Разговор за Википедија:Именување на држави и изведени придавки
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на „Википедија:Именување на држави и изведени придавки“ |
|||
---|---|---|---|
|
|
Тринидад и Тобаго
уредиen:Trinidad and Tobago дава Trinidadian, Tobagonian. Јас лично би одел на полесната варијанта: „тринидадски“. Мислам дека нема да има забуни. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:35, 30 октомври 2011 (CET)
- Мене ми е ОК. Значи да не го користиме и Тобаго? Сложенка би била тринидадско-тобагојски. А за народ? Обично има посебна придавка за народ и посебна за држава.--Никола Стоіаноски 12:39, 30 октомври 2011 (CET)
- Не ќе да е „-јски“ (гледам и кај Тонга си го ставил), не знам од кај ти е тоа :) Ако име нешто, тогаш е „тобаговски“ (значи „-овски“), но сè зависи од случај до случај. Покрај тоа, не се користат сложенки при придавки, исто како што не користи англискиот. Само тринидадски и толку. Се користи секогаш само по едно. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:42, 30 октомври 2011 (CET)
- Тоа ми е од правописот, таму е така пишано тонгајски. ОК е за тринидадски. --Никола Стоіаноски 12:44, 30 октомври 2011 (CET)
Антигва и Барбуда
уредиКоја е придавката за оваа држава?--Никола Стоіаноски 12:40, 30 октомври 2011 (CET)
- Demonym: Antiguan, Barbudan, што значи антигвански или барбудански. Наведи ги двете така. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:44, 30 октомври 2011 (CET)
- ОК.
Белизе
уредиЕ ова во правописот е многу чудно. Наведено е како Белисе, Белисејка, Белисеец, белисејски. Подобро е Белиски?--Никола Стоіаноски 12:46, 30 октомври 2011 (CET)
- „белиски“. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:47, 30 октомври 2011 (CET)
Брег на Слоновата Коска
уредиПридавка за ова?--Никола Стоіаноски 12:53, 30 октомври 2011 (CET)
Туркс и Кајкос
уредиЕ ова е доста терсене. Англиската вели демоним: Turks and Caicos Islander и толку. Консултирајќи го списоков: en:Adjectivals and demonyms for countries and nations, гледам дека ова е демоним, но под придавка стои none :) --Б. Јанкулоски (разговор) 12:52, 30 октомври 2011 (CET)
- Мислам дека мора да имаме придавка за оваа територија. По фонетскиот принцип би дошло турчки и кајкоски. Второто ми звучи ОК, ама првото е ептен чудно. --Никола Стоіаноски 12:54, 30 октомври 2011 (CET)
Да, ама во кајковски (мора да е со в) е нејасно за што станува збор. Некако не ми оди...инаку и англискиот ќе имаше. Можеби ќе мораме сепак да направиме сложенка „туркокајковски“ :). Не знам, кажи што мислиш --Б. Јанкулоски (разговор) 12:57, 30 октомври 2011 (CET)
- Ми се допаѓа сложенката. Може да ја користиме. --Никола Стоіаноски 12:59, 30 октомври 2011 (CET)
Гвинеја-Бисау
уредиКако е правилно името на оваа држава? Во правописот е Гвинеја-Бисао.--Никола Стоіаноски 13:00, 30 октомври 2011 (CET)
- Да, при транслитерација на португалски поими, македонскиот се води по пишувањето, не изговорот. Затоа имаме Сао Паоло, не Паулу и сл. Веројатно е неправилно и она транслитерирање завршно -s како „-ш“ во бразилските географски поими (го имам забележано во статии).
Инаку за придавка, англискиот список вели дека за Гвинеја и Гвинеја-Бисао е едно исто - „гвинејски“.
- Значи придавката е гвинејски, а името ќе го менуваме?--Никола Стоіаноски 13:29, 30 октомври 2011 (CET)
- Името е утврдено одамна како „Гвинеја-Бисао“, па нека стои така (иако можеби не е исправно). --Б. Јанкулоски (разговор) 13:33, 30 октомври 2011 (CET)
Доминиканска Република
уредиДоминиканска Република или Доминикана?--Никола Стоіаноски 13:05, 30 октомври 2011 (CET)
- Едиственото име на земјата кај нас е Доминиканска Република. Списокот вели дека обете земји Доминиканска Република и Доминика имаат една иста придавка: „доминикански“, а на англиски се разликуваат по различно место на ставање на акцентот. Кај нас или треба да стојат исти, или да биде „доминикански“ и „доминички“. Кажи што мислиш дека е посоодветно. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:16, 30 октомври 2011 (CET)
- Јас мислам дека треба да стојат исто, како што се придавките на ДР Конго - Република Конго, Гвинеја - Гвинеја-Бисау, Северна Кореја - Јужна Кореја. Нели се користат истите придавки?--Никола Стоіаноски 13:23, 30 октомври 2011 (CET)
- Истите се, освен кај ДР Кореја и Р. Кореја вообичаено е „севернокорејски“ и „јужнокорејски“. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:29, 30 октомври 2011 (CET)
- ОК. --Никола Стоіаноски 13:31, 30 октомври 2011 (CET)
- Јас мислам дека треба да стојат исто, како што се придавките на ДР Конго - Република Конго, Гвинеја - Гвинеја-Бисау, Северна Кореја - Јужна Кореја. Нели се користат истите придавки?--Никола Стоіаноски 13:23, 30 октомври 2011 (CET)
Екваторска Гвинеја
уредиЕкваторскогвинејски или гвинејски?--Никола Стоіаноски 13:06, 30 октомври 2011 (CET)
- Англискиот список што го посочив за Екваторска Гвинеја дава Equatorial Guinean и Equatoguinean, што кај нас би морало да биде „екватогвинејски“. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:11, 30 октомври 2011 (CET)
- Може екватогвинејски.--Никола Стоіаноски 13:24, 30 октомври 2011 (CET)
Исти придавки за различни држави
уредиДали да користиме исти придавки за две различни држави? Во прашање се: Гвинеја, Гвинеја-Бисао и Екваторска Гвинеја, ДР Конго и Република Конго, Северна и Јужна Кореја, Доминика и Доминиканска Република, Источен и Западен Тимор, Јужен и Северен Судан, Јужна и Северна Осетија, Република Кина и НР Кина, Северен и Јужен Кипар. Кои се придавките за овие држави?--Никола Стоіаноски 13:28, 30 октомври 2011 (CET)
- Вака, по ред: гвинејски, гвинејски, екватогвинејски, конгоански, конгоански, севернокорејски, јужнокорејски, доминички, доминикански, источнотиморски, западнотиморски, јужносудански, северносудански, јужноосетски, северноосетски, тајвански, кинески, севернокипарски, јужнокипарски. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:35, 30 октомври 2011 (CET)
ОК. --Никола Стоіаноски 13:38, 30 октомври 2011 (CET)
- Не се користи „кинески“ за Тајван?--Никола Стоіаноски 13:40, 30 октомври 2011 (CET)
- значи „осетски“, без и (за државата со „и“) бидејќи народот се Осети, не Осетијци, а за Република Кина, само „тајвански“, инаку доаѓа до забуна. За Тајван не се користи кинески, дури ни на англиски, а кај нас како што ти е познато секогаш е „тајвански“ --Б. Јанкулоски (разговор) 13:42, 30 октомври 2011 (CET)
- ОК, поправив.--Никола Стоіаноски 13:44, 30 октомври 2011 (CET)
- значи „осетски“, без и (за државата со „и“) бидејќи народот се Осети, не Осетијци, а за Република Кина, само „тајвански“, инаку доаѓа до забуна. За Тајван не се користи кинески, дури ни на англиски, а кај нас како што ти е познато секогаш е „тајвански“ --Б. Јанкулоски (разговор) 13:42, 30 октомври 2011 (CET)
- Не се користи „кинески“ за Тајван?--Никола Стоіаноски 13:40, 30 октомври 2011 (CET)
Реинион
уредиНе го заборавај Реинион - „реинионски“. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:44, 30 октомври 2011 (CET)
- Ако не е во табелата ќе го ставам.--Никола Стоіаноски 13:44, 30 октомври 2011 (CET)
Ниуе
уредиПридавка за Ниуе?--Никола Стоіаноски 13:56, 30 октомври 2011 (CET)
- „ниуеански“, го имам користено повеќе пати. Исто и за Палау.
Обединети Арапски Емирати
уредиДали придавката е емиратски?--Никола Стоіаноски 13:58, 30 октомври 2011 (CET)
- да, „емиратски“. емирски е владетелска придавка.
Свазилендски
уредиЗа државата е свазилендски? Свазиски е за народ колку што знам.--Никола Стоіаноски 14:01, 30 октомври 2011 (CET)
- да, „свазиски“. --Б. Јанкулоски (разговор) 14:06, 30 октомври 2011 (CET)
Света Луција, Свети Винсент и Гренадини и Свети Кристофер и Невис
уредиСвета Луција е целосно на македонски, но како е придавката? Свети Винсент и Гренадини е делумно на македонски (мислам треба да е Свети Винцент и Гренадини), но како е придавката? Свети Кристофер и Невис е целосно на македонски, но како е придавката? --Никола Стоіаноски 14:05, 30 октомври 2011 (CET)
Вака, еве за разни терсене земји:
- Американски Девствени Острови - амердевственски (аналогно на постоечкото „америндиски“) и само „девственски“
- Британска Индоокеанска Територија - индоокеански (населението се состои од Индуси и Тамилци)
- Британски Девствени Острови - бритодевственски и само „девственски“
- Кокосови Острови - кокосовски
- Нова Каледонија - новокаледонски
- Питкернски Острови - питкернски
- Порторико - порторикански
- Света Елена - светоеленски
- Свети Пјер и Микелон - светопјерски, микелонски
- Северна Ирска - северноирски, ирски
- Северни Маријански Острови - северномаријански
- Француска Гвајана - франкогвајански
- Француска Полинезија - франкополинезиски
Саудиска Арабија
уредиАрапски или саудиски?--Никола Стоіаноски 14:09, 30 октомври 2011 (CET)
- „саудиски“ --Б. Јанкулоски (разговор) 14:12, 30 октомври 2011 (CET)
Брег на Слоновата Коска
уредиЗа Брегот на Слоновата Коска, рускиот гледам дека се води по португалскиот официјален - „кабовердански“. Така нека биде и кај нас. --Б. Јанкулоски (разговор) 14:33, 30 октомври 2011 (CET)
- Мислиш „котивоарски“. Може да се користи. --Никола Стоіаноски 14:37, 30 октомври 2011 (CET)
- Извини, работејќи 5 нешта во исто време се смешав со Зелен ‘Рт. Да, „котивоарски“. --Б. Јанкулоски (разговор) 14:40, 30 октомври 2011 (CET)
- Не е проблем. Готов е списокот, освен да се додадат некои независни територии. Веќе го предложив овој список, види Википедија:Правилник за именување држави и изведени придавки. Позз--Никола Стоіаноски 14:45, 30 октомври 2011 (CET)
- Сега вршам подробна проверка и евентуални поправки, ама нека оди предлогот, сигурно нема сите да се затрчаат :) --Б. Јанкулоски (разговор) 14:48, 30 октомври 2011 (CET)
- Не е проблем. Готов е списокот, освен да се додадат некои независни територии. Веќе го предложив овој список, види Википедија:Правилник за именување држави и изведени придавки. Позз--Никола Стоіаноски 14:45, 30 октомври 2011 (CET)
Патем, каде планираш да се истакнува правилникот и на кој начин да им се укажува на уредниците да го следат? --Б. Јанкулоски (разговор) 14:49, 30 октомври 2011 (CET)
- Тука објавив. --Никола Стоіаноски 16:01, 30 октомври 2011 (CET)
Барбадос
уреди- Зошто „зимбабвејски“, а не зимбабвеански? Така е во правописот, или? --Б. Јанкулоски (разговор) 14:56, 30 октомври 2011 (CET)
- Да, во правопис беше зимбабвејски, јамајски, барбадошки. Ако има поправки, можеш тука да поправаш, а сиот овој разговор ќе го префрлам на новата страна за разговор. Позз--Никола Стоіаноски 15:59, 30 октомври 2011 (CET)
- Поправките веќе директно ги извршив. --Б. Јанкулоски (разговор) 16:02, 30 октомври 2011 (CET)
- Да, во правопис беше зимбабвејски, јамајски, барбадошки. Ако има поправки, можеш тука да поправаш, а сиот овој разговор ќе го префрлам на новата страна за разговор. Позз--Никола Стоіаноски 15:59, 30 октомври 2011 (CET)
- Ја префрлив сета содржина оваа страница тука и мислам дека завршивме добра работа. Ги известив сите корисници преку sitenotice. Сегашниот список е готов, а кога ќе имаме време треба:
- да додадеме граѓанство/ националност
- да ги додадеме останатите независни територии.
Поздрав--Никола Стоіаноски 16:07, 30 октомври 2011 (CET)
Претпоставувам мислиш на националност како државјанство и зависни територии (зависности)? --Б. Јанкулоски (разговор) 16:09, 30 октомври 2011 (CET)
- Да, на пример придавката за Киргистан е „киргистански“, ама за народот е „Киргизиец“. Ама ќе ги додадеме кога ќе можеме, ако немаме време сега. Ни недостасуваат поголем број зависни територии и автономни региони (извини за грешката од претходно). Дали да ги додаваме тие или овој правилник да вклучува само независни држави?--Никола Стоіаноски 16:12, 30 октомври 2011 (CET)
Процедурално! :)
уредиОдлична работа! Баш размислував деновиве дека ни недостасува нешто вакво, конвенции за именување и сл. Сепак, имам една процедурална забелешка! За да се усвои било какво правило на Википедија мора или поточно речено, пожелно е да се постигне консензус. Колку што забележав, за ова немало никаква консултација со заедницата, па оттаму чудно ми е како можело нешто да се "усвои"? Зошто не се повика заедницата да даде мислења и да го подобри правилникот? Исто така, зборот правилник може да е малку силен, нели? --FlavrSavr (разговор) 17:04, 30 октомври 2011 (CET)
- Па за оваа тема нема потреба од голема дискусија, само треба правопис и неколку корисници да го скоцкаат. Ова е предлог правилник/ правилник/ напатствие или како и да било, не е важно, важно е дека имаме и секој може да придонесе и да се подобри. Овој правилник е само за држави и изведени придавки и националности, ништо повеќе. За други правилници кои треба само да ги смислуваме секако дека ќе треба соодветна дискусија, а ова е веќе зададено во нашиот јазик, а ние само повторно го објавуваме во електронска форма. Секоја сугестија е добредојдена. Позз--Никола Стоіаноски 17:12, 30 октомври 2011 (CET)
- Никола, никаде не стои дека е ова предлог и дека може да се подобрува, туку дека е усвоен правилник и дека се бара уредниците да се придржуваат до него. Не сакам да заморувам, во принцип голема работа е завршена, само ве молам внимавајте на комуникацијата во иднина. Нас може да ни е јасно дека секаква сугестија е добредојдена, дека процесот е отворен, но некој понов уредник може да смета дека правилата се усвојуваат некаде надвор од заедницата, а некој друг уредник може да се најде затекнат што не бил вклучен во дискусијата. Исто така, не мислам дека Sitenotice треба да се користи за вакви цели, или ако веќе се објавува таму нешто да биде пократко. Сега гледам дека огромен дел од екранот го зафаќаат пораки, што е малку чудно. --FlavrSavr (разговор) 02:02, 31 октомври 2011 (CET)
- Текстот со придржувањето го ставив јас, и не планирав да стои долго време, туку само доволно за да се информира уредништвото. Никола напиша дека е препорачливо, што е впрочем исто како што стои на напатствијата на en.wiki. Тоа го ставив повеќе од психолошки аспект за да ја истакнам императивноста на правилното пишување (инаку залудно сме се мачеле). Како и секое напатствие, отворено е за измени со соодветни дискусии и консензус, но сепак над 95% од наведените се препишани од официјален правопис. Известувањето горе го изменив, па кажи ми што мислиш. --Б. Јанкулоски (разговор) 03:40, 31 октомври 2011 (CET)
- Што да ви кажам не знам. Ако сметате дека нема потреба од ова избришете го, иако се мачевме јас и Бојан. Мене уште не ми е јасно каков консензус треба за ова? Ако сакал некој, и ако му било воопшто гајле за ова, ќе го направел порано. Ни текнало на нас двајца-тројца и го направивме - патем ние тројца сме единствените кои губат време за правописот на ова издание (Бојан и Виолетова). Требаше да го именувам како предлог правилник? И да чекам никој да не одговори? Зошто да губам време со тоа кога знам дека сите кои се заинтересирани за оваа тема веќе придонесоа, а тие што сакаат да го подобрат, слободно нека го сторат тоа. Колку што ме држи сеќавањето, ниту еден правилник на Википедија не беше изгласан, туку еден корисник секогаш го пишуваше, сам и без поголема дискусија. --Никола Стоіаноски 13:59, 31 октомври 2011 (CET)
- А за sitenotice: Од искуство знаеме дека џабе има селска чешма на оваа Википедија кој никој не ја чита и не враќа на пораки. Пишав таму и никој не врати. Сајтнотајс е токму за тоа, да се известат корисниците, исто како што се известуваат за социалните мрежи. Ако е предолго, скратете го, тоа не е тешко. Текстот на предлогот го пишувавме тука, можеше секој да пише, а и додатно на тоа се дискутираше и кај мене на страницата за разговор. Цел ден вчера можеше да се види на скорешни.--Никола Стоіаноски 14:07, 31 октомври 2011 (CET)
- Во ред, без лутење, веќе реков дека моите забелешки се главно формални. Ниту имам некои позначајни забелешки за самиот правилник, ниту, вистина, ќе имав време да се нафатам на него. Не мислам дека нешто многу треба да се гласа и дискутира, едноставно сметам дека ќе беше подобро да стои дека "тоа и тоа е во изработка, ако сакате да учествувате бујрум"... ако не, никому ништо, ќе си се усвои и онака. Никој не спомна никакво бришење... единствено сакав да сугерирам подобра комуникација. Тееј... најарно да си ќутам, изгледа. :) --FlavrSavr (разговор) 22:02, 31 октомври 2011 (CET)
- А за sitenotice: Од искуство знаеме дека џабе има селска чешма на оваа Википедија кој никој не ја чита и не враќа на пораки. Пишав таму и никој не врати. Сајтнотајс е токму за тоа, да се известат корисниците, исто како што се известуваат за социалните мрежи. Ако е предолго, скратете го, тоа не е тешко. Текстот на предлогот го пишувавме тука, можеше секој да пише, а и додатно на тоа се дискутираше и кај мене на страницата за разговор. Цел ден вчера можеше да се види на скорешни.--Никола Стоіаноски 14:07, 31 октомври 2011 (CET)
- Што да ви кажам не знам. Ако сметате дека нема потреба од ова избришете го, иако се мачевме јас и Бојан. Мене уште не ми е јасно каков консензус треба за ова? Ако сакал некој, и ако му било воопшто гајле за ова, ќе го направел порано. Ни текнало на нас двајца-тројца и го направивме - патем ние тројца сме единствените кои губат време за правописот на ова издание (Бојан и Виолетова). Требаше да го именувам како предлог правилник? И да чекам никој да не одговори? Зошто да губам време со тоа кога знам дека сите кои се заинтересирани за оваа тема веќе придонесоа, а тие што сакаат да го подобрат, слободно нека го сторат тоа. Колку што ме држи сеќавањето, ниту еден правилник на Википедија не беше изгласан, туку еден корисник секогаш го пишуваше, сам и без поголема дискусија. --Никола Стоіаноски 13:59, 31 октомври 2011 (CET)
- Текстот со придржувањето го ставив јас, и не планирав да стои долго време, туку само доволно за да се информира уредништвото. Никола напиша дека е препорачливо, што е впрочем исто како што стои на напатствијата на en.wiki. Тоа го ставив повеќе од психолошки аспект за да ја истакнам императивноста на правилното пишување (инаку залудно сме се мачеле). Како и секое напатствие, отворено е за измени со соодветни дискусии и консензус, но сепак над 95% од наведените се препишани од официјален правопис. Известувањето горе го изменив, па кажи ми што мислиш. --Б. Јанкулоски (разговор) 03:40, 31 октомври 2011 (CET)
- Не сме лути, но поради самиот начин на функционирање на овој проект (никому не му е гајле што се дискутира - се разбира чест на исклучоци) се доведуваме во вакви ситуации. Нема гајле, се е во ред ако правилников е добро составен. Поз--Никола Стоіаноски 22:13, 31 октомври 2011 (CET)