Википедија:Потпис
Потпишувањето на Вашите коментари на страници за разговор и на други страници за комуникација на Википедија се смета за добра етика и овозможува на другите корисници да го препозаат авторот на определен коментар. Одговарачот може да се движи до страници за разговор и да ги адресира своите одговори на соодветтниот корисник/корисници. Дискусијата е најважниот дел од колаборативното пишување бидејќи им помага на сите корисници да го разберат напредокот и еволуцијата на работата.
Уредувањата на главните страници за статии на Википедија не смеат да се потпишуваат - статиите се поделен труд кој припаѓа на заедницата и на многу други уредувачи, а еден уредувач не смее да се истакне пред другите.
Потребно е да ги потпишувате Вашите коментари преку внесување на три тилди ~~~ само за Вашето корисничко име или ~~~~ (четири тилди) за Вашето корисничко име и времето кога е поставен потписот (видете ја подолната дискусија за пример). На овој начин, кога ќе ја зачувате страницата, Вашиот потпис автоматски ќе биде вметнат. Во спротивно, Вашите коментари ќе се појавуваат без Вашето име, Повеќето од нас ги користат временските потписи бидејќи постои копче над рамката за уредување со иконата за потпис која автоматски вметнува "-~~~~".
Можни потписи | ||
---|---|---|
Впишан текст | Како се меморира впишаниот текст | Што се прикажува на страницата |
~~~
|
[[Корисник:Јован Јованоски|Јован Јованоски]] ([[Разговор со корисник:Јован Јованоски|разговор]])
|
Јован Јованоски |
~~~~
|
[[Корисник:Јован Јованоски|Јован Јованоски]] ([[Разговор со корисник:Јован Јованоски|разговор]]) 14.28, 19 јуни 2013. (CEST)
|
Јован Јованоски 14.28, 19. јуни 2013. (CEST) |
~~~~~
|
14.28, 19 јуни 2013. (CEST)
|
14.28, 19 јуни 2013. (CEST) |
Ако одлучите да работите на Википедија без пријавување, тилдите ќе бидат конвертирани во вашата ИП адреса која ќе биде впишана како потпис (Создавање на сметка всушност овозможува поголема анонимност, за оние кои се загрижени за приватноста). Исто така, постои и можност на рачно потпишување на пораките со псевдоним, или ознака --anon (но вашата ИП адреса сепак ќе остане впишана во историјата на страницата ако измената ја врши непријавен корисник). Ако вашиот вообичаен потпис се состои од не-ASCII карактери (на пример: кинески знакови), сепак е подобро да се користат ASCII карактери. Затоа што неможат сите да видат одредени карактери, и наместо букви ќе им бидат прикажани квадратчиња или некои други ознаки наместо посакуваниот карактер.
ПоврзаноУреди
- Википедија:Страници за разговор
- {{subst:тилда}} - шаблон за известување на корисници кои не се потпишуваат