Стојко Василевски

Стојко Р. Василевски ( 1916 во Бањане, Скопско1944 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Стојко Василевски
Роден 1916 година
Бањани, Скопје, Македонија
Починал 1944 година
Скопска Црна Гора, Скопско, Македонија
Националност Македонец
Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Стојко Василевски

Животопис

уреди

Израснат е во сиромашно семејство. Од рана младост се занимавал со земјоделство. На 12 септември 1944 година, кога бројни балистички сили навлегле во неговото родно место, тој се приклучил на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во борбите против балистите, што се обидувале да навлезат во Скопска Црна Гора од правецот на Витина. Во една од овие борби, храбро загинал кај Црн Камен. Бил закопан на селските гробишта во Бањани.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 178. На |first= му недостасува |last= (help)