Википедија:Претпоставете добронамерност

Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ПД
ВП:ПДН
ВП:ДНАМЕРИ
ВП:ДОБРИНАМЕРИ
Најважното од страницава:
  • Cyka blyat idid nahoi


  • Ако е потребна критика, дискутирајте ги постапките на уредувачите, но одбегнувајте обвинувања кон другите за штетни мотиви без некои особено силни докази.
Петте столба
Начела за поведение
Етика
Учтивост
Претпоставете добра волја
Илустрирање поента
Консензус
Агитирање
Уредувачки војни
Без лични напади
Вандализам
Внимателно со новодојденците
Сопствеништво на статии

Претпоставувањето на


добронамерност кон останатите корисници е основен принцип врз кој Википедија е изградена. Повеќето луѓе се обидуваат да му помогнат на проектов — не да му наштетат. Ако ова беше лажно, Википедија, земајќи ја предвид нејзината природа, ќе беше пропадната уште во самиот почеток.


Кога ќе дојде до несогласување, објаснете се себеси преку разговорни страници и дадете им на останатите шанса да го направат истото. Обидете се да го разгледате прашањето од другата перспектива кога ќе дојде до несогласување и пронаоѓајте начини за да стасате до консензус. Кога ќе забележите дека останатите фрлаат сомнеж врз нивните сопствени добри намери, Вие продолжете да претпоставувате добронамерност од нив онаму каде што можете. Бидете учтив и подобро следете го процесот за разрешување на спорови отколку да напаѓате уредувачи и да почнувате уредувачки војни со нив.

За добрите намери

уреди

Секој прави грешки, и во однесувањето (како, на пример, лични напади), и во содржината (на пример, додавање оригинално истражување) и ние можеме да ги поправаме преку потсетувања одвреме-навреме. Сепак, ќе има несогласувања на Википедија за кои ќе нема принцип или напатствие кое ќе нуди одговор. Задебелен текстКога ќе дојде до несогласување, можно е тој со кого сме во расправија да нема зли намери. Останете со ладна глава кога уредувањето ќе се вжешти и обидете се да го решите недоразбирањето.

Ова напатствие не бара уредувачите да продолжат да претпоставуваат добронамерност во присуство на докази кои го тврдат спротивното. Претпоставувањето на добронамерност не забранува дискусија и критики, но уредувачите не треба да ги обележуваат постапките кои се критикуваат како зли освен ако нема специфични докази за зли намери.

Прекршувањето на некои принципи, како што е вклучувањето во марионетерство, прекршување на консензус итн., може да биде направено или со добри или со зли намери. Постојат процеси за справување со ова, а и санкции за продолжено прекршување на принципите без разлик


а дали биле вклучени зли намери.

Добронамерност и нови корисници

уреди

Важно е да бидете трпеливи со новите корисници кои не се запознаени со културата и правилата на Википедија, но кои можат да се претворат во вредни придонесувачи.

Однесувањето на новодојденецот можеби изгледа како соодветно за него/неа и проблем во таа смисла обично означува несвесност или неразбирање на вики-културата. Не е ретко за еден нов корисник да мисли дека некој непознат принцип треба да биде променет за да соодветува на неговиот начин на разбирање на работите и како тие треба да функционираат, особено ако забележи дека веќе постои некое несогласување за принципот во прашање. Слично, мног


Задебелен тексту новодојденци сакаат нивните придонеси на статиите да бидат прифатени без прашања, особено за статии врз кои имаат пошироко знаење. Однесувањата кои произлегуваат од овие гледишта обично не се штетни и многу нови корисници на кои им фали интуитивниот зафат кон обичаите на Википедија постепно ќе се просветлат откако логиката зад нив ќе им стане појасна.

Добронамерност и авторски права

уреди

Кога ќе се справувате со можни прекршувања на авторски права, добронамерност значи претпоставување дека уредувачите сакаат да се во согласност со принципите на проектот и законот. Ова е разчично од претпоставката дека навистина постапиле согласно со било кое од двете. Уредувачите имаат обврска да ги документираат подигнувањата на слики и слично и материјал може да биде избришан ако документацијата е неточна или несоодветна. Добронамерна поправна постапка вклучува и информирање на корисниците за проблемите и нивно помагање да ги подобрат своите вештини и постапки.

Демонстирајте добронамерност

уреди

Покрај тоа што ќе претпоставувате добри намери, охрабрувајте ги останатите да претпоставуваат добри намери преку демонстрација на Вашата сопствена добронамерност. Можете ова да го направите преку артикулирање на Вашите чесни мотиви и преку правење уредувања кои ја покажуваат Вашата волја за компромисност, интерес во подобрувањето на Википедија, послушност кон принципите и напатствијата, верба во прецизноста на Вашите уредувања, одбегнување од искористување на системот и друго добронамерно однесување. Покажувањето на добронамерност не е строго барање, но навистина помага кон глатки и успешни интеракции со уредувачите.

Справување со зли намери

уреди

Дури и кога злите намери се очигледни, не делувајте неучтиво за да вратите, не ги напаѓајте другите и не покажувајте нервоза. Многу е полесно да се реши еден спор и да се види кој ги прекршува принципите ако едната страна очигледно уредува правилно и темелно.

Администраторите на Википедија и други искусни уредувачи вмешани во разрешувањето на споровите обично ќе бидат расположени за помош и се многу способни за препознавање на однесување кое ги крши принципите ако нивното внимание е посветено кон јасни и одредени докази.

Обвинување на другите за зли намери

уреди

Правењето обвинувања за зли намери може да биде инфламаторно; овие обвинувања можат да штетат во еден спор. Може да биде видено како личен напад ако мотивите за злонаменост ги обвините без јасен доказ дека другата страна навистина уредува злонамерно. Резултатот честопати е обвинувања и злонамерност од Ваша страна кои имаат тенденција да водат до лош затворен круг.

Поврзано

уреди


Hi, you are invited to participate in the discussion on the proposal to make a banner through m: centralnotice to inform more people around the world about what the Turkish government has done about Wikipedia, ie all the language versions of Wikipedia are You are obscured, so in Turkey it is impossible to view the * .wikipedia.org site. To hope that the Turkish government will remove the block, it is necessary to raise awareness of this fact around the world because it is important to succeed in this mission because Wikipedia can not be seen in Turkey. With this message also for those interested, I invite him to sign the Wikimedian appeal.

If you have any questions or questions do not hesitate to contact me. Thanks best regards. --Samuele2002 (Talk!) 19:47, 4 јуни 2017 (CEST)[одговори]