригадата заминал на Сремскиот фронт и како нишанџија на митралезот „Максим", храбро загинал на 30 април 1945 година кај селото Уљаник во Хрватска.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 38–39. На |first= му недостасува |last= (help)