Википедија:Надворешни врски
Статиите на Википедија можат да соржат врски до мрежни страници надвор од Википедија. Таквите страници можат да содржат понатамошни информации коишто се прецизни и во врска со темата, а коишто не можат да се вклопат во статијата од причини како авторски права или премногу детали (како статистика, интервјуа, онлајн книги и сл.) или други поврзани содржини што не се пригодни за вклучување во една статија на Википедија.
Некои надворешни врски се добредојдени (видете „Што треба да се вклучи“ подолу), но Википедија нема цел да составува целосен список на надворешни врски поврзани со секоја тема. Ниедна надворешна врска не треба да се вклучува во статија на Википедија ако нејзиното вклучување не е според нормите.
Темата на ова напатствие се надворешните врски што не се цитати или извори за напишаното во статијата. Ако страницата што сакате да ја вклучите содржи информации што сѐ уште не се дел од статијата, би можеле да ги употребите како извор за статијата и да го наведете како таков во забелешките. Напатствија за посочување на извори, во коишто се користат надворешни врски како докази, можат да се најдат на en:Wikipedia:Reliable sources и Википедија:Цитирајте извори.
Важни работи што треба да се запомнат
уреди- Врските треба да бидат во ограничен (мал) број. Недостаток на надворешни врски или мал број надворешни врски не е причина за да додавате надворешни врски.
- Надворешни врски не треба да се користат низ целата статијата. Треба да се наведат во посебно заглавие „Надворешни врски“ на крајот од статијата или во одреденото место во инфокутијата.
- Обидете се да избегнувате наведување посебни врски за разни страници што се наоѓаат на еден исто мрежно место. Ако е можно, вклучете само една заедничка надворешна врска до мрежното место кое што води до разните страници.
Забранети врски
уредиЗаради правилата на Википедија или од технички причини, на корисниците им се забранува вклучување врски од следниов тип, без исклучок:
- Веб-места што ги кршат авторските права на други, не треба да се вклучуваат. Врски до мрежни места што прикажуваат заштитени дела се дозволени само ако истите имаат лиценца за тоа. Свесно вклучување на надворешни врски до страници што прикажуваат нелиценциран материјал, може да се смета за газење на авторските права од страна на уредувачот. Ако знаете надворешна мрежна страница што содржи заштитен материјал без дозвола од авторот на тој материјал, не вклучувајте врска до таа страница. Вклучување врски до страници што нелегално дистрибуираат нечие дело, дава лош впечаток за Википедија и нејзините уредувачи. Ова се случува многу често кога се вклучуваат врски до мрежни места како YouYube, каде што мора да се води грижа за избегнување на материјал што ги крши правата на авторот.
- Веб-места што се наоѓаат на црниот список за спам без да излезат од неа. Страници што содржат такви врски не смеат да се зачувуваат.
Што да вклучите
уредиПостојат неколку работи што треба да ги имате на ум кога додавате надворешна врска.
- Дали е достапна за посетителите?
- Дали се вклопува во контекстот на статијата (дали е корисна, достојна, информативна, прецизна, итн.)?
- Дали врската работи и има изгледи да продолжи да работи уште долго време?
Секоја врска треба да се оценува според нејзиниот целокупен квалитет, користејќи ги следните напатствија. Како што бројот на надворешни врски во една статија расте, критериумот станува построг. Кога се двоумите дали треба да додадете нови врски, предложете ги истите на страницата за разговор и дискутирајте со другите уредувачи.
Што треба да се вклучи
уреди- Статија за некоја организација, личност, мрежно место и слично, треба да содржи надворешна врска до официјалната страница (доколку постои).
- Статија за книга, музичко дело или друго дело, треба да содржи врска до мрежна страница што држи примерок од делото (ако за неа не важи ни еден од критериумите во „Врски што треба да се избегнуваат“)
- Веб-страници што содржат неутрален и прецизен материјал што не може да се вклопи во статијата заради авторски права, премногу детали (како статистика, интервјуа, онлајн книги и сл.) или од други причини.
- Веб-страници со други содржини поврзани со темата што не се пригодни за вклучување во статијата, како рецензии и интервјуа.
Добредојдени врски
уреди- За албуми, филмови, книги и слични дела, додавајте врски до професионални рецензии.
- Многу големите страници се специфичен случај. Многумина пребаруваат низ Википедија со бавни интернет конекции. Необично големи страници треба да се избегнуваат.
- Долги списоци со надворешни врски не се пригодни. Википедија не е „mirror“ или магацин на врски. Ако сретнете долг список со врски во некоја статија, можете да ја додадете предлошката {{linkfarm}} во делот „Надворешни врски“. Онаму каде што уредувачите не постигнале договор во врска со списокот со врски, врска до добро одбрана web directory category би можело да се додаде додека не се постигне договорот. Open Directory Project често е неутрален кандидат и може да се додаде со предлошката {{dmoz}}.
- Страници што не ги задоволуваат критериумите за сигурен извор (доверлив извор) (reliable source), но што сепак содржат информации за темата на статијата од достојни извори.
Врски што треба да се избегнуваат
уредиОсвен врските до страници што се за темата на статијата или неофицијална страница за темата, и чиишто врски не се забранети, треба да се избегнуваат:
- Страници што не содржат единствени содржини што би ги немало во статијата кога би станала Одбрана статија.
- Страници што можат да го наведат читателот на погрешно сфаќање за темата, со тоа што содржат непрецизен материјал и непроверени информации. Видете Проверени извори за објаснување во врска со поимите „factually inaccurate material“ или „unverifiable research“.
- Страници што се обидуваат притаено да инсталираат штетен софтвер во системот на посетителот.
- Врски што воглавно се наменети да рекламираат некое мрежно место.
- Врски до мрежни места што служат за продавање производи или услуги. На пример, наместо да ставите врска до комерцијална продавница за книги, искористете ISBN врска, со што ќе им дадете можност на читателите да пребаруваат низ разни мрежни места што ја држат таа книга.
- Врски до мрежни места со премногу реклами.
- Врски до мрежни места што бараат регистрација или плаќање за гледање на содржината.
- Веб-места што се недостапни за голем број на корисници, како што се мрежните места што работат само со одреден пребарувач.
- Директни врски до документи за чие гледање е потребна надворешна апликација (како Флеш или Јава), освен ако статијата не е за таква rich media. Ако направите врска до таков материјал, додадете и забелешка за потребната апликација.
- Врски до пребарувачки мрежни места (search engine) и страници со резултати (aggregated results) од такви мрежни места.
- Врски до мрежни места за друштвено вмрежување (како MySpace), форуми или USENET.
- Врски до блогови или лични мрежни страници, освен оние што се напишани од афирмирани лица.
- Врски до отворени викија, освен оние со потврдена огромна стабилност и огромен број на уредувачи.
- Веб-места што се само индиректно поврзани со темата на статијата: врската треба да биде директно поврзана со темата на статијата. Врски до општи мрежни места што содржат информации за разни теми обично не треба да се вклучуваат во статија што има специфична тема. Исто така, врска до мрежно место за некоја одредена тема не треба да се вклучува во статија со поопшта тема.
Рекламирање и судир на интереси
уреди- Главни страници: Википедија:Судир на интереси и Википедија:Спам
Заради растечкиот углед на Википедија и големата посетеност што може да му ја даде на еден надворешно мрежно место, постои големо искушение да се користи Википедија за рекламирање на мрежни места. Ова важи и за комерцијални и за некомерцијални мрежни места. Би требало да избегнувате врски до мрежни места што вие ги поседувате, ги одржувате или ги претставувате, дури и ако ги исполнуваат критериумите. Ако страницата е добро поврзана со темата и е доста информативна и би требало да биде вклучена, најдобро е да ја спомнете врската на страницата за разговор и да ги оставите другите, неутрални и независни уредувачи да одлучат за неа.
Ова е во врска со напатствијата за судир на интереси. Бидејќи Википедија користи таканаречени nofollow ознаки, надворешните врски не ги менуваат резултатите во мрежните места за пребарување.
Сега постојат некои спамботови што се способни за спамирање на викија, аналогни на submitter скриптите за guestbooks и блогови. Ако забележите бот кој додава надворешни врски, ве молиме проверете дали ботот го направил нападот и на викијата на други јазици. Ако го потврдите тоа, контактирајте со некој од сисопите на мета-вики. Тие можат да стават Wikimedia-wide text filter. Сисоповите веднаш ќе ги блокираат неовластените ботови.
Веб-места што бараат регистрација
уредиВеб-места што бараат регистрација или платено членство треба да се избегнуваат затоа што се од ограничена корист за многу читатели. Многу онлајн весници бараат регистрација за пристап до дел или до целата содржина, додека некои бараат и членство. Онлајн списанија многу често бараат членство за пристап до нивните мрежни места или до вредна содржина. Ако во архивата имаат стари весници или списанија, најчесто мора да се плати за пристап до нив.
Мрежно место што бара регистрација или членство не треба да се вклучува освен ако самото мрежно место е тема на статијата.
Веб-места на други јазици
уредиВрски до мрежни места со содржина на македонски се приоритетни на Википедија на македонски јазик. Може да биде пригодна и врска до страница која не е на македонски јазик во одредени случаи: кога официјалната страница не е достапна на македонски јазик; кога врската е до текстот (на пример, на некоја книга) на оригиналниот јазик; кога мрежното место е поткрепено со карти, дијаграми, табели или слично. За повеќе видете во напатствијата за мрежни места што не се на македонски јазик.
Кога додавате врска до мрежно место што не е на македонски јазик (освен исклучоците погоре), означете ја врската со јазична икона, достапна за повеќето јазици, со кодот за тој јазик: на пример: {{en}}, {{fr}} итн.
Пренасочувачки страници
уредиСтраници што пренасочуваат кон некоја друга страница, не треба да се користат. Такви страници се на пример tinyurl.com и makeashorterlink.com. Повеќето од овие страници се на црниот список за спам бидејќи често се користат од т.н. врски-спамери, што значи дека не е возможно да зачувате страница со таква врска. Бидејќи пренасочувачките додаваат се наоѓаат на црниот список секогаш кога ќе се случи злоупотреба, можете да создадете проблеми за идните уредувачи со тоа што ќе ги користите. Додавање врски до прокси мрежни места е забрането од слични причини. Секогаш треба да додавате врски до изворната адреса.
Општо е прифатено да се претпочитаат врски до точната дестинација на врската. На пример, ако primer.com автоматски пренасочува кон tripod.com/primer, подобро е врската што ќе ја додадете да биде до точната страница, иако сопственикот смета дека пренасочувачката адреса е поофицијална.
Rich media
уредиПрифатливо е да додавате врски до страници што се прикажуваат со нормален HTML или чист текст. Проверете дали содржината на страницата е од типот „text/html“, „text/plain“ или „application/xhtml+xml“ (или друг тип на XHTML), бидејќи некои страници може да се прикажуваат само со таканаречени platform-dependant plugins'. Не би требало да вклучувате врски до страници што бараат посебен софтвер или некој додаток кон прелистувачот. Секогаш се претпочитаат врски до страници што се прикажуваат со нормален HTML што содржи вметнати врски до rich media содржините.
Во случаи кога е неопходна врска до rich media содржина, мора да се додаде дополнителна забелешка за технологијата што е потребна за пристап до содржината, како во следните примери:
- Interview (along with Lenny Kaye) November 11, 2005 on KEXP; 53 minutes, includes three songs. (Windows Media Player, RealPlayer).
- Berkowitz, Joel, Avrom Goldfaden and the Modern Yiddish Theater: The Bard of Old Constantine (PDF), Pakn Treger, no. 44, Winter 2004, 10–19.
Врски до YouTube, Google Video и слични мрежни места
уредиНема посебна забрана за врски до овие страници сѐ додека врските се придржуваат до напатствијата на оваа страница (и се ретки). Видете уште Википедија:Авторски права за забраната за врски што кршат нечии права од интелектуална сопственост.
Избегнувајте преовладување на одредени гледни точки
уредиВо статии со повеќе гледни точки, бројот на врските посветени на една гледна точка не треба да преовладува над бројот на врските посветени на другите гледни точки, ниту да се сведува до минимум најслабата гледна точка. Додавајте коментари за овие врски преку коишто ќе ги известите читателите за нивните гледни точки. Ако една гледна точка доминира со информации, таа треба прва да биде претставена. За повеќе информации, погледнете Википедија:Неутрална гледна точка - поточно, напатствија за undue weight (неизбалансираност).
Долготрајност на врските
уредиМногу е важно да процените дали врската има изгледи да остане прецизна и прилагодена на статијата во иднина. На пример, не е корисно да додадете врска до страница што се менува често.
Мртви надворешни врски
уредиКако и сите други големи мрежни места, и Википедија страда од феноменот на непостоечки врски, кога надворешните врски кон кои водат статиите од Википедија веќе не постојат. Во ноември 2006, од 2.578.134 надворешни врски на англиската Википедија, околу 10% биле непостоечки.
Врски до мртви адреси во делот за надворешни врски не се од корист за една статија на Википедија. Тие се непрофесионални и потребно е редовно да се поправаат. Таквите врски би требало или да се отстранат или да се обноват со архивирани верзии, коишто можат да се најдат на Internet Archive Wayback Machine. Специфичен е случајот кога врски што се користат како белешки (референци) ќе прекинат да работат: видете en:Wikipedia:Citing sources#What to do when a reference link "goes dead".
Некои мртви врски се оневозможени од вандали (на пример, вандал може да онеспособи врска до производ што е соперник на производот на вандалот): вреди да се погледне во историјата на статијата, во случај да постои верзија од врската што сѐ уште работи. Некои случаи од ваквиот тип вандализам се особено незгодни, како на пример, заменување на ASCII знаци со идентични кирилични букви во адресата на надворешната страница.
Киднапирани и повторно регистрирани места
уредиПонекогаш, едно мрежно место може да биде „киднапирано“ (hijacked) или да биде ре-регистрирано (re-registered) со поинаква намера откако регистрацијата ќе истече. Во двата случаи, додека адресата е сѐ уште важечка, ве води до страница со поразлична или изменета содржина, што може да доведе до несоодветни содржини, како на пример порнографски мрежни места.[1] Веб-места што биле киднапирани или променети по ре-регистрацијата не треба да се додаваат како надворешни врски. Со нив треба да се постапи исто како и со мртвите врски.
Како да додадете врска
уредиВрска без текст (код и ефект):
[http://primer.com/] [1]
Врска со текст:
[http://primer.com/ Пример за страница] Пример за страница
Кога додавате надворешна врска, прво се пишува адресата (пр. primer.com), по неа се остава празно место, а текстот што се наоѓа по оставеното место е всушност текстот што ќе биде прикажан на статијата за таа надворешна врска (пр. „Пример страница“). Вметнување на викиврски (wikilinks) во текстот на врската не е правилно. Секогаш размислете кои зборови треба да влегуваат во врската, а на останатите што ќе бидат за врската може да се додаваат викиврски.
„Ова е [http://primer.com/ пример за страница] неповрзана со [[фудбал]].“ „Ова е пример за страница неповрзана со фудбал.“
Заглавие за надворешни врски
уредиПостојат два основни формати за надворешни врски. Највообичаениот е додавање на списокот со надворешни врски во посебно заглавие „Надворешни врски“ на крајот на статијата. Според стандардите, надворешните врски треба да бидат наредени во список во заглавие од второ рамниште (т.е. == Наслов ==) со наслов „Надворешни врски“. Насловот треба да биде „Надворешни врски“ (во множина) дури и кога постои само една врска во списокот.
Кога додавате врска до некое мрежно место, би требало да дадете општо објаснување за содржината на тоа место и како е тоа поврзано со статијата.
== Надворешни врски == * [http://primer.com/link_1 Врска 1] * [http://primer.com/link_2 Врска 2]
Белешки и цитати (извори)
уредиВеб-местата што се користат како извори за некои тврдења во статијата треба да бидат наведени во статијата, со врска до нив, како белешки, во посебно заглавие за белешки. Врските до овие мрежни места што служат како извори не се „надворешни врски“ и не треба да се сместат во заглавјето „Надворешни врски“. Видете Википедија:Проверливост и Википедија:Цитирајте извори за додатни информации.
Барање надворешни врски
уредиen:Special:Linksearch е алатка за барање врски од статии на Википедија до мрежни места надвор од Википедија. На пример, all Wikipedia pages linking to Yahoo.com
Поврзано
уредиЗа повеќе информации во врска со правилата и начелата на Википедија во врска со правилно форматирање на надворешните врски, видете:
- en:Wikipedia:How to edit a page#Links and URLs
- en:Wikipedia:Manual of Style (links)
- en:m:When should I link externally
- en:Wikipedia:Guide to writing better articles
- en:Wikipedia:Policies and guidelines
- en:Wikipedia:Links
- en:Category:External link file type templates
- {{External links}}
- en:Wikipedia:Dead external links
- WikiProject Spam helps to coordinate Wikimedian's efforts against external link spamming.
- en:Wikipedia:Template messages/Cleanup
- WikiProject External links helps to make sure that all articles follow the above policy.