Википедија:Етика
На оваа страница се наведени принципите на Вики-етиката, кои служат како напатствија за тоа како треба да работите со останатите корисници на проектот.
Уредувачите на македонската Википедија имаат различни размислувања, ставови и погледи по многу прашања. Однесувањето со почит кон останатите е клучот за успешна соработка и изработка на што посовршена енциклопедија.
Основни принципи
уреди- Претпоставете добронамерност. Продуктивноста на Википедија се должи на фактот што таа е слободна за секој што сака да придонесува и да состави квалитетна статија.
- Запомнете го правилото: Однесувајте се кон другите така како што вие би сакале да се однесуваат спрема вас.
- Бидете учтиви.
- Бидете внимателни при составување на пораките наменети за страниците за разговор. Пишаните пораки можат да бидат двосмислени и да бидат поинаку сфатени. Исто така не избрзувајте во донесување на заклучоци во однос на останатите корисници. Можеби конотацијата на нивните пораки не е таква како што вие си мислите.
- Освен ако немате добра причина за тоа, потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор.
- Стремете се кон постигнување на консензус.
- Докажете дека сте во право користејќи аргументи, а не лични ставови.
- Ако другите уредувачи не се баш најучтиви кон вас, немојте и вие да возвраќате со непристоен тон.
- Дајте пофалба кога таа е заслужена. Секој би сакал неговиот труд да се цени.
- Помогнете им на другите уредувачи да надминат некое несогласување.
- Ако сте исфрустрирани поради некоја вжештена дебата, земете одмор од Википедија. Ако забележите дека постои тензија помеѓу некои корисници, предложете им мал одмор кој многу ќе им користи.
- Запомнете што не е Википедија.
- Избегнувајте да враќате промени освен кога тоа е неопходно. Притоа внимавајте да не го прекршите тројното правило.
- Би било пожелно во резимето да објасните зошто враќате промени кои другите ги направиле.
- Не запаѓајте во уредувачки војни.
- Не заборавајте дека луѓето со кои спорите околу некое прашање имаат чувства и дигнитет. Затоа одржувајте високо ниво на култура и комуникација.
Други корисни совети
уреди- Бидете отворени и љубезни, никако нападни или зајадливи.
- Енергијата насочете ја кон подобрување на енциклопедијата.
- Препознајте што е квалитетна статија (детална, поткрепена со извори и солидно напишана) и пофалете ја.
- Пишаниот текст треба да биде од неутрална гледна точка, многу важно начело на Википедија.
- Со колегите постапувајте во духот на добрата волја.
- Ако не можете да се снајдете, побарајте совет од поискусен уредувач.
- Ако имате прилика, поканете лица кои се стручни во некоја област да пишуваат на Википедија.
- На корисниците кои тролуваат, вандализираат или ја нарушуваат работната атмосфера препорачајте им да ја прочитаат оваа страница.[1]
Белешки
уреди- ↑ Напишано од Лери Сејнџер на неговата корисничка страница на 14 февруари, 2003
|