Награда „Св. Климент Охридски“
Св. Климент Охридски — највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Државната награда под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за остварување од јавен интерес за Република Македонија.
На награден поединец му се доделува: диплома и паричен износ.
На секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ.
На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.
Паричниот износ на државната награда „Св. Климент Охридски” изнесува десет просечни месечни плати во исплатени во последните три месеци во тековната година.
Државната награда „Св. Климент Охридски” се доделува, по правило, секоја година. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди. Се доделува на 8 декември - денот на Св. Климент Охридски.
Добитници
уреди- 2001: Михајло Георгиевски
- 2008: Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура од Скопје и Агим Рушити (воспитание и образование), проф. д-р Вера Битракова-Грозданова и Миле Бошески (култура и уметност) и проф. д-р Самуел Садикарио (здравство)[3]
- 2009: Елена Колева и Рамиз Абдули (воспитание и образование), Коста Балабанов и Бранко Цветкоски (култура), д-р Лазар Лазаров (здравство)[4]
- 2010: проф. д-р Елица Манева (образование), проф. д-р Тодор К. Стојчевски (здравство), академик Томе Серафимовски, Санде Стојчевски и Петар Темелковски (култура)[5]
- 2011: проф. д-р Драги Митревски(образование), академикот Луан Старова и м-р Никола Фиданоски(култура)[6]
- 2012: Бранко Ѓорчев (култура), Ѓорги Павловски (образование), Прим.д-р Ѓорѓи Гоцев и Антонио Георгиев (здравство)</ref>
- 2013: Александра Мијалкова (култура), д-р Никола Јанкуловски и примариус д-р Коте Тасевски (здравство), м-р Аџи Фида (образование)[7]
- 2014: д-р Амет Шериф и проф. д-р Велимир Стојковски (образование), академик Цветан Грозданов(култура)[8]
- 2015: проф. д-р Горан Ајдински и проф. Ратомир Гроздановски (воспитание и образование) , Раде Силјан (Култура) , Аспазија Софијанова (здравство)[9]
- 2016: проф. д-р Марко Китевски (воспитание и образование), проф. д-р Гордана Јосифова–Неделковска, проф. м-р Жарко Башески, Весна Стојчевска и Лилјана Мазова (култура и уметност), Аспазија Софијанова (здравство)[10]
- 2017: Венко Андоновски и Наим Алими (воспитание и образование) и Гарабет Тавитјан, Јордан Плевнеш и Илинденка Петрушева (култура и уметност)[11]
- 2018:Кимет Агаи и Аднан Агаи (воспитание и образование), Владимир Милчин, Емилија Стаменковиќ-Џипунова и Томислав Османли (култура и уметност) и Борислав Каранфилски (здравство);[12]
- 2019:Агим Пољоска (воспитание и образование), Димитар Башевски, Весна Ѓиновска-Илкова и Виолета Томовска (култура и уметност) и Дејан Докиќ (здравство);[13]
- 2020: Наградата не е доделена[14]
- 2021: Ѓулумсер Касапи (воспитание и образование), Јован Павловски, Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева (култура и уметност)[15]
- 2022: Африм Османи (воспитание и образование), Влада Урошевиќ, и Исмет Рамиќевиќ (култура и уметност) и Сашко Јовев (здравство)[16]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „ДРЖАВНА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" (8 декември)“. Министерство за култура. Посетено на 26 ноември 2021.
- ↑ „КОНКУРС за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски " во 2019 г.“ (PDF). Министерство за култура. Посетено на 26 ноември 2021.
- ↑ „Соопштени добитниците на „Св. Климент Охридски"“. Утрински. 29 ноември 2008. Посетено на 30 јануари 2022.
- ↑ http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12991036173&id=9&setIzdanie=21857[мртва врска]
- ↑ http://www.kirilica.com.mk/vest2010.asp?id=60717[мртва врска]
- ↑ http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=1437[мртва врска]
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-12-11. Посетено на 2015-02-21.
- ↑ http://www.sobranie.mk/2014-df8a0d5a-b100-4c8d-80c9-6c601f98589c-ns_article-dodeluvanje-na-drzavnata-nagrada-sv-kliment-ohridski.nspx
- ↑ http://kurir.mk/makedonija/vesti/222434-Ova-se-dobitnicite-na-nagradata-SvKliment-Ohridski-za-2015[мртва врска]
- ↑ Жарко Башески меѓу добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
- ↑ Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“ за 2017[мртва врска]
- ↑ Државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе се додели утре
- ↑ Ова се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“[мртва врска]
- ↑ Стефанова, Нина (8 декември 2020). „Заради застојот во Собранието – наградата "Свети Климент Охридски" не се додели“. Телма. Посетено на 12 декември 2020.
- ↑ „Награда „Св. Климент Охридски" за Ѓулумсер Касапи, Јован Павловски, Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева“. Факултети. 1 декември 2021. Посетено на 8 декември 2021.
- ↑ „Доделени државните награди „Св. Климент Охридски" за 2022 година“. Факултети. 8 декември 2022. Посетено на 8 декември 2022.