Википедија:Марионетство

Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:МАРИОНЕТА
ВП:МАРИОНЕТИ
Најважното од страницава: Општото правило е: еден корисник, една сметка. Не користи повеќе кориснички сметки за да создадеш илузија за поголема поддршка за одреден спор, Не барај твои пријатели да направат кориснички сметки за да те поддржат на Википедија.

Марионета е алтернативна корисничка сметка користена за нарушителни и злонамерни цели што ќе ги нарушат или ќе влијаат врз правилата на Википедија.

Сите Википедијанци можат да регистрираат корисничка сметка од која тие можат да уредуваат. Оваа сметка ќе се развива и ќе остане како еден вид идентитет на тој корисник на Википедија, и со тоа ќе помогне останатите корисници да го препознаваат корисникот, неговите ставови и интереси.

Поради поголем број на причини, некои Википедијанци создаваат повеќе кориснички сметки. Некои алтернативни употреби на алтернативни кориснички сметки се строго забранети, како на пример наштетување на други корисници, нарушување консензус и влијание врз неутралноста на Википедија. Ваквите кориснички сметки се блокираат за секогаш, оригиналната и марионетската.

Доколку некој корисник користи алтернативна корисничка сметка, тоа треба да го објави пред Вики заедницата заедно со целите на таквото создавање на алтернативна сметка и црвсти причини за создавање на истата.

Марионетски кориснички сметки

уреди

Википедијанците се осврнуваат на консензусот за да се надминат спорови. Марионетските кориснички сметки се создаваат кога корисниците сакаат да направат илузија за консензусот, односно да ги надгласаат останатите корисници со спротивно мислење.

Користењето на марионети е сосема забрането за доброто на Википедија и нејзиното функционирање. Користење на марионети се сведува на санкции против корисникот што има марионета и најчесто казната е со блокирање или банирање од целиот проект.

Гласање и други форми на поддршка

уреди

Марионетите се користени за да се даде чувство на поголема поддршка за одреден став што постои. Покрај тоа што дава лажно чувство на достигнат консензус, марионетството е строго забрането и поради тоа што доаѓа и до голема забуна меѓу корисниците. Во ова е вклучено гласањето за одреден спор, гласање за избор на администратор, разговори за бришење на одредена статија и за време на уредувачки војни.

Правилата на Википедија се однесуваат по личност не по корисничка сметка. Правилата како тројното враќање се за секој корисник. Користењето на втора корисничка сметка за нарушување на правилата ќе биде следено со соодветни казни спрема оригиналната корисничка сметка.

Луѓе-марионети

уреди

Луѓето-марионети е термин на Википедија што се однесува кон ситуација кога еден корисник, нов или стар, врши уредувања под наредба или како услуга на друг корисник на Википедија. Иако Википедија се базира на зачувување на добрата мисла и не напаѓање на новодојденците, сепак ако нов корисник почне веднаш да ревертира, брише или да пишува текст со кој се потврдува нечие мислење е строго забрането. Корисник кој се ангажира во истата работа, истата проблематика или проблем и се однесува исто со некој друг корисник, и кој уредува на Википедија само за таа цел, укажува на фактот дека двата корисници работаат на иста цел, од кој едниот оди по однесувањето на другиот.

Недопустливо е на Википедија да се рекламирате или покажувате на пријатели или поблиска фамилија а при тоа да ги поканите да уредуваат и да го поддржуваат вашите ставови.

Википедија има правила за справување со луѓето-марионети:

  1. Консензусот во поголем број на случаи треба да биде заснован на предлози што се однесуваат кон правила, а не врз бројот на гласови. Новодојдените корисници не се многу запознаени со Википедија и не се зема во предвид нивниот придонес кон консензусот
  2. За време на гласање или разговори во тој стил, новодојденците може да бидат отфрлени од разговорот или се дава многу мал значај, особено ако се дава исти ставови со друг корисник како негова марионета.
  3. Во случај на донесување на консензус ако се посомнева Вики заедницата дека еден корисник е марионета на друг, а при тоа да не се сосема сигурни, нивните гласови се сметаат за еден.