Џиро д’Италија 2018
Џиро д’Италија 2018 (позната и како Трка околу Италија 2018) — 101. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 4 и 27 мај како дваесет и први настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 101. Џиро д’Италија | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2018 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 4 – 27 мај | ||
Растојание | 3.562,9 км | ||
Држави | Италија Израел | ||
Поаѓалиште | Ерусалим | ||
Одредиште | Рим | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 176 | ||
Возачи на крај | 149 | ||
Просечна брзина | 40,012 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Крис Фрум (Инеос Гренадиерс) | ||
Второпласиран | Том Димулен (Тим ДСМ) | ||
Третопласиран | Мигел Анхел Лопес (Астана Казахстан Тим) | ||
Бодовен | Елија Вивијани (Судал Квик-Степ) | ||
Планински | Крис Фрум (Инеос Гренадиерс) | ||
Спринтерски | Давиде Балерини (Андрони Џокатоли-Сидермек) | ||
Младински | Мигел Анхел Лопес (Астана Казахстан Тим) | ||
Борбеност | Давиде Балерини (Андрони Џокатоли-Сидермек) | ||
Breakaway | Марко Фрапорти (Андрони Џокатоли-Сидермек) | ||
Екипен | Инеос Гренадиерс | ||
◀2017 | 2019▶ | ||
Документација |
Џиро започнала во Ерусалим на 4 мај со поединечен хронометар во должина од 9,7 километри, по што следеле уште две етапи во Израел. По денот за одмор, имало уште 18 етапи во Италија пред да стигнат во Рим на 27 мај.[3] На почетокот на Џиро д’Италија 2018 била оддадена и почит кон италијанскиот велосипедст Џино Бартали, трикратен победник на Џиро д’Италија. Бартали помогнал во спасување на стотици италијански Евреи во текот на Холокаустот и бил прогласен во 2013 година од Јад Вашем како Праведен помеѓу народите.[4]
Трката била освоена од возачот на Тим Скај, Крис Фрум, кој со тоа ги држел во посед сите три титули на големите трки истовремено и станал првиот британски возач кој го освоил генералниот пласман на Џиро. Фрум паднал пред прологот и губел време во првите две недели. Во завршната недела, меѓутоа, ја освоил етапата која завршувала на Ѕонколан, а подоцна освоил неколку минути пред сите останати на етапата 19 со возење опишано како „за историските читанки“.[5] На крајот го поразил бранителот на титулата, Том Димулен, со 46 секунди.[6]
Преглед
уредиГолемиот почеток на Џиро во периодот од 4 од 6 мај, еден од најскапите спортски настани во историјата на Израел, бил главно финансиран од канадско-израелскиот моќник Силван Адамс со помош на министерствата за туризам и сообраќа на Израел. Трката започнал со поединечен хронометар во должина од 9,7 километри во Ерусалим, а подоцна следеле етапите во должина од 167 километри од Хаифа до Тел Авив и 229-километарската етапа од Бершева до Ејлат.[7] Тоа биле први етапи на било која голема трка одржани надвор од Европа.
Екипи
уредиБидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Фаворити пред трката
уредиГлавни фаворити пред трката биле: Крис Фрум (Тим Скај), бранителот на титулата Том Димулен (Тим Санвеб) и Фабио Ару (ОАЕ Тим Емирати). Други кандидати за генералниот пласман биле Мигел Анхел Лопес (Астана), Џорџ Бенет (Лото НЛ-Џамбо), Тибо Пино (Групама-ФДЖ), Ваут Пулс (Тим Скај), Сајмон Јејтс и Естебан Чавес (обајцата од Мичелтон-Скот), Луис Мејнчес (Тим Дименжн Дата), Мајкл Вудс (ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак), Давиде Формоло (Бора-Хансгрое), Роан Денис (Ванти-Груп Гобер) и Доменико Поцовиво (Бахреин-Мерида).
Спринтери на Џиро биле Елија Вивијани, Јакуб Маречко, Николо Бонифацио, Дани ван Попел, Саша Модоло, Сем Бенет, Јенс Дебишер и Рајан Гибонс.[9]
Рута и етапи
уредиЕтапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 4 мај | Ерусалим – Ерусалим | 9,7 | Том Димулен | Том Димулен | |
2 | 5 мај | Хаифа – Тел Авив | 167 | Елија Вивијани | Роан Денис | |
3 | 6 мај | Бершева – Ејлат | 229 | Елија Вивијани | Роан Денис | |
4 | 8 мај | Катанија – Каталџироне | 202 | Тим Веленс | Роан Денис | |
5 | 9 мај | Агриџенто – Санта Нинфа | 153 | Енрико Батаљин | Роан Денис | |
6 | 10 мај | Калтанисета – Етна | 164 | Естебан Чавес | Сајмон Јејтс | |
7 | 11 мај | Пицо – Праја а Маре | 159 | Сем Бенет | Сајмон Јејтс | |
8 | 12 мај | Праја а Маре – Монтеверџине | 209 | Ричард Карапас | Сајмон Јејтс | |
9 | 13 мај | Песко Санита – Кампо Императоре | 225 | Сајмон Јејтс | Сајмон Јејтс | |
10 | 15 мај | Пене – Гуалдо Тадино | 244 | Матеј Мохорич | Сајмон Јејтс | |
11 | 16 мај | Асизи – Озимо | 156 | Сајмон Јејтс | Сајмон Јејтс | |
12 | 17 мај | Озимо – Имола | 214 | Сем Бенет | Сајмон Јејтс | |
13 | 18 мај | Ферара – Нервеза дела Баталја | 180 | Елија Вивијани | Сајмон Јејтс | |
14 | 19 мај | Сан Вито ал Талјаменто – Монте Цонколан | 186 | Крис Фрум | Сајмон Јејтс | |
15 | 20 мај | Толмецо – Сапада | 176 | Сајмон Јејтс | Сајмон Јејтс | |
16 | 22 мај | Тренто – Роверето | 34,2 | Роан Денис | Сајмон Јејтс | |
17 | 23 мај | Рива дел Гарда – Изео | 155 | Елија Вивијани | Сајмон Јејтс | |
18 | 24 мај | Абијатеграсо – Прато Невозо | 196 | Максимилијан Шахман | Сајмон Јејтс | |
19 | 25 мај | Венарија Реале – Бардонекија | 184 | Крис Фрум | Крис Фрум | |
20 | 26 мај | Суза – Бреј-Червинија | 214 | Микел Ниеве | Крис Фрум | |
21 | 27 мај | Рим – Рим | 115 | Сем Бенет | Крис Фрум |
Поредок
уредиНа Џиро д’Италија 2018 се доделувале четири различни маички. Во генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси (10, 6 и 4 секунди соодветно) за првите тројца велосипедисти на етапите, предводникот ја добива розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија 2018 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.[10][11]
Место | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бодови за Чима Копи | 45 | 30 | 20 | 14 | 10 | 6 | 4 | 2 | 1 |
Бодови за категорија 1 | 35 | 18 | 12 | 9 | 6 | 4 | 2 | 1 | 0 |
Бодови за категорија 2 | 15 | 8 | 6 | 4 | 2 | 1 | 0 | ||
Бодови за категорија 3 | 7 | 4 | 2 | 1 | 0 | ||||
Бодови за категорија 4 | 3 | 2 | 1 | 0 | |||||
Дополнителни бодови за МТФ | 15 | 10 | 6 | 4 | 2 | 0 |
Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Во планинскиот пласман, бодовите се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на некое искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. На искачувањата од прва категорија, осум возачи добивале бодови; на искачувањата од втора категорија, шест возачи добивале бодови; на искачувањата од трета категорија, само четворица возачи добивале бодови, додека само тројца возачи освојувале бодови на искачувањата од четврта категорија. На „Чима Копи“, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија.[10] Со 2.757 метри, „Чима Копи“ за 2018 година ќе биде превојот Коле деле Финестре.
Место | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
етапи 1–3, 5–7, 12–13 | 50 | 35 | 25 | 18 | 14 | 12 | 10 | 8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 |
етапи 8, 14–15, 17 | 25 | 18 | 12 | 8 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 | 0 | ||||
други етапи (освен ITT) | 15 | 12 | 9 | 7 |
Дополнително, постои и бодовен пласман, кој се наградува со црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите петнаесет места на етапите. Рамните етапи носат повеќе бодови од планинските етапи, означувајќи дека овој пласман ќе биде во корист на спринтерите. Дополнително, бодови може да се освојуваат и на средните спринтови.[10][11]
Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1994 година.[10]
Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.[10]
- Забелешки
- ↑ На втората етапа, Роан Денис, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел маичката циклама, бидејќи Том Димулен (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман.
- ↑ На етапите 10-15, Естебан Чавес, кој бил втор во планинскиот пласмна, ја носел сината маичка, бидејќи Сајмон Јејтс (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина Џулио Чиконе ја носел сината маичка на етапите 16-18.
- ↑ На етапата 20, Сајмон Јејтс, кој бил втор во планинскиот пласмна, ја носел сината маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина Џулио Чиконе ја носел сината маичка на етапата 21.
Пласмани
уредиГо означува предводникот на генералниот пласман | Го означува предводникот на планинскиот пласман | ||
Го означува предводникот на бодовниот пласман | Го означува предводникот на пласманот за млад возач |
Генерален пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Бодовен пласман
уредиВозач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Елија Вивијани (ИТА) | Квик-Степ Флорс | 341 |
2 | Сем Бенет (ИРС) | Бора-Хансгрое | 282 |
3 | Давиде Балерини (ИТА) | Андрони Џокатоли-Сидермек | 147 |
4 | Саша Модоло (ИТА) | ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак | 122 |
5 | Сајмон Јејтс (ВБР) | Мичелтон-Скот | 113 |
6 | Марко Фрапорти (ИТА) | Андрони Џокатоли-Сидермек | 111 |
7 | Дани ван Попел (ХОЛ) | Лото НЛ-Џамбо | 107 |
8 | Николо Бонифацио (ИТА) | Бахреин-Мерида | 93 |
9 | Еугерт Жупа (АЛБ) | Вилиер Триестина-Селе Италија | 84 |
10 | Том Димулен (ХОЛ) | Тим Санвеб | 73 |
Планински пласман
уредиВозач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Крис Фрум (ВБР) | Тим Скај | 125 |
2 | Џулио Чиконе (ИТА) | Бардијани-ЦСФ | 108 |
3 | Сајмон Јејтс (ВБР) | Мичелтон-Скот | 91 |
4 | Микел Ниеве (ШПА) | Мичелтон-Скот | 79 |
5 | Тибо Пино (ФРА) | Групама-ФДЖ | 70 |
6 | Ричард Карапас (ЕКВ) | Мовистар Тим | 65 |
7 | Том Димулен (ХОЛ) | Тим Санвеб | 49 |
8 | Естебан Чавес (КОЛ) | Мичелтон-Скот | 47 |
9 | Валерио Конти (ИТА) | ОАЕ Тим Емирати | 42 |
10 | Доменико Поцовиво (ИТА) | Бахреин-Мерида | 40 |
Пласман за млад возач
уредиВозач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Мигел Анхел Лопес (КОЛ) | Астана | 89ч 07' 36" |
2 | Ричард Карапас (ЕКВ) | Мовистар Тим | + 47" |
3 | Сам Омен (ХОЛ) | Тим Санвеб | + 9' 21" |
4 | Валерио Конти (ИТА) | ОАЕ Тим Емирати | + 1ч 18' 07" |
5 | Фаусто Маснада (ИТА) | Андрони Џокатоли-Сидермек | + 1ч 21' 16" |
6 | Феликс Гросшартнер (АВТ) | Бора-Хансгрое | + 1ч 23' 50" |
7 | Матеј Мохорич (СЛО) | Бахреин-Мерида | + 1ч 35' 21" |
8 | Максимилијан Шахман (ГЕР) | Квик-Степ Флорс | + 1ч 36' 39" |
9 | Џек Хејг (АВС) | Мичелтон-Скот | + 1ч 58' 09" |
10 | Џулио Чиконе (ИТА) | Бардијани-ЦСФ | + 2ч 03' 58" |
Победничка екипа
уредиЕкипа | Време | |
---|---|---|
1 | Тим Скај | 267ч 48' 47" |
2 | Астана | + 24' 58" |
3 | Бора-Хансгрое | + 43' 32" |
4 | Тим Санвеб | + 1ч 14' 35" |
5 | АГ2Р-Ла Мондијал | + 1ч 30' 32" |
6 | Мовистар Тим | + 1ч 39' 45" |
7 | Лото НЛ-Џамбо | + 1ч 47' 01" |
8 | Мичелтон-Скот | + 2ч 31' 52" |
9 | ОАЕ Тим Емирати | + 2ч 33' 27" |
10 | Групама-ФДЖ | + 2ч 34' 04" |
Помали пласмани
уредиБиле наградувани и неколку други помали пласмани. Првиот бил пласманот за средни спринтови. На секоја друмска етапа имало два спринта. Првите возачи кои ќе поминеле низ целта на средните спринтови добивале бодови; возачот со најмногу бодови на крајот на трката го освојува пласманот. Друг пласман — наградата за борбеност (италијански: Premio Combattività) — вклучувала бодови доделени на возачот на завршницата на етапата, на средните спринтови и на врвовите на категоризираните искачувања. Постоела и награда за бегство (италијански: Premio della Fuga). За ова, бодови биле доделувани на секој возач вклучен во било кое бегство помало од 10 возачи, кое се одвоило најмалку 5 километри. Секој возач добивал бод за секој поминат километар надвор од групата. Возачот со најмногу бодови на крајот на Џиро ја добивал наградата. Завршниот пласман е „фер плеј“ за секоја екипа. Екипите добивале казнени бодови за нарушување на различни правила. Се движеле од половина бод, за нарушувања на предупредувања од организаторите на трката, до 2.000 бода казна за позитивен допинг-тест. Екипата со најмалку бодови на крајот на Џиро го освојувала пласманот.
Наводи
уреди- ↑ „UCI announces 2018 road calendar“. Cycling News. Посетено на 20 октомври 2017.
- ↑ „2018 UCI WorldTour calendar unveiled“. Velon. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 20 октомври 2016.
- ↑ „Giro d'Italia 2018 will begin with Jerusalem individual time trial“. cyclingnews.com. Посетено на 18 септември 2017.
- ↑ „Giro 2018 Lotti omaggio Bartali“. www.gazzetta.it (италијански). Посетено на 7 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ Браун, Грегор (26 мај 2018). „'The closest comparison is with Coppi': Chris Froome's attack to win the Giro d'Italia was one for the history books“. Cycling Weekly. Посетено на 27 мај 2018.
- ↑ „Chris Froome wins Giro d'Italia in Rome to join cycling's exclusive club“. Guardian. 27 мај 2018. Посетено на 31 мај 2018.
- ↑ „Israel gears up to host prestigious Giro D'Italia cycling race opener in May“. Посетено на 10 мај 2018.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ „GCN's 2017 Giro d'Italia Preview Show“. Архивирано од изворникот на 2018-04-30. Посетено на 2018-05-15.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 Лора, Вајсло (13 мај 2008). „Разјаснети пласманите на Џиро д'Италија“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 август 2009.
- ↑ 11,0 11,1 „Giro revamps time bonus and points systems for 2014 edition“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 8 април 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 октомври 2015.
Надворешни врски
уреди„Џиро д’Италија 2018“ на Ризницата ? |
- Матична страница (англиски)
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Џиро д'Италија 2018“. ProCycling.