Даниел Мартинес

колумбиски велосипедист

Даниел Фелипе Мартинес (шпански: Daniel Felipe Martinez; р. 25 април 1996) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[1]

Даниел Мартинес
Мартинес на Париз-Ница 2019
Лични податоци
Цело имеДаниел Фелипе Мартинес Поведа
Роден25 април 1996(1996-04-25)(28 г.)
Соача,  Колумбија
Висина1,74 м
Маса63 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн-ИзиПост
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2015
2016–2017
2018-2020
Колумбија
Саутист-Венецуела
ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2020)

Етапни трки

Критериум ди Дофине (2020)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2019, 2020)
Последна промена
25 октомври 2020

За сезоната 2021, Мартинес ќе се приклучи на екипата Инеос Гренадиерс.[2]

Кариера

уреди

Колумбија (2015)

уреди

Мартинес ја напуштил Волта а Каталуња, негова прва трка во Светската турнеја. Завршил на 84. место на Трката околу Турција.

Саутист-Венецуела (2016-2017)

уреди

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016,[3] со што возел на својата прва голема трка. Завршил на 57. место на Џиро ди Ломбардија.

Учествувал повторно на Џиро д’Италија, но ја напуштил трката. На крајот на сезоната, завршил четврти на Трката околу Турција.

ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак (2018-2020)

уреди

Ја започнал сезоната на националното друмско првенство, каде завршил втор на хронометарот, зад Еган Бернал. Завршил петти на новата колумбиска трка, Колумбија Оро и Пас. Негов прв пласман меѓу првите десет во Европа бил на Волта а Каталуња, каде завршил на седмото место. Возел на белгиските класици по првпат во својата кариера, завршувајќи на 44. место на Флеш Валон и на 61. место на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Потоа возел на Тур де Романди и завршил на 12. место. Во јули 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[4] Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав на Вуелта а Еспања 2019.[5]

Достигнувања

уреди
2013
Панамерикански друмски јуниорски првенства
1.   Хронометар
2.   Друмска трка
2014
1.   Национално хронометарско јуниорско првенство
2015
1.   Планински пласман Рут ди Сид
8. Краен пласман Трка околу Јута
1.   Пласман за млад возач
2017
4. Краен пласман Трка околу Турција
1. Пласман за млад возач
7. Милано-Торино
9. Тре Вали Варезине
2018
2. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
5. Краен пласман Колумбија Оро и Пас
6. Краен пласман Класик Колорадо
1.   Пласман за млад возач
7. Краен пласман Волта а Каталуња
2019
1.   Панамерикански игри - хронометар
1.   Национално хронометарско првенство
1. Етапа 7 Париз-Ница
2. Краен пласман Трка околу Гуангси
3. Краен пласман Трка околу Колумбија
1. Етапа 1 (ТТТ)
2020
Национални првенства
1.   Хронометар
3. Друмска трка
1.   Краен пласман Критериум ди Дофине
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 13 Тур де Франс
2. Краен пласман Трка Колумбија
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 6

Распоред на резултати

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020
  Џиро 89 СО
  Тур 36 28
  Вуелта 41 СО
Распоред на резултатите на етапни трки
Етапна трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020
  Париз-Ница 18
  Тирено-Адријатико
  Волта а Каталуња СО 7 НСО
  Трка околу Баскија 20
  Тур де Романди 12 25
  Критериум ди Дофине 1
  Тур де Свис НСО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

уреди
  1. Bacon, Ellis (1 January 2020). „2020 Team Preview: EF Education First“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 January 2020.
  2. „Tom Pidcock and Richie Porte sign for Ineos Grenadiers for 2021“. BBC Sport. BBC. 25 September 2020. Посетено на 25 September 2020.
  3. „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats. Посетено на 6 мај 2016.
  4. „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 5 July 2017.
  5. „2019: 74th La Vuelta ciclista a España“. ProCyclingStats. Посетено на 23 August 2019.

Надворешни врски

уреди