Превртено (филм)

филм

Превртено — македонски игран филм во режија на Игор Иванов Изи,[1] по сценарио на Венко Андоновски и Игор Иванов Изи,[1] според вториот дел од романот „Папокот на светот“ од Венко Андоновски.

„Превртено“
Плакатот на филмот
РежисерИгор Иванов Изи
Главни улогиГоце Тодоровски
Јовица Михајловски
Милан Тоциновски
Петар Мирчевски
Сања Трајковиќ
Славиша Кајевски
Никола Ристановски
Јордан Симонов
Никола Ристановски
Инес Бојаниќ
СтудиоСектор филм Скопје
Премиера2007
Времетраење120 минути
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Филмот е во продукција на Сектор филм Скопје,[1] Меинфрејм продукција Загреб и Синеарс Белград. Продуценти на филмот се Владимир Анастасов и Игор А. Нола, кинематографер е Томи Салковски, а музиката ја потпишува Зоран Спасовски. Во филмот се користат и песни од легендарната скопска панк група Бадмингтонс. Во филмот учествуваат: Гоце Тодоровски, Јовица Михајловски, Петар Мирчевски, Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Јордан Симонов, Инес Бојаниќ, Марија Кондовска, Наџи Шабан и Ѓорѓи Јолевски.[1] Превртено бил премиерно прикажан на фестивалот во Карлови Вари во 2007 година.

Наводи

уреди