Википедија:Консензус

Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:КОН
ВП:КОНСЕНЗУС
Најважното од страницава:
  • Консензусот е за тоа како уредувачите работат меѓусебно.
  • Консензусот е главниот модел на Википедија за уредувачко донесување на одлуки.
  • Принципите и напатствијата го документираат консензусот на заедницата, но не го создаваат истиот.

Консензусот е дел од принципите на Википедија за тоа како да се соработува со останатите корисници. Корисниците најчесто доаѓаат до консензус како природен производ на уредување на Википедија. Консензусот не мора да биде одобрен од сите корисници, така на пример ако мнозинството уредувачи се согласат со една верзија на некоја статија, тогаш најчесто има и мала група на уредувачи што мислат поинаку.

Причини за консензус

уреди

Консензусот на мал број корисници никогаш нема да го надмине консензусот на целата заедница, наместо тоа консензусот се користи како мала алатка за зајакнување на стандардите на Википедија. Секој спор треба да се разреши во согласност со релевантните правила и политики на Википедија. Корисниците постигнуваат консензус така што постигнуваат заедничко чувство за одредената тема, односно заедника прифатлива верзија на статијата.

Како се појавува консензусот за време на уредување?

уреди

Кога некој уредува статија тогаш останатите корисници што ја прегледале статијата ги имаат следните размислувања: да го прифатат уредувањето, да го променат уредувањето или да го вратат уредувањето. Статиите поминуваат преку поголем број на дискусии и консензуси сè со цел да се достигне неутралната гледна точка. Ако останатите корисници не се согласуваат со уредувањата на корисникот што ги направил врз статијата, тогаш треба да се разговара за да се искомбинираат двете или повеќе идеи за да се направи добра неутрално прифатлива статија. Таквите разговори се одвиваат на страната за разговор на самата статија или пак на Селската чешма.

Консензусот може да биде променет

уреди

Консензусот не мора да биде постојан. Минатите одлуки мошат повторно да бидат променети или доградени, но тие уредувања да бидат разумни и според зададените правила на Википедија.

Википедија е флексибилна бидејќи нови корисници можат да пружат нови идеи, да се пројавата нови потреби на корисниците, луѓето можат да го променат своето мислење и тогаш се тежнее да се пронајдре нова заедничка прифатлива гледна точка.