Панко Стамболиев
Панко Крстов Стамболиев ( 1910 во Чучер, Скопско — 1945 во Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Животопис
уредиПроизлеrува од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а потоа работел на својата земја.[1] По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада активно ја помагал. Собирал храна и друг потребен материјал за партизаните. Како активист, по една тешка борба на бригадата против балистите, бил фатен и ѕверски претепан. Од тешките последици по мачењето, починал во почетокот на 1945 година.[1][2]