Вештица (роман)

„Вештица“ е роман на македонскиот писател Венко Андоновски, првично објавен во 2006 година од издавачката куќа Култура.[1]

СодржинаУреди

Романот Вештица е создаден во 60 поглавја, со тоа што почнува од 0, а завршува со епилог. Ова е дело кое преплетува различни времиња, различни техники, судир на погледи, на светови и една сосема едноставна, но исклучително длабока нишка на вечното, љубов посилна од оган, од камен, од времето. Станува ли збор за една љубов што низ векови се пренесува и возобновува, или за две (повеќе) огнени романси кои се појавуваат циклично и потсетуваат на неуништивоста на вистинската љубов, му останува на читателот, самиот да долови, да пресуди и да реши. Андоновски во романот Вештица, таква можност дозволува со поднаслов Роман во сирова состојба.

Дејствието на романот се случува во Хрватска, во 17 век, кога под темно око на Римокатоличкото свештенство со невидена леснотија жените биле прогласувани за вештерки и според тогашните судски правила по голгота претрпена од иследниците, биле јавно спалувани на клада.

Роман Вештица испреплетува две приказви за Јована; девојка од Македонија, од Охридско, за Јована која игра на судбината ја носи во Хрватска, каде живее во договорен брак со човекот кој не допира до нејзината сенѕуалност, па потикнат од сопствена пакост и љубомора ја предава во рацете на прогонувачи на вештерките, кои во појавата на прекрасната млада жена ги будат најниските страсти и во име на прогонот на блудници кои општат со ѓаволот; и друга за Јована, девојка во Македонија во времето блиско на создавање на романот, девојка пренесена, пресликана или реинкарнирана од онаа доба во олицетворение на стасна, сензуална, огнена љубов на романо-нароторот.

Двата заплети, двете Јовани низ многуте премрежја, возбудливи настани, слики и решавање на загатки нурнуваат во оган, оган на љубов, оган на живот, оган како прапочеток и поместување во времето.

Јована, Јохана Грацијанчиќ копнее за својот оган, своето воскревање и себепронаиѓање ќе го реализира со помош на Падре Бенџамин, свештеникот кој е со поинакви погледи од своето време, од своите современици, со поинакви чувства, човекот кој во неа ќе ја осознаее љубовната слила пожешка од огнот.

Јована, вевчанка, од вториот тек на романот во себе го носи огнот, како од онаа клада среде плоштадот во Загреб, директно душата да и влетала во црвеноккосата девојка што ќе ги помести мислите, тековите будејќи го писателот од секојдневната „сеедност“, отворајќи го романот за разбивање на стереотипи и вообичаени погледи, сè до потполно сплотување, препознавање на себе во оние други од минатото.

ЛиковиУреди

Јована, Јохана Грацијанчиќ, е лик на млада Вевчанка која се чувствува загубено и осамено во Дубровник, својата трагична судбина ја носи уште од родниот крај каде силниците (силниците се одентични секаде) ја фрлаат во невешти, но насилнички раце на Џеладин-бег кој не можеејќи да се израмни со сила на нејзиниот темперамент и мудроста ја предава во рацете на Флоријан Грацијанчиќ, дубровечки трговец кој ја зема за сопруга. Црвенокосата Јована дубровечките шепотливи плоштади ја препознаваат како „бисер од Македонија“, но нејзиниот сопруг, освен гордооста со нејзината убавина, става и углед кај сограѓаните, останува со студена постела, неладарен, неумешен да ја распламти, да ја разбуди искрата во нејзиното огнено битие. Од таа студена постела, од таа немоќ, Јована е обвинета за вештерство, а нејзината судбина е префрлеена во сирови, жедни копнежи на градскиот инквизитор, но појавувањето на Падре Бенџамин ќе го отвори, расветли чудесниот лик на Јована, бујна, чиста, огнена, раскошна природа на жена која е предодредена да стане вечност.

Падре Бенџамин, римокатолички свештеник, близок соработник и пријател на Џордано Бруно, податок кој сам по себе зборува за негов светопоглед во време на тој страотен родов геноцид на машката црква, против женската слобода и убавина. Свештеник кој ќе ја погази заклетвата кон бога од огнените чувства на љубовта кон вевчанската мудрица, убавица. Тој потекнува од Хрватска, од крајот во кој ја носат веќе осудената Јована, во самиот центар на инквизициони дејанија, самиот никако не се помирува со времето и судот кои му се страни бидејќи неговите очи се птворени и будни, а кон верата гледа со поглед на светлина и надеж, а не темнина и страв. Младата Јована и неправдата, зло со кое се судира кај него ги будат најсилните чувства поради кои ја ослободува младата Вевчанка водејќи је куситрајна слобода, исполнета со љубов и светлина, што нивните неколку дена наликуваат на полна вечност. Таа љубов, таа моќ на внатрешната исполнетост е толку силна што Падре Бенџамин, на крајот на романот и самиот тргнува во истиот оган во кој е неговата љубов, повлекувајќи го со себе и олицетворение на злото - инквизиторот.

За романотУреди

Романот „Вештица“ е преведен на француски, руски и српски јазик. За француското издание на романот, Милан Кундера, откако го споредил Андоновски со Херман Брох и со Карлос Фуентес, напишал: „Вештица е голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Но, доста. Не сакам да ви го раскажувам овој роман што и не може да се раскаже. Ве молам, прочитајте го. Со љубовта која ја заслужува.“[2]

НаводиУреди

  1. Венко Андоновски, Вештица. Скопје: Култура, 2006.
  2. Венко Андоновски, Папокот на светот. Скопје: Три, 2019, стр. 343.