Лорјан (француски: Lorient) (бретонски: An Oriant) – град и пристаниште во департманот Морбијан, во регионот Бретања на северозапад на Франција.

Лорјан
Lorient
An Oriant
Пристаништето на Лорјан од птичја перспектива
Пристаништето на Лорјан од птичја перспектива
Грб на {{{official_name}}}
Лорјан is located in Франција
Лорјан
Местоположба во регионот Бретања
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Bretagne" does not exist|270px|Лорјан во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Bretagne" does not exist]]
Координати: 47°45′N 3°22′W / 47.75° СГШ; 3.36° ЗГД / 47.75; -3.36
ЗемјаФранција
РегионБретања
ДепартманМорбијан
ОкругЛорјан
Управа
 • Градоначалник (2014–2020) Норбер Метери
Површина117,48 км2 (6,75 ми2)
Население (2007)258.135
 • Густина3,300/км2 (8,600/ми2)
INSEE/Пошт. бр.56121 / 56100
Надм. висина0 м )
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Географија

уреди

Лорјан е административен центар на округ на департманот Морбијан. Сместен е на устието на реките Блаве и Скорф во пристаништето Лорјан и потоа во Атлантскиот Океан. Градот се наоѓа на 503 км југозападно од Париз, 153 км југозападно од Рен и 158 км западно од Нант.

Клима

уреди

Местото се одликува со океанска клима која е блага во зима и релативно умерена во лето. Ретки се деновите со температура под нула во зима и деновите со температура на 30 степени Целзиусови во летната сезона. Најниската температура е забележана на 20 јануари 1963 година, -13,1 °C, а највисоката на 10 август 2003 година, +37,5 °C. Врнежите се обилни во текот на целата година (750-850 мм), а најобилни се во текот на декември и јануари. Годишната инсолација е поголема од 1.870 часа.

Историја

уреди

Предисторија и антика

уреди

Мегалитска архитектура која датира од 3000 г.п.н.е. сведочи за постоење на населби во подрачјето на Лорјан. Остатоци од римски патишта кои го поврзувале Ван со Кемпер и Пор Луј со Каре го потврдуваат гало-римското присуство.

Основање

уреди
 
Лорјан во 18 век

Во 1664 година, Жан-Батист Колбер ја основал „Францускaта источноиндиска компанија“]].[1]. Во јуни 1666 година Луј XIV на компанијата ѝ го доделил земјиштето на Пор Луј (Морбијан), како и од спротивната страна. Еден од нејзините директори, Дени Ланглоа, го купил земјиштето на устието на реките Скорф и Блаве и изградил бродска рампа. Најпрво истата служела како подружница на Пор Луј каде биле сместени канцелариите и магацините.[2] Следните години работата готово била напуштена, но во 1675 година, за време на Француско-холандската војна, Француската источноиндиска компанија ја напуштила својата база во Авр бидејќи била премногу изложена за време на војната и ги пренела своите инфраструктури во Ланкло, а како резултат на тоа Лорјан пораснал. Компанијата изградила црква, работилници, ковачници и канцеларии и го напуштила Пор Луј засекогаш.[3]

Во 1690 година, Француската морнарица тука воспоставила база.

Во 1702 година во Лорјан имало околу 6 000 жители иако активностите опаднале и градот почнал да се намалува.[4]

Раст за време на компанијата

уреди
 
Ланкло на крајот на 18 век

Градот доживеал период на раст кога Џон Ло ја основал Мисисипи Компани припојувајќи други компании (вклучувајќи ја Француската источноиндиска компанија), и го избрал Лорјан како нејзин оперативен центар. Тој бил и дел од Атлантската триаголна трговија со робје. Од 1720 до 1790 година 156 брода пренеле околу 43.000 робови. .[5] Во 1732 година, компанијата решила да ја пресели својата дирекција од Нант во Лорјан и за тоа го ангажирала архитектот Жак Габрел да изгради нови згради.

До затворањето на компанијата, градот бил просперитетен. Во 1738 година, имал 14 000 жители, односно 20 000 со околните села кои денес влегуваат во границите на градот. Во 1735 година, биле изградени нови улици, а во 1738 година добил статус на град. Подоцна улиците биле калдрмисани, биле изградени камени куќи според класичната архитектура од 18 век.

Во 1769 година, градот станал поморска база на Француската кралска морнарица кога Луј XV ја купил инфраструктурата на компанијата. Од 1775 година, заради Американската револуционерна војна имало зголемување на активностите. После војната, трансатлантски линии се отвориле во САД, и во 1785 година, нова трговска компанија почнала да работи со истите цели како претходните ентитети, односно водење трговија со Индија и Кина, со Лорјан како оперативна база.[6].

Француската револуција и Наполеоновите војни ја прекинуваат трговијата скоро две декади.[7]

19 век до почетокот на 20 век

уреди
 
Пристаништето во Лорјан, слика од Берт Моризо, 1869 година.
 
Текот на Бов (1907)

Морските активности спласнале на почетокот на 19 век и овој стагнирање ќе трае сè до Јулската Монархија. Во овој период градот делувал како административен центар.[8] The first secondary school opened in 1822, a lazaretto in 1823, and barracks in 1839.[9].

Градот почнал да се модернизира во вториот квартал од векот: во 1825 година на бродоградилиштата им биле додадени покриена рампа и „сув док“.[8] Конзервна фабрика за сардини[10] се отворила истата година. Првите фабрики на гас биле изградени во 1845 година.[11]

Во вториот квартал од 19 век градот почнува да се модернизира, а во втората половина парната машина им овозможила на пристаништата понатамошно јакнење.[9] Првата локомотива во градот стигнал во 1865 година.[10]

Клима

уреди

Според Кепеновата класификација на климите, Лорјан има океанска клима со меки зими и ладни до топли лета. Врнежите се распределени во текот на годината. Мразевите се ретки во зими, како и деновите со температури преку 30 °C во лето.

Население

уреди

Во 2009 година, Лорјан имал 57.812 жители.[12] In 2008, its intercommunality had 191,716 inhabitants.[13]. Лорјан е најнаселената општина во департманот Морбијан, а префектурата е малку помала од Ван.

Жителите на Лорјан се викаат „лорјанци“.

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1793 22.318—    
1800 17.837−20.1%
1806 20.553+15.2%
1821 17.115−16.7%
1831 18.322+7.1%
1841 23.621+28.9%
1851 25.694+8.8%
1861 35.462+38.0%
1872 34.660−2.3%
1881 37.812+9.1%
1891 42.116+11.4%
1901 44.640+6.0%
1911 49.039+9.9%
1921 46.314−5.6%
1931 42.853−7.5%
1946 11.838−72.4%
1954 47.095+297.8%
1968 66.444+41.1%
1975 69.769+5.0%
1982 62.554−10.3%
1990 59.271−5.2%
1999 59.189−0.1%
2009 57.812−2.3%
Sources: until 1962,[14] from 1968[15]

Бретонски јазик

уреди

Општината на 25 јануари 2007 година вовела план за промоција на бретонскиот јазик.

Во 2008 година, 2,71% од децата во примарното образование посетувале двојазична настава.[16]

Стопанство

уреди
 
Изградбата на француската фрегата Форбин во бродоградилиштето DCNS во 2006 година
 
Истовар на соја во пристаништето Кергроаз

Пристаништа

уреди

Лорјан е познат како „градот со пет пристаништа“ (воено, риболовно, трговско, патничко и јахтино).[17] Во 2010 година секторот вработувал 9.600 лица и претставувал 12% од вкупното вработување.[18]

Индустрија

уреди

Од неговото основање, бродоградбата секогаш претставувала огромен интерес за градот. Компанијата DCNS ја продолжува традицијата на поранешната државна компанија „Арсенал“ која почнала со работа во 1690 година.


Наводи

уреди
  1. Chaumeil, Louis (1939). Abrégé d'histoire de Lorient de la fondation (1666) à nos jours (1939) (француски). стр. 66.
  2. Chaumeil, Louis (1939). Abrégé d'histoire de Lorient de la fondation (1666) à nos jours (1939) (француски). стр. 67.
  3. Chaumeil, Louis (1939). Abrégé d'histoire de Lorient de la fondation (1666) à nos jours (1939) (француски). стр. 68.
  4. Chaumeil, Louis (1939). Abrégé d'histoire de Lorient de la fondation (1666) à nos jours (1939) (француски). стр. 69.
  5. René Estienne, « Les archives des compagnies commerciales et la traite : l’exemple de la Compagnie des Indes », Service historique de la Défense, Lorient, janvier 2009
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Chaumeil P74.
  7. Chaumeil, Louis (1939). Abrégé d'histoire de Lorient de la fondation (1666) à nos jours (1939) (француски). стр. 75.
  8. 8,0 8,1 Chaumeil, Louis (1939). Abrégé d'histoire de Lorient de la fondation (1666) à nos jours (1939) (француски). стр. 76.
  9. 9,0 9,1 Chaumeil, Louis (1939). Abrégé d'histoire de Lorient de la fondation (1666) à nos jours (1939) (француски). стр. 77.
  10. 10,0 10,1 Chaumeil, Louis (1939). Abrégé d'histoire de Lorient de la fondation (1666) à nos jours (1939) (француски). стр. 80.
  11. Chaumeil, Louis (1939). Abrégé d'histoire de Lorient de la fondation (1666) à nos jours (1939) (француски). стр. 79.
  12. „INSEE“.[мртва врска]
  13. „Lorient Agglo“.
  14. „EHESS“.
  15. „INSEE - Statistiques locales“ (PDF).[мртва врска]
  16. (француски) Ofis ar Brezhoneg: Enseignement bilingue
  17. „Lorient-ports“. Архивирано од изворникот на 2013-10-09.
  18. Josse, Charles (25 March 2011). Ouest-France http://www.ouest-france.fr/actu/actuLocale_-a-Lorient-le-maritime-pese-12-000-emplois-_40875-1739514------56121-aud_actu.Htm. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

уреди