Википедија:Автобиографија

Пишувањето автобиографија на Википедија е пример за уредување со конфликт на интерес и е обесхрабрено. Уредувањето биографија за себе е прифатливо само ако отстранувате недвосмислен вандализам или јасни и сериозни прекршувања на нашата политика за биографии на живи личности.

Избегнувањето на такво уредување ја одржува Википедија неутрална и помага да се избегне туркање на одредена гледна точка.

Пишувањето автобиографии е обесхрабрено, бидејќи е тешко да се напише неутрална, проверлива автобиографија, а има и многу замки.

Би требало да почекате некој друг да напише статија за вас и вашите постигнувања.

Проблемот со автобиографиите

уреди

Постојат голем број основни проблеми со автобиографиите:

  • Тие често се пристрасни, и обично напишано е само позитивното за личноста. Секој пишува премногу позитивни впечатоци за себе, и честопати ги прикажува мислењата како факти. Википедија има за цел да избегне претставување на мислењата како факти. Неутрална гледна точка не значи едноставно пишување во трето лице.
  • Автобиографиите се често непроверливи. Ако единствениот извор за одреден факт за вас сте вие самите, читателите не можат да го потврдат тоа. Сè на Википедија мора да биде проверливо. На пример, често се прават непроверливи автобиографски тврдења за нечии мисли, вклучувајќи ги чувствата, надежите, соништата и аспирациите. Нема начин читателите да го потврдат она што го мислите, освен ако наведете неутрален извор кој известува дека јавно ги изразувате вашите мисли.
  • Автобиографиите можат да содржат оригинално истражување. Луѓето често вклучуваат информации во автобиографии кои никогаш претходно не биле објавени или се резултат на знаење за нештата од прва рака. Википедија е енциклопедија и не смее да содржи претходно необјавени информации, ниту дозволува оригинално истражување.

Во овој контекст, „автобиографија“ не е само биографија што сте ја напишале за себе, туку и биографија што сте ја платиле или сте наредиле некој друг да ја напише во ваше име.

Зошто постојат овие проблеми

уреди

Вашата сопствена неутралност не може соодветно да се одреди без надворешни извори или анализи. Несвесните предрасуди се вообичаени и проблематични во автобиографските написи, кои влијаат на неутралноста и проверливоста.

Дури и ако мислите дека можете да напишете проверлива автобиографија, можеби сепак нема да можете да останете неутрални. На пример, фактот дека вашата работа е преведена на различни јазици или изведена во други земји, може да биде и намерна самопофалба, или пак да изнесувате детали кои можеби не се проверливи или не се релевантни за една енциклопедија.

Ако Википедија веќе има статија за вас

уреди

Тешко е да се пишува неутрално и објективно за себе, затоа треба да дозволите другите да пишуваат.

Сепак можете на страницата за разговор на статијата да предложите измени и дополнувања, но треба да дозволите независните уредници да го вметнат тоа во самата статија.

Во јасни случаи, дозволено е уредување на страници поврзани со вас, како: враќање на вандализам; но само ако тоа е очигледен вандализам, а не содржински спор. Слично на тоа, смеете да ги отстраните очигледно погрешните факти за себе, како што се брачниот статус, моменталниот работодавач, местото на раѓање, итн. со тоа што ќе ги запишете на страницата за разговор. Ако фактот има различни толкувања, другите ќе го уредуваат.

Бидејќи Википедија е енциклопедија, таа треба да биде трет извор — не треба да содржи никакви „нови“ информации или теории (видете Википедија:Без свои истражувања) и повеќето информации треба да постојат во извори од неутрални страници што може да се проверат. Фактите и појаснувањата што можеби сакате да ги додадете во статија за себе мора да бидат проверливи со сигурни извори.

Ако не сте значајни според начелата на Википедија, пишување на статија за себе ја крши политиката која вели дека Википедија не е место за бесплатна реклама или место за вашето работно си-ви, па според тоа, таквата статија ги исполнува критериумите за „брзо бришење“. Искуството покажува дека луѓето не се во состојба да одредат дали се доволно значајни за да ги има во една енциклопедија. Ако вашиот живот и достигнувања се проверливи и навистина од значење за да ве има на енциклопедија, некој друг веројатно ќе создаде статија за вас порано или подоцна. Имајте на ум дека ние сакаме биографии на Википедија, а не автобиографии.