Алесио Ромањоли
Алесио Ромањоли (роден на 12 јануари 1995 во Анцио, Италија) — италијански професионален фудбалер кој настапува за ФК Лацио во италијанската Серија А како и за Репрезентацијата на Италија. Алесио Ромањоли игра на позиција одбрана.
Алесио Ромањоли | |||
---|---|---|---|
Алесио Ромањоли | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Алесио Ромањоли | ||
Роден на | 12 јануари 1995 | ||
Роден во | Анцио, Италија | ||
Висина | м | 1,90||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Лацио | ||
Број | 13 | ||
Младинска кариера | |||
Рома | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2012–2015 | Рома | 13 | (1) |
2014–2015 | → Сампдорија (п) | 30 | (2) |
2015–2022 | Милан | 197 | (8) |
2022- | Лацио | 1 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2011 | Италија U16[1] | 3 | (0) |
2011–2012 | Италија U17[1] | 6 | (0) |
2011–2014 | Италија U19[1] | 12 | (0) |
2014– | Италија U21[1] | 15 | (1) |
2016– | Италија | 12 | (2) |
** Ажурирано на: 18 ноември 2019 |
Клупска кариера
уредиФК Рома
уредиРомањоли својата фудбалска кариера ја започнал во младинската школа на ФК Рома, додека како професионален играч своето деби го имал на 11 декември 2012 година против екипата на ФК Аталанта во купот на Италија[2]. Својот прв натпревар во Серија А го имал 12 дена подоцна кога влегол како замена против ФК Милан. Првиот гол за клубот го одбележил на 3 март 2013 година при победата со 3-1 над ФК Џенова. На 31 мај 2014 година, Ромањоли потпишал нов четиригодишен договор со Рома[3].
ФК Сампдорија
уредиЗа сезоната 2014/2015 година Алесио Ромањоли бил позајмен во ФК Сампдорија. На 1 септември 2014 година, Ромањоли бил позајмен во Сампдорија за 500.000 евра, со можност за купување за 2 милиони евра, како и контра-опција од 750.000 евра[4][5][6]. Ромањоли го направил своето деби на Сампдорија како замена во победата од 2-0 против Торино на 14 септември. Тој го постигнал својот прв гол за Сампдорија на 24 септември 2014 година во поразот од 2-1 против Киево. Во јуни 2015 година, Рома ја активирале куповната клаузула и го вратиле во клубот[7].
ФК Милан
уредиПоранешниот тренер на Ромањоли во Сампдорија - Синиша Михајловиќ бил назначен за тренер на Милан. Задоволен од настапите на Ромањоли од претходната сезона, Михајловиќ инсистирал пред раководството на Милан да се привлече играчот и Алесио Ромањоли бил купен од Рома за сума од 25 милиони евра на 11 август 2015 година[8]. Своето дебитирање за клубот од Милано го имал на 18 август истата година во победата од 2:0 над Перуџа во Купот на Италија[9]. Шест дена подоцна, тој го направил своето прво појавување во Серија А со новиот клуб, по во поразот на Милан од 2-0 против ФК Фјорентина[10].
На 1 март 2016 година го постигнал својот прв гол за Милан во победата од 5-0 против Алесандија во Купот на Италија. Овој натпревар го испратил Милан до финалето за првпат од 2003 година[11]. Ромањоли ја завршил својата прва сезона во дресот на Милан со 40 настапи во сите натпреварувања.
По враќањето на Леонардо Бонучи во ФК Јувентус, Ромањоли во сезоната 2018/2019 бил назначен за капитен на Милан[12].
На 28 ноември 2021 година, Ромањоли го постигнал својот прв гол во сезоната 2021-2022 против Сасуоло во поразот од 3–1[13]. На 9 февруари 2022 година, против Лацио во Купот на Италија, тој асистирал за воведниот гол во победата од 4–0[14].
Ромањоли го одбил продолжувањето на договорот од Милан и на тој начин го напуштил клубот на крајот на сезоната[15][16].
ФК Лацио
уредиНа 12 јули 2022 година, Ромањоли потпишал петгодишен договор со Лацио[17].
Репрезентативна кариера
уредиРомањоли ја претставувал Италија во повеќе прилики на возраст под 16 години, под 17 години и под 19 години. Тој го направил своето прво појавување за екипата под 21 година против Северна Ирска на 5 март 2014 година, играјќи ги целосните 90 минути. Со Италија под 21 година, тој учествувал на УЕФА Европското првенство под 21 година, формирајќи делотворно партнерство со колегите од центарот, Даниеле Ругани.
На 27 август бил повикан во највисокиот состав за првпат за пријателски натпревар против Франција на 1 септември и квалификацискиот натпревар од Светското првенство во 2018 година на 5 септември против Израел.
На 6 октомври, Ромањоли го направил своето деби во квалификацискиот натпревар од Светското првенство во 2018 година, играјќи ги сите 90 минути, во 1-1 натпреварот против Шпанија[18][19].
Статистика
уредиКлупска
уреди- Обновено на август 2022.[20]
Клуб | Сезона | Лига | Куп | Европа | Останато | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Рома | 2012–13 | Серија A | 2 | 1 | 1 | 0 | — | — | 3 | 1 | ||
2013–14 | Серија A | 11 | 0 | 0 | 0 | — | — | 11 | 0 | |||
Вкупно | 13 | 1 | 1 | 0 | — | — | 14 | 1 | ||||
Сампдорија (позајмен) | 2014–15 | Серија A | 30 | 2 | 1 | 0 | — | — | 31 | 2 | ||
Милан | 2015–16 | Серија A | 34 | 0 | 6 | 1 | — | — | 40 | 1 | ||
2016–17 | Серија A | 27 | 1 | 1 | 0 | — | 1[lower-alpha 1] | 0 | 29 | 1 | ||
2017–18 | Серија A | 28 | 2 | 5 | 1 | 9[lower-alpha 2] | 0 | — | 42 | 3 | ||
2018–19 | Серија A | 32 | 2 | 4 | 0 | 4[lower-alpha 2] | 0 | 1[lower-alpha 1] | 0 | 41 | 2 | |
2019–20 | Серија A | 35 | 1 | 4 | 0 | — | — | 39 | 1 | |||
2020–21 | Серија A | 22 | 1 | 2 | 0 | 6[lower-alpha 2] | 0 | — | 29 | 1 | ||
2021–22 | Серија A | 19 | 1 | 2 | 0 | 5[lower-alpha 3] | 0 | — | 26 | 1 | ||
Вкупно | 197 | 8 | 24 | 2 | 24 | 0 | 2 | 0 | 247 | 10 | ||
Лацио | 2022-23 | Серија A | 0 | 0 | 0 | 0 | — | — | 0 | 0 | ||
Вкупно | 240 | 11 | 26 | 2 | 24 | 0 | 2 | 0 | 292 | 13 |
- ↑ 1,0 1,1 Appearance in Supercoppa Italiana
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Appearance(s) in UEFA Europa League
- ↑ Appearance(s) in UEFA Champions League
Меѓународна
уреди- Обновено на 26 март 2019[20]
Италија | ||
---|---|---|
Година | Натпревари | Голови |
2016 | 4 | 0 |
2017 | 1 | 0 |
2018 | 3 | 0 |
2019 | 1 | 0 |
Вкупно | 9 | 0 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Convocazioni e presenze in campo - ROMAGNOLI ALESSIO“. FIGC. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 7 January 2013.
- ↑ „Romagnoli, buonissima la prima“ (италијански). Il Romanista. 13 December 2012. Посетено на 7 January 2013.
- ↑ „Prolungato il contratto economico per le prestazioni sportive del calciatore Romagnoli“ (италијански). A.S. Roma. 31 May 2014. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 5 July 2015.
- ↑ „OPERAZIONI DI MERCATO Mapou Yanga-Mbiwa e Alessio Romagnoli“ (PDF) (италијански). A.S. Roma. 1 September 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-09-13. Посетено на 5 July 2015.
- ↑ „Alessio Romagnoli alla Sampdoria a titolo temporaneo“ (италијански). U.C. Sampdoria. 1 September 2014. Посетено на 5 July 2015.
- ↑ „Romagnoli officially joins Sampdoria“. Gianluca Di Marzio. 1 September 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-15. Посетено на 15 September 2014.
- ↑ „Progetto di Bilancio di esercizio e Consolidato al 30 јуни 2015“ (италијански). A.S. Roma. 5 October 2015. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-10-29. Посетено на 8 October 2015.
- ↑ http://www.repubblica.it/sport/calcio/serie-a/milan/2015/08/09/news/fatta_per_romagnoli-120714843/
- ↑ https://int.soccerway.com/matches/2015/08/17/italy/coppa-italia/ac-milan/perugia-calcio/2137029/
- ↑ https://int.soccerway.com/matches/2015/08/23/italy/serie-a/acf-fiorentina/ac-milan/2120377/
- ↑ „Fantastic to open my AC Milan account - Romagnoli“. Goal.com.
- ↑ „Romagnoli proud to be new AC Milan captain“. Forza Italian Football. 16 August 2018. Посетено на 17 October 2018.
- ↑ „AN AFTERNOON TO FORGET“. acmilan. Посетено на 4 March 2022.
- ↑ „AC MILAN CRUISE INTO THE LAST FOUR“. acmilan. Посетено на 4 March 2022.
- ↑ Moller, Isak. „Longo: Romagnoli not satisfied with Milan's renewal offer“. sempremilan. Посетено на 4 March 2022.
- ↑ Fisher, Oliver. „Tuttosport: Distance persists over Romagnoli's renewal - the stance of both parties“. sempremilan. Посетено на 4 March 2022.
- ↑ „Comunicato 12.07.2022“ (италијански). Lazio. 12 July 2022. Архивирано од изворникот на 2022-10-29. Посетено на 12 July 2022.
- ↑ „Italy vs. Spain - Football Match Line-Ups“. ESPN. 6 October 2016. Посетено на 7 October 2016.
- ↑ „Romagnoli: 'No Italy nerves'“. Football Italia. 6 October 2016. Посетено на 7 October 2016.
- ↑ 20,0 20,1 „A. Romagnoli“. Soccerway. Посетено на 11 July 2015.