Википедија:Именување на држави и изведени придавки

(Пренасочено од ВП:ИМЕДРЖ)
Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ИМЕДРЖ
ВП:ДРЖАВИ
ВП:Држави

Правилникот за именување држави и изведени придавки е создаден да им помогне на корисниците во правилната употреба на имињата на државите. Исто така, правилникот ги посочува точните придавки изведени од државите како и правилник за именување статии поврзани со државите.

Кога предавате (транскрибирате) поединечни странски поими на македонски јазик, водете се по Правилникот за транскрипција на странските јазици.

Именување на статии, категории и предлошки

уреди

Статиите треба да се именуваат со целосни описни имиња. Така на пример, прифатливи се насловите „Економија на Танзанија“, „Политика на Египет“ или „Демографија на Македонија“, а не „Танзаниска економија“, „Египетска политика“ или „Македонска демографија“.

Треба да се прави разлика меѓу придавка за држава и придавка за етничка група или народ. Придавките за држава не се користат за народ, и обратно.

Список на држави и придавки

уреди

Во следната табела се наведени имињата на државите кои треба да се користат како наслови, потоа целосните имиња на државите, придавките за државите и целосните описни имиња кои се користат за статии поврзани со државите. Покрај овие, во табелата се наведени и придавки за националноста или народот.

Напомена: Имињата на државите кои се описни (освен ако пред името стои географска или општествена одредница) или се во множина се користат со член. Другите имиња на држави се користат без членот.
име на држава официјално име придавка за држава продавка за националност[1] пример за описно име
Абхазија Република Абхазија апхаски Апхаз, Апхаска, Абхази Знаме на Абхазија
Авганистан Исламска Република Авганистан авганистански Авган, Авганка, Авгани
Авганистанец, Авганистанка, Авганистанци[2]
Знаме на Авганистан
Австрија Република Австрија австриски Австриец, Австријка, Австријци Знаме на Австрија
Албанија Република Албанија албански Албанец, Албанка, Албанци Знаме на Албанија
Алжир Демократска Народна Република Алжир алжирски Алжирец, Алжирка, Алжирци Знаме на Алжир
Андора Кнежевство Андора андорски Андорец, Андорка, Андорци Знаме на Андора
Ангола Република Ангола анголски Анголец, Анголка, Анголци Знаме на Ангола
Антигва и Барбуда Антигва и Барбуда антигвански / барбуѓански Антигванец, Антигванка, Антигванци
Барбуѓанец, Барбуѓанка, Барбуѓани
Знаме на Антигва и Барбуда
Аргентина Аргентинска Република аргентински Аргентинец, Аргентинка, Аргентинци Знаме на Аргентина
Азербејџан Република Азербејџан азербејџански Азер, Азерка, Азери
Азербејџанец, Азербејџанка, Азербејџанци
Знаме на Азербејџан
Австралија Државна Заедница Австралија австралиски Австралиец, Австралијка, Австралијци Знаме на Австралија
Бахами Државна Заедница на Бахамите бахамски Бахамец, Бахамка, Бахамци Знаме на Бахамите
Бахреин Кралство Бахреин бахреински Бахреинец, Бахреинка, Бахреинци Знаме на Бахреин
Бангладеш Народна Република Бангладеш бангладешки Бангладешанец, Бангладешанка, Бангладешани Знаме на Бангладеш
Барбадос Барбадос барбадошки Барбадошанец, Барбадошанка, Барбадошани Знаме на Барбадос
Белгија Кралство Белгија белгиски Белгиец, Белгијка, Белгијци Знаме на Белгија
Белиз Белиз белиски Белизц, Белизјка, Белизјци Знаме на Белиз
Белорусија Република Белорусија белоруски Белорусин, Белорусинка, Белоруси Знаме на Белорусија
Бенин Република Бенин бенински Бенинец, Бенинка, Бенинци Знаме на Бенин
Бутан Кралство Бутан бутански Бутанец, Бутанка, Бутанци Знаме на Бутан
Боливија Повеќенационална држава Боливија боливиски Боливиец, Боливијка, Боливијци Знаме на Боливија
Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина босански / херцеговски Босанец, Босанка, Босанци
Херцеговец, Херцеговка, Херцеговци[3]
Знаме на Босна и Херцеговина
Боцвана Република Боцвана боцвански Боцванец, Боцванка, Боцванци Знаме на Боцвана
Бразил Федерална Република Бразил бразилски Бразилец, Бразилка, Бразилци Знаме на Бразил
Брунеј Брунеј Дарусалам брунејски Бринеец, Брунејка, Брунејци Знаме на Брунеј
Бугарија Република Бугарија бугарски Бугарин, Бугарка, Бугари Знаме на Бугарија
Буркина Фасо Буркина Фасо буркински Буркинец, Буркинка, Буркинци Знаме на Буркина Фасо
Бурунди Република Бурунди бурундски Бурунѓанец, Бурунѓанка, Бурунѓани Знаме на Бурунди
Брег на Слоновата Коска Република Кот Дивоар котивоарски[4] Котивоарец, Котивоарка, Котивоарци[5] Знаме на Брегот на Слоновата Коска
Вануату Република Вануату вануатски Вануаќанец, Вануаќанка, Вануаќани Знаме на Вануату
Ватикан Држава Ватикан ватикански Ватиканец, Ватиканка, Ватиканци[6] Знаме на Ватикан
Венецуела Боливарска Република Венецуела венецуелски Венецуелец, Венецуелка, Венецуелци Знаме на Венецуела
Виетнам Социјалистичка Република Виетнам виетнамски Виетнамец, Виетнамка, Виетнамци Знаме на Виетнам
Германија Сојузна Република Германија германски Германец, Германка, Германци Знаме на Германија
Габон Габонска Република габонски Габонец, Габонка, Габонци Знаме на Габон
Гамбија Република Гамбија гамбиски Гамбиец, Гамбијка, Гамбијци Знаме на Гамбија
Грузија Грузија грузиски Грузиец, Грузијка, Грузијци Знаме на Грузија
Гана Република Гана гански Ганец, Ганка, Ганци Знаме на Гана
Гренада Гренада гренадски Гренаѓанец, Гренаѓанка, Гренаѓани Знаме на Гренада
Грција Грчка Република[7] грчки Грк, Гркинка, Грци Знаме на Грција
Гватемала Република Гватемала гватемалски Гватемалец, Гватемалка, Гватемалци Знаме на Гватемала
Гвинеја Република Гвинеја гвинејски Гвинеец, Гвинејка, Гвинејци Знаме на Гвинеја
Гвинеја-Бисао Република Гвинеја Бисао гвинејски, гвинеобисајски Гвинеец, Гвинејка, Гвинејци / Гвинеобисаец, Гвинеобисајка, Гвинеобисајци Знаме на Гвинеја-Бисао
Гвајана Кооперативна Република Гвајана гвајански Гвајанец, Гвајанка, Гвајанци Знаме на Гвајана
Данска Кралство Данска дански Данец, Данкинка, Данци Знаме на Данска
Доминика Државна Заедница Доминика доминички Доминиќанец, Доминиќанка, Доминиќани Знаме на Доминика
Доминиканска Република Доминиканска Република доминикански Доминиканец, Доминиканка, Доминиканци Знаме на Доминиканската Република
Египет Арапска Република Египет египетски Египќанец, Египќанка, Египќани Знаме на Египет
Екваторска Гвинеја Екваторска Гвинеја екватогвинејски Екватогвинеец, Екватогвинејка, Екватогвинејци Знаме на Екваторска Гвинеја
Ерменија Република Ерменија ерменски Ерменец, Ерменка, Ерменци Знаме на Ерменија
Етиопија Демократска Сојузна Република Етиопија етиопски Етиопјанец, Етиопјанка, Етиопјани Знаме на Етиопија
Еквадор Република Еквадор еквадорски Еквадорец, Еквадорка, Еквадорци Знаме на Еквадор
Ел Салвадор Република Ел Салвадор салвадорски Салвадорец, Салвадорка, Салвадорци Знаме на Ел Салвадор
Еритреја Држава Еритреја еритрејски Еритреец, Еритрејка, Еритрејци Знаме на Еритреја
Естонија Република Естонија естонски Естонец, Естонка, Естонци Знаме на Естонија
Замбија Република Замбија замбиски Замбиец, Замбијка, Замбијци Знаме на Замбија
Зелен 'Рт Република Зелен 'Рт / Зелено'ртска Република зелено'ртски Зелено'рќанец, Зелено'рќанка, Зелено'рќани Знаме на Зелениот 'Рт
Зимбабве Република Зимбабве зимбабвејски Зимбабвеец, Зимбабвејка, Зимбабвејци Знаме на Зимбабве
Западна Сахара Демократска Арапска Република Сахара западносахарски Западносахарец, Западносахарка, Западносахарци Знаме на Западна Сахара
Индија Република Индија индиски Индиец, Индијка, Индијци Знаме на Индија
Индонезија Република Индонезија индонезиски Индонезиец, Индонезијка, Индонезијци Знаме на Индонезија
Ирак Република Ирак ирачки Ирачанец, Ирачанка, Ирачани Знаме на Ирак
Иран Исламска Република Иран ирански Иранец, Иранка, Иранци Знаме на Иран
Ирска Ирска ирски Ирец, Ирка, Ирци Знаме на Ирска
Исланд Република Исланд исландски Исланѓанец, Исланѓанка, Исланѓани Знаме на Исланд
Израел Држава Израел израелски Израелец, Израелка, Израелци Знаме на Израел
Источен Тимор Демократска Република Источен Тимор источнотиморски Источнотиморец, Источнотиморка, Источнотиморка Знаме на Источен Тимор
Италија Италијанска Република италијански Италијанец, Италијанка, Италијанци Знаме на Италија
Јамајка Јамајка јамајски Јамајчанец, Јамајчанка, Јамајчани Знаме на Јамајка
Јапонија Јапонија јапонски Јапонец, Јапонка, Јапонци Знаме на Јапонија
Јемен Република Јемен јеменски Јеменец, Јеменка, Јеменци Знаме на Јемен
Јордан Хашемитско Кралство Јордан јордански Јорданец, Јорданка, Јорданци Знаме на Јордан
Јужен Судан Република Јужен Судан јужносудански Јужносуданец, Јужносуданка, Јужносуданци Знаме на Јужен Судан
Јужна Осетија Јужна Осетија јужноосетски Осетиец, Осетијка, Осетијци Знаме на Јужна Осетија
Јужноафриканска Република Јужноафриканска Република јужноафрикански Јужноафриканец, Јужноафриканка, Јужноафриканци Знаме на Јужноафриканската Република
Република Кина (Тајван) Република Кина тајвански
кинески[8]
Тајванец, Тајванка, Тајванци
Кинез, Кинеска, Кинези[9]
Знаме на Република Кина
Народна Република Кина Народна Република Кина кинески Кинез, Кинеска, Кинези Знаме на Народна Република Кина
Кукови Острови Кукови Острови куковоостровски Куковоостровец, Куковоостровка, Куковоостровци Знаме на Куковите Острови
Костарика Република Костарика костарикански Костариканец, Костариканка, Костариканци Знаме на Костарика
Камбоџа Кралство Камбоџа камбоџански Камбоџанец, Камбоџанка, Камбоџанци Знаме на Камбоџа
Камерун Република Камерун камерунски Камерунец, Камерунка, Камерунци Знаме на Камерун
Канада Канада канадски Канаѓанец, Канаѓанка, Канаѓани Знаме на Канада
Казахстан Република Казахстан казахстански Казах, Казашка, Казаци[10] Знаме на Казахстан
Катар Држава Катар катарски Катарец, Катарка, Катарци Знаме на Катар
Кенија Република Кенија кениски Кениец, Кенијка, Кенијци Знаме на Кенија
Киргистан Киргиска Република киргистански Киргиз, Киргиска, Киргизи[11] Знаме на Киргистан
Кирибати Република Кирибати кирибатски Кирибаќанец, Кирибаќанка, Кирибаќани Знаме на Кирибатите
Колумбија Република Колумбија колумбиски Колумбиец, Колумбијка, Колумбијци Знаме на Колумбија
Комори Унија Комори коморски Коморец, Коморка, Коморци Знаме на Коморите
Демократска Република Конго Демократска Република Конго конгоански Конгоанец, Конгоанка, Конгоанци Знаме на Демократска Република Конго
Република Конго Република Конго конгоански Конгоанец, Конгоанка, Конгоанци Знаме на Република Конго
ДНР Кореја Демократска Народна Република Кореја севернокорејски Кореец, Корејка, Корејци[12] Знаме на Демократска Народна Република Кореја
Република Кореја Република Кореја јужнокорејски Кореец, Корејка, Корејци Знаме на Република Кореја
Косово Република Косово косовски Косовец, Косовка, Косовци Знаме на Косово
Куба Република Куба кубански Кубанец, Кубанка, Кубанци Знаме на Куба
Кувајт Држава Кувајт кувајтски Кувајќанец, Кувајќанка, Кувајќани Знаме на Кувајт
Кипар Република Кипар кипарски Кипранец, Кипранка, Кипрани Знаме на Република Кипар
Турска Република Северен Кипар Турска Република Северен Кипар севернокипарски Севернокипарец, Севернокипарка, Севернокипарци Знаме на Турската Република Северен Кипар
Лаос Демократска Народна Република Лаос лаоски Лаошанец, Лаошанка, Лаошани Знаме на Лаос
Лесото Кралство Лесото лесотски Лесоќанец, Лесоќанка, Лесоќани[13] Знаме на Лесото
Латвија / Летонија[14] Република Латвија
Република Летонија
латвиски
летонски
Латвиец, Латвијка, Латвијци
Летонец, Летонка, Летонци
Знаме на Латвија
Либан Либанска Република либански Либанец, Либанка, Либанци Знаме на Либан
Либерија Република Либерија либериски Либериец, Либеријка, Либеријци Знаме на Либерија
Либија Република Либија либиски Либиец, Либијка, Либијци Знаме на Либија
Лихтенштајн Кнежевство Лихтенштајн лихтенштајнски Лихтенштајнец, Лихтенштајнка, Лихтенштајнци Знаме на Лихтенштајн
Литванија Република Литванија литвански Литванец, Литванка, Литванци Знаме на Литванија
Луксембург Големо Војводство Луксембург луксембуршки Луксембуржанец, Луксембуржанка, Луксембуржани Знаме на Луксембург
Мадагаскар Република Мадагаскар мадагаскарски Мадагаскарец, Мадагаскарка, Мадагаскарци Знаме на Мадагаскар
Малави Република Малави малавски Малавиец, Малавијка, Малавијци Знаме на Малави
Малезија Малезија малезиски Малезиец, Малезијка, Малезијци Знаме на Малезија
Малдиви Република Малдиви малдивски Малдивец, Малдивка, Малдивци Знаме на Малдивите
Мали Република Мали малиски Малиец, Малијка, Малијци Знаме на Мали
Малта Република Малта малтешки Малтежанец, Малтежанка, Малтежани Знаме на Малта
Мароко Кралство Мароко марокански Мароканец, Мароканка, Мароканци Знаме на Мароко
Маршалски Острови Република Маршалски Острови маршалски Маршалец, Маршалка, Маршалци Знаме на Маршалските Острови
Мавританија Исламска Република Мавританија мавритански Мавританец, Мавританка, Мавританци Знаме на Мавританија
Маврициус Република Мавриуциус маврициски Маврициец, Маврицијка, Маврицијци Знаме на Маврициус
Македонија Република Македонија македонски Македонец, Македонка, Македонци Знаме на Македонија
Мексико Обединети Мексикански Држави мексикански Мексиканец, Мексиканка, Мексиканци Знаме на Мексико
Микронезија Федерални Држави на Микронезија микронезиски Микронезиец, Микронезијка, Микоронезијци Знаме на Микронезија
Молдавија Република Молдавија молдавски Молдавец, Молдавка, Молдавци Знаме на Молдавија
Монако Кнежевство Монако моначки Моначанец, Моначанка, Моначани Знаме на Монако
Монголија Монголија монголски Монголец, Монголка, Монголци Знаме на Монголија
Мозамбик Република Мозамбик мозамбички Мозамбичанец, Мозамбичанка, Мозамбичани Знаме на Мозамбик
Мјанмар Унија Мјанмар мјанмарски Мјанмарец, Мјанмарка, Мјанмарци Знаме на Мјанмар
Нагорно-Карабах Република Нагорно-Карабах нагорнокарабашки Нагорнокарабашец, Нагорнокарабашка, Нагорнокарабаси Знаме на Нагорно-Карабах
Намибија Република Намибија намибиски Намибиец, Намибијка, Намибијци Знаме на Намибија
Науру Република Науру наурски Наурец, Наурка, Наурци Знаме на Науру
Непал Демократска Сојузна Република Непал непалски Непалец, Непалка, Непалци Знаме на Непал
Нов Зеланд Нов Зеланд новозеландски Новозеланѓанец, Новозеланѓанка, Новозеланѓани Знаме на Нов Зеланд
Никарагва Република Никарагва никарагвански Никарагванец, Никарагванка, Никарагванци Знаме на Никарагва
Нигер Република Нигер нигерски Нигерец, Нигерка, Нигерци Знаме на Нигер
Нигерија Сојузна Република Нигерија нигериски Нигериец, Нигеријка, Нигеријци Знаме на Нигерија
Ниуе Ниуе ниуеански Ниуеанец, Ниуеанка, Ниуеанци Знаме на Ниуе
Норвешка Кралство Норвешка норвешки Норвежанец, Норвежанка, Норвежани Знаме на Норвешка
Обединетото Кралство Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска британски Британец, Британка, Британци Знаме на Обвединетото Кралство
Обединети Арапски Емирати Обединети Арапски Емирати емиратски Емираќанец, Емираќанка, Емираќанец Знаме на Обединетите Арапски Емирати
Оман Султанат Оман омански Оманец, Оманка, Оманци Знаме на Оман
Пакистан Исламска Република Пакистан пакистански Пакистанец, Пакистанка, Пакистанци Знаме на Пакистан
Палестина Палестинска автономна територија палестински Палестинец, Палестинка, Палестинци Знаме на Палестина
Палау Република Палау палауански Палуанец, Палуанка, Палуанци Знаме на Палау
Панама Република Панама панамски Панамец, Панамка, Панамци Знаме на Панама
Папуа Нова Гвинеја Независна Држава Папуа Нова Гвинеја папуански Папуанец, Папуанка, Папуанци Знаме на Папуа Нова Гвинеја
Парагвај Република Парагвај парагвајски Парагваец, Парагвајка, Парагвајци Знаме на Парагвај
Перу Република Перу перуански Перуанец, Перуанка, Перуанци Знаме на Перу
Полска Република Полска полски Полјак, Полјачка, Полјаци Знаме на Полска
Португалија Португалска Република португалски Португалец, Португалка, Португалци Знаме на Португалија
Приднестровие Приднестровска Молдавска Република придњестровски Приднестровец, Приднестровка, Приднестровци Знаме на Приднестровие
Руанда Република Руанда руандски Руанѓанец, Руанѓанка, Руанѓанци[15] Знаме на Руанда
Романија Романија романски Романец, Романка, Романци Знаме на Романија
Русија Руска Федерација руски Русин, Русинка, Руси Знаме на Русија
САД Соединети Американски Држави американски Американец, Американка, Американци Знаме на Америка
Соломони Соломонски Острови / Соломонови Острови соломонски Соломонец, Соломонка, Соломонци Знаме на Соломоните
Самоа Независна Држава Самоа самоански
самојски
Самоанец, Самоанка, Самоанци Знаме на Самоа
Сан Марино Република Сан Марино санмарински Санмаринец, Санмаринка, Санмаринци Знаме на Сан Марино
Саун Томе и Принсип Демократска Република Саун Томе и Принсип саотомски
принсипски
Саотомци, Саотомка, Саотомци
Принсипец, Принсипка, Принсипци
Знаме на Саун Томе и Принсип
Саудиска Арабија Кралство Саудиска Арабија саудиски Саудиец, Саудијка, Саудијци Знаме на Саудиска Арабија
Сенегал Република Сенегал сенегалски Сенегалец, Сенегалка, Сенегалци Знаме на Сенегал
Србија Република Србија српски Србин, Србинка, Срби Знаме на Србија
Сејшели Република Сејшели сејшелски Сејшелец, Сејшелка, Сејшелци Знаме на Сејшелите
Сиера Леоне Република Сиера Леоне сиералеонски Сиералеонец, Сиералеонка, Сиералеонци Знаме на Сиера Леоне
Сингапур Република Сингапур сингапурски Сингапурец, Сингапурка, Сингапурци Знаме на Сингапур
Словачка Словачка Република словачки Словак, Словачка, Словаци Знаме на Словачка
Словенија Република Словенија словенечки Словенец, Словенка, Словенци Знаме на Словенија
Советски Сојуз (СССР) Сојуз на Советските Социјалистички Републики советски нема Знаме на Советскиот Сојуз
Сомалија Република Сомалија сомалиски Сомалиец, Сомалијка, Сомалијци Знаме на Сомалија
Сомалиленд Република Сомалиленд сомалилендски Сомалиленѓанец, Сомалиленѓанка, Сомалиленѓани Знаме на Сомалиленд
Свети Кристофер и Невис Федерација Свети Кристофер и Невис светокристоферски
невиски
Светокристоферец, Светокристоферка, Светокристоферци
Невишанец, Невишанка, Невишани
Знаме на Свети Кристофер и Невис
Света Луција Света Луција светолуциски Светолуциец, Светолуцијка, Светолуцијци Знаме на Света Луција
Свети Винцент и Гренадини Свети Винцент и Гренадини светивинцентски
гренадински
Светивинценќанин, Светивинценќанка, Светивинценќани
Гренадинец, Гренадинка, Гренадинци
Знаме на Свети Винцент и Гренадините
Судан Република Судан судански Суданец, Суданка, Суданци Знаме на Судан
Суринам Република Суринам суринамски Суринамец, Суринамка, Суринамци Знаме на Суринам
Свазиленд Кралство Свазиленд свазиски Свазиец, Свазијка, Свазијци Знаме на Свазиленд
Сирија Арапска Република Сирија сириски Сириец, Сиријка, Сиријци Знаме на Сирија
Таџикистан Република Таџикистан таџикистански Таџик, Таџичка, Таџици[16] Знаме на Таџикистан
Танзанија Обединета Република Танзанија танзаниски Танзаниец, Танзанијка, Танзанијци Знаме на Танзанија
Тајланд Кралство Тајланд тајландски Тајланѓанец, Тајланѓанка, Тајланѓани Знаме на Тајланд
Того Република Того тогоански Тогоанец, Тогоанка, Тогоанци Знаме на Того
Тонга Кралство Тонга тонгајски Тонгаец, Тонгајка, Тонгајци Знаме на Тонга
Тринидад и Тобаго Република Тринидад и Тобаго тринидадски / тобашки Триниѓанец, Триниѓанка, Триниѓани
Тобажанец, Тобажанка, Тобажани
Знаме на Тринидад и Тобаго
Тунис Туниска Република туниски Тунижанец, Тунижанка, Тунижани Знаме на Тунис
Турција Република Турција турски Тучин, Турчинка, Турци Знаме на Турција
Туркменистан Туркменистан туркменистански Туркмен, Туркменка, Туркменци[17] Знаме на Туркменистан
Тувалу Тувалу тувалски Тувалец, Тувалка, Тувалци Знаме на Тувалу
Уганда Република Уганда угандски Уганѓанец, Уганѓанка, Уганѓани Знаме на Уганда
Украина Украина украински Украинец, Украинка, Украинци Знаме на Украина
Унгарија Република Унгарија унгарски Унгарец, Унгарка, Унгарци Знаме на Уругвај
Уругвај Источна Република Уругвај уругвајски Утругваец, Уругвајка, Уругвајци Знаме на Уругвај
Узбекистан Република Узбекистан узбекистански Узбек, Узбечка, Узбеци[18] Знаме на Узбекистан
Фиџи Република Фиџи фиџиски Фиџиец, Фиџијка, Фиџијци Знаме на Фиџи
Филипини Република Филипини филипински Филипинец, Филипинка, Филипинци Знаме на Филипините
Финска Република Финска фински Финец, Финка, Финци Знаме на Финска
Франција Француска Република француски Француз, Французинка, Французи Знаме на Франција
Хаити Република Хаити хаитски Хаиќанец, Хаиќанка, Хаиќанци[19] Знаме на Хаити
Хондурас Република Хондурас хондурашки Хондурашанец, Хондурашанка Хондурашани Знаме на Хондурас
Холандија Кралство Холандија холандски Холанѓанец, Холанѓанка, Холанѓани Знаме на Холандија
Хрватска Република Хрватска хрватски Хрват, Хрватка, Хрвати Знаме на Хрватска
Централноафриканска Република Централноафриканска Република централноафрикански Централноафриканец, Централноафриканка, Централноафриканци Знаме на Централноафриканската Република
Црна Гора Црна Гора црногорски Црногорец, Црногорка, Црногорци Знаме на Црна Гора
Чиле Република Чиле чилеански Чилеанец, Чилеанка, Чилеанци Знаме на Чиле
Чад Република Чад чадски Чаѓанец, Чаѓанка, Чаѓани Знаме на Чад
Чешка Чешка Република чешки Чех, Чехинка, Чеси Знаме на Чешка
Џибути Република Џибути џибутски Џибутанец, Џубутанка, Џибутанци Знаме на Џибути
Шпанија Кралство Шпанија шпански Шпанец, Шпанка, Шпанци Знаме на Шпанија
Шри Ланка Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка шрилански Шриланец, Шриланка, Шриланци Знаме на Шри Ланка
Шведска Кралство Шведска шведски Швеѓанец, Швеѓанка, Швеѓани Знаме на Шведска
Швајцарија Конфедерација Швајцарија швајцарски Швајцарец, Швајцарка, Швајцарци Знаме на Швајцарија

Белешки

уреди
  1. Називите се однесуваат за најголемата етничка група во држави каде има таква најголема етничка група, или за државјанство за држави каде нема мнозинска етничка група.
  2. За народот се користи придавката „авгански“
  3. За народите се користат придавките „Бошњак, Бошњачка, Бошњаци“, „Србин, Србинка, Срби“ и „Хрват, Хрватка, Хрвати“
  4. Според официјалното француско име.
  5. Според официјалното француско име.
  6. Ретко се користат.
  7. Хеленска Република
  8. Оваа придавка се избегнува за да не се помеша со придавката за НР Кина. Поради тоа, почесто се користи „тајвански“.
  9. Овие придавки се избегнуваат за да не се помешаат со придавките за НР Кина. Поради тоа, почесто се користи „Тајванец, Тајванка, Тајванци“.
  10. За народот се користи придавката „казашки“
  11. За народот се користи придавката „киргиски“
  12. Поретко се користат „Севернокореец, Севернокорејка и Севернокорејци“
  13. Може и „мосото“ или „босото“, како и „сесото“
  14. Се препорачува да се користи името „Латвија“ и изведените придавки од ова име.
  15. Или „Руанѓани“
  16. Придавка за народот е „таџички“
  17. Придавка за народот е „туркменски“.
  18. Придавка за народот е „узбечки“.
  19. Придавка за народот е „хаиќански“.

Поврзано

уреди