Ќерката на математичарот/33,33

Ќерката на математичарот/33,33роман на македонскито писател Венко Андоновски, објавен во 2013 година од страна на издавачката куќа „Табернакул“.

Ќерката на математичарот/33,33

Содржина

уреди

Романот „Ќерката на математичарот/33,33“ се состои од две книги, ставени една во друга, т.е. од едната книга (Ќерката на математичарот) се одвојува помалата книга (33,33). Во Ќерката на математичарот се сретнуваат бројни жанрови: детективски трилер, сатанистички хорор, љубовна новела, мистична приказна, транзициски роман итн. Притоа, во приказната се сретнуваат повеќето главни ликови од претходните дела на Андоновски. Во тој поглед, авторот користи бројни алатки, својствени за постмодерната литературна постапка, како: мешање на жанровите, нарушување на илузијата на раскажувањето, техники на објаснување на своите раскажувачки измислици, замаглени авторства, говор по смртта, сцени надвор од реалното итн. Помалата книга 33,33 претставува новела или прозна поема посветена на Тоше Проески, иако тој не се споменува отворено, туку тој е претставен преку името Тео. Притоа, Андоновски се послужува со книжевната форма хагиографија и користи архаизиран библиско-теософски параболичен говор.[1]

Наводи

уреди
  1. Роберт Алаѓозовски, „Две во едно“, Економија и бизнис, година 17, број 187, јануари 2014, стр. 84-85.