Абхазија
| |||
![]() | |||
Службени јазици | апхаски, руски (според уставот на Грузија, апхаски и грузиски) | ||
главен град | Сухуми (Сухум) | ||
Координати | 43°1′0″N 41° 2′0″E | ||
Претседател¹ | Сергеј Багапш | ||
Премиер¹ | Александар Анкваб | ||
¹ Раководство на самопрогласената република Абхазија | |||
Претседател на Врховен Совет² |
Темур Мжавија | ||
Претседател на совет на министри² | Ираклиј Аласанија | ||
² Раководители на државните признати грузиски органи | |||
Независност - Прогласена - Призната |
од Грузија 23 јули 1992 од Русија и Никарагва | ||
Површина - Общо - % водн. пов. |
8600 км² незначителна | ||
Население - Вкупно 2000 г. - Густина |
250 000 29/км² | ||
Валута | рубља | ||
Часовен појас | UTC +3 |
Абхазија (апхаски: Аҧсны/Апсни, грузиски:Апхазети) е де факто независна република во состав на Грузија. Независноста на Абхазија е призната од Венецуела, Русија, Никарагва и Науру. Во контекст на тоа не се признаваат за легитимни никакви органи на власта и држаните дејствија на областа. Големиот дел од населението има руско државјанство. Главен град на Абхазија е Сухуми.
Географија Уреди
Абхазија зазема површина од околу 8600 км2. Расположена е во северозападната страна на Грузија. Има излез на Црно Море. На северозапад се граничи со Краснодарскиот крај, а Кавкаските планини служат како граница помеѓу Абхазија и Карачаево-Черкесија. На исток областа се граничи со Сванетија, а на југоисток — со Самегрело.
Релјефот на Абхазија е претежно ридско-планински (75%). Поголемиот дел од населението живее по или во крајбрежјето и во долините со големи водни текови. Климата е блага и во советско време Абхазија ја нарекуваа „грузинска ривиера“. Кавкаските планини служат за преграда пред студените северни ветрови. Климата по крајбрежјето е суптропска, а средната годишна температура во Абхазија е околу 15 °C. Средните јануарски температури се 4-6 °C, а средните јулски варират меѓу 22 и 23 °C. Силниот мраз ретко се сретнува во зимата по Црноморието.
Реоните со надморска висина над 1000 m имаат планински клима, во која зимите се многу студени, а летата се долги и топли. Со зголемувањето на надморската височина (над 2000 m) зимата е уште постудена, а летото — пократко.
Економија Уреди
Платежно средство во областа е руската рубља. Во Абхазија се произведува чај, тутун, вино и плодови.
Демографија Уреди
Населението на Абхазија се состои од околу 525 061 жител. Од нив 44% се Грузијци и само 17% се Апхазијци. 16% се определуваат како Руси, 15% се Ерменци. Останатите се Украинци и други народи.
Култура Уреди
Абхазија издава свои поштенски марки.
Галерија Уреди
-
Нови Атхос манастир
-
Гагра
-
Адскиот водопад
-
поглед на Сухуми 1
-
Поглед Сухуми 2
-
Сухумскиот парк
-
Сухумската ботаничка градина
-
Драмскиот театар во Сухуми
Надворешни врски Уреди
- President of the Republic of Abkhazia. Official site (en, ru, ab, tr) Архивирано на 7 ноември 2006 г.
- Abkhaziya.org Архивирано на 3 април 2006 г.
- Abhazia.com
- www.apsny.ru
- www.abkhaziya.info Архивирано на 21 август 2006 г.
- apsni.com
- abkhazeti.ru