Лоарски Крај
Лоарски Крај (француски: Pays de la Loire, француски изговор: [pɛ.i də la lwaʁ]) — еден од 27-те региони во Франција. Тој е еден од регионите создадени во доцниот 20 век за да му служи како зона на влијание на неговиот главен град, Нант, односно, еден од оние региони наречени ’’метрополи на баланс’’(métropoles d'équilibre) исто како Рона-Алпи, регион создаден заради градот Лион, и Југ-Пиринеи, создаден заради Тулуза.
Лоарски Крај Pays de la Loire | |||
---|---|---|---|
| |||
Земја | Франција | ||
Префектура | Нант | ||
Департмани | |||
Управа | |||
• Претседател | Жак Оксиет (PS (Социјалистичка партија)) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 32.082 км2 (12,387 ми2) | ||
Население (2015-01-01) | |||
• Вкупно | 3.718.512 | ||
• Густина | 120/км2 (300/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
NUTS | FR5 | ||
Мреж. место | paysdelaloire.fr |
Историја
уредиЛоарскиот Крај е создаден од следниве историски провинции:
- дел од Бретања, со нејзината стара престолнина Нант во департманот Лоара-Атлантик. Ова е само 20% од Бретања. Останатите 80% се дел од регионот Бретања
- Анжу: со департманот Мен и Лоара. Целата поранешна провинција Анжу денес се содржи во Лоарскиот Крај.
- Мен: денес поделена провинција на департманите Мајен и Сарт. Старата провинција Мен целосно се содржи во регионот.
- дел од Поату: се содржи во департманот Ванде. Поголемиот дел од старата провинција Поату денес се наоѓа во регионот Поату-Шаранта.
- дел од Перш: се наоѓа на североисток во департманот Сарт. Остатокот од Перш е во регионите Долна Нормандија и Центар-Долина на Лоара.
- мал дел од Турена: североисток во департманот Мен и Лоара. Поголемиот дел од Турена денес се наоѓа во регионот Центар-Долина на Лоара.
Оттука, името на регионот, избрано од страна на француската извршна власт, не се засновало на историјата, туку само на географски одредници: Pays (односно "земји") de la Loire (односно "на Лоара"). Сепак, поголемиот дел на познатите замоци по долината на Лоара се наоѓаат во регионот 'Центар-Долина на Лоара, а не во Лоарски крај.
Географија
уредиРегионот Лоарски Крај се протега на површина од 32.082 км2. Името го носи по реката Лоара која минува низ дв од неговите департмани пред да се влее во Атлантскиот Океан. Последните нејзини притоки го напојуваат регионот. Тоа се реките Лоар, Сарт и Мајен кои се здружуваат за да ја формираат реката Мен во Анже, реката Ердр, на север ; реката Туе и Нантска Севра на југ. Вкупно во регионот има 18.000 километри водни текови. Релљефот на регионот претежно е долина. Највисока точка е планината Авалоар (417 метри). Регионот го заплискува Атлантскиот Океан во должина од 368 километри и поседува два поголеми острова – островот Ноармутје и островот Ил д`Ие. Брегот е на некои места е марпест а некаде песоклив, особено кај устието на Лоара. Во однос на површината, регионот е петти по големина во Франција зад Југ-Пиринеи (1), Рона-Алпи (2), Аквитанија (3), Центар-Долина на Лоара (4)).
Демографија
уредиЖителите на Лоарски Крај се нарекуваат Лигеријци (Ligériens)[1]. На 1 јануари 2008, населението во Лоарски Крај броело 3.510.170 жители[2]. Населението е поконцентрирано околу седумте поголеми урбани зони со повеќе од 100.000 жители како : Нант, Анже, Ле Ман, Ла Рош-сир-Јон, Шоле, Сен-Назер и Лавал.
- Раст на населението прикажано по департпан:
Година | Население по департман | |||||
---|---|---|---|---|---|---|
Лоара-Атлантик департман | Мен и Лоара департман | Мајен департман | Сарт департман | Ванде департман | Вкупно во Лоарски Крај | |
1801 | 369,305 | 375,544 | 305,654 | 388,143 | 243,426 | 1,682,072 |
1851 | 535,664 | 516,197 | 374,566 | 473,071 | 383,734 | 2,283,232 |
1901 | 664,971 | 515,431 | 313,103 | 422,699 | 441,311 | 2,357,515 |
1921 | 649,691 | 475,485 | 397,292 | 2,174,150 | ||
1936 | 659,428 | 478,404 | 251,348 | 388,519 | 389,211 | 2,166,910 |
1946 | 665,064 | 393,787 | 2,224,163 | |||
1954 | 733,575 | 395,641 | 2,320,177 | |||
1962 | 803,372 | 535,122 | 250,030 | 443,019 | 408,928 | 2,440,471 |
1968 | 861,452 | 585,563 | 252,762 | 461,839 | 421,250 | 2,582,866 |
1975 | 934,499 | 629,849 | 261,789 | 490,385 | 450,641 | 2,767,163 |
1982 | 995,498 | 675,321 | 271,784 | 504,768 | 483,027 | 2,930,398 |
1990 | 1,050,539 | 704,668 | 277,748 | 513,280 | 508,962 | 3,055,197 |
2005 | 1,208,761 | 754,997 | 297,854 | 551,971 | 587,162 | 3,400,745 |
Стопанство
уредиВо поглед на население и бруто-домашниот производ, регионот е на 5то место во Франција. Економијата е значајна во земјоделско-прехранбената индустрија (на 3-то место во Франција) со своите 51 % во производството на месо, 19 % млеко, 20% жита. Земјоделството зазема 67 % од територијата. Лоарски Крај е на прво место во Франција по производство на говедско месо а на второ по производство на млеко, компир, пилешко и свинско месо.
Знаменитости
уреди- Национален оркестар на Лоарски Крај е значаен елемент за културата на Лоарски Крај. Со над двесте концерти годиншно, собира близу 200.000 гледачи годишно.
- Фестивалот на класична музика La Folle Journée во Нант обично кон крајот на јануари.
- Пи ди Фу по дневна посетеност е втор француски забавен парк.
- Вал де Лоар, како дел од светското културно наследство на УНЕСКО, делумно се содржи во регионот Лоарски Крај. Замоците на Лоара кои се наоѓаат во регионот се замоците Монтреј-Беле, Замок, Сомир, Брисак, замокот Ле Лид, Божески замок, замокот Серан, Анжерски замок и замокот Плеси-Буре.
- Манска катедрала, замокот на војводите од Бретања во Нант.
- Средновековниот град Геранд
- Замокот Клисон
- Анжерска апокалипса сместена во галериите на замокот во Анже.
Наводи
уреди- ↑ Со значење «Лоарци», согласно латинското име на реката: Liger .
- ↑ INSEE - Estimation de population au 1er janvier, par région, sexe et grande classe d'âge Предлошка:Xls
Надворешни врски
уреди„Лоарски Крај“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на Лоарски Крај
- Лоарски Крај - Туризам Архивирано на 19 декември 2018 г.
- Туризмот во Западна Франција
- Nantes Tourist Office Архивирано на 14 јуни 2010 г.
- Туристички водич за Лоарски Крај
- Туристичко биро Ле Ман