Бомбардирање на Велес (1941)
Во првата половина на април 1941 година како дел од краткотрајната априлска војна помеѓу Кралството Југославија и Третиот Рајх, фашистичка Бугарија и Кралството Италија градот Велес бил бомбардиран три пати. Првото и најсуровото бомбардирање се одвивало во 7 април 1941 година од страна на германската фашистичка авијациска сила „Луфтвафе“. Следниот ден на 8 април градот целосно подпаднал под германска фашистичка окупација од страна на 73-та пешадиска моторизирана СС дивизија „Адолф Хитлер“. Првото бомбардирање имало најголема штета кон градот и нејзините жители.
Бомбардирање на Велес | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Велес и Велешко во НОБ | |||||||
Слика од куќите после бомбардирањето на германската авијациска сила |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Кралство Југославија | Прво бомбардирање Луфтвафе Второ бомбардирање РАФ Трето бомбардирање РАФ |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
Прво бомбардирање
Второ бомбардирање
Трето бомбардирање
Вкупно
| Прво бомбардирање
Второ бомбардирање
Трето бомбардирање
|
Кога подпаднало градот на германска фашистичка окупација, државните авијациски сили на Велика Британија којшто биле во војна со Третиот Рајх повторно го бомбардирале градот во 9 април 1941 година со едиствена цел да ги уништиле сите железничи пруги којшто го поврзале градот за да не биле злоупотребени од страна на Третиот Рајх против непријателите. Во 14-ти април 1941 година градот повторно бил бомбардиран од страна на силата на Велика Британија, овој пат британските воени водачи како Винстин Черчил грешно верувале дека велешкото население сакало да соработува со окупаторите и заради тоа повторно го бомбардирале градот.
Вкупните три бомбардирање на градот од 7 април до 14 април биле ужасни за локалното население, многумина имоти, куќи, патишта, пазари, дуќани, цркви и образовни институции биле целосно уништени, според проценки околу 65 жртви загинале во трите напади и над 210 куќи биле уништени. Но велешкиот историчар Ѓорѓи Малковски и македонскиот историчар Стефан Влахов Мицов веруваат дека штетата била дури поголема, според нивните проценки над 100 жртви загинале и над 400 куќи биле уништени, изгорени или многу оштетени. Нападите биле многу голема загуба за велешкиот народ, цели семејства загинале за време на нападите.
Бомбардирањето и падот на Велес под суровата германска фашистичка окупација и после бугарската ксенофобиска фашистичка окупација се сметаат како почетокот на народното ослободително движење во Велес и велешкиот реон и после три години во 9-ти ноември 1944 година градот Велес бил конечно ослободен од бугарските и германските фашистички окупатори. Голем дел од жртвите којшто загинале во бомбардирањето се денес погребани во црквата „Св Спас“ и црквата „Св. Пантелејмон“.
Историја
уредиПрво бомбардирање
уреди"Сабајлината беше малку врнежливо ама потоа се отвори убав и топол сончев пролетен ден. Повеќето жители сѐ уште не беа разбудени и беа во постела... зататнија германските штуки. Тие јуришни авиони беа препознатливи по свиените крила во вид на буквата W и беа опремени со посебни турбини кои произведуваа застрашувачки звук. Нивниот стил на напад беше вертикално спуштање кон целта. Беа опремени со два митролеза и носеа по 6 бомби"
— Сеќавањето на еден велешки сведок
Во 6-ти април 1941 година Третиот Рајх ја почнала априлската инвазија со единствена цела на целосното ликвидирање на Кралството Југославија. Во 6-ти април тие ги поразиле Брегалничката и Моравската дивизија којшто биле дел од југословенската армија, во истиот ден армијата на Третиот Рајх успешно ги поразиле гарнизоните на некој од македонските градови и ги освоиле како Струмица, Крива Паланка и Делчево. Главната причина за нивниот успех е заради големата моќ на тогашната германска армија и заради нивната развиена авијациска сила позната по името Луфтвафе. Тие ги бомбардирале месностите на армијата и кога пробале да се реорганизирале би ги поразиле.[1]
Во вечерта на 6-ти април воените водачи на германската армија задржиле средба за како би ги освоиле останатите територии на Македонија во Југославија, главната одлука којшто биле донесена е тоа што требало прво воените системи во реонот да бидат уништени за да немаат толку отпор југословенската армија против Германците. Заради тоа во 7-ми април 1941 година им ја дадоа наредбата на германската Луфтвафе да ги бомбардирала градовите со најголема сконцентрација на југословенски војници. Во утрото на 7-ми април тие ја исполнија наредбата и ги бомбардирале градовите Штип, Кочани, Скопје и градот Велес.[1]
На утрото во седми април, околу шесте часот првите авијациски авиони го бомбардирале градот Велес, првите бомби биле сконцентирани кон делата на градот со големо војско присуство, тие прво ги уништиле воените авиони на велешкиот гарнизон во црквите „Св Спас“ и „Св. Пантелејмон“. По паѓањето на првите бомби почнало паника помеѓу велешкиот народ, се огласиле камбаните на црквите во градот, на Гимназијата и на Градскиот часовник. Часеви во сите основни и средни училишта биле прекинати и сите ја добиле наредбата да почнале да пронајдат место за безбедност. За време на бомбардирањето Велес тринаесет пати бил надлетуван од германски авиони.[2]
Градот бил завиткан во густа, темна, маглива завеса. Воздухот мрисал на барут и чад, а многу куќи гореле. Во тој напад од воздух имало и урнати куќи во градот кои биле направени од плитар, други со оштетени ѕидови и покриви. Велес се тресел од експлозиите на бомбите. Некои луѓе започнале да бегаат, бесцелно да лутаат наоколу и станале лесни мети за германските бомби и авиони. Најтешко биле погодени велешките населби Којник, Бузаана, Мегдан, С'рмаале. Започнала да дејствува и против-воздушната одбрана од позиција на црквата „Свети Спас“ потоа од над црквата „Свети Пантелејмон“ и од ридот Вршник. Против-авионски орудија имало поставено во полето кај фабриката за производство на талк, кај мигдалите засадени на ридот Гроот и во низискиот дел на градот, поточно во Речани. Најуспешна одбрана дала војската поставена кај црквата „Свети Спас“ која погодила два авиони, од кои едниот морал да се спушти принудно во поле кај Лозово, не се знае точната позиција.[3]
Бомбардирањето на Велес траело 2 до 3 часа. Градот станал пуст. Дел од жителите се криеле во куќите, дел успеале да избегаат надвор од Велес и да спасат глава засолнувајќи се на околните ридови и во градините на месноста Речани. Дел од нив заминале во околните села. Тие што останале дома, скриени во подрумите, визбите и плевните, а преживеале, штом завршило бомбардирањето први почнале да ги расчистуваат урнатите куќи, под кои главно се наоѓале загинатите велешани. По бомбардирањето цел ден Германците извидувале и надлетувале со авионите. Вечерта во 19 часот во градот влегле војниците на Извидничкиот баталјон на 73-та пешадиска моторизирана СС дивизија „Адолф Хитлер“. Тие ги зазеле сите стратегиски важни места и објекти - Железничката станица, Поштата, поставиле митролески гнезда на мостовите, на стратегиските височини, на поголемите раскрсници, на плоштад Сармаале. Веднаш почнале да поставуваат објави и повици до граѓаните во кои ги повикувале на мир, стрпливост и соработка.[3][4]
При бомбардирањето на Велес на 7 април 1941 година, беа засегнати и некои објекти, главно магазински простории на војската, непосредно до железничката станица. Штетата што придонесе бомбардирањето на германскиот луфтвафе била голема. Нивното бомбардирање од сите други три било најсуровото. 49 жртви загинале во бомбардирањето, неколку фамилии биле целосно уништени додека над 100 куќи биле уништени и неколкумина од црквите биле многу оштетени. Истакната велешка гимназија исто така била оштетена од бомбардирањето. Следниот ден градот целосно подпаднал под германска фашистичка окупација од страна на 73-та пешадиска моторизирана СС дивизија „Адолф Хитлер“.[4]
Список на жртви од првото бомбардирање
уредиСпоред истражувањето на велешкиот историчар Ѓорѓи Малковски во неговата книга „Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга“ жртвите во првото бомбардирање се:[5]
Број | Име | Датум на раѓање | Место на раѓање | Работа | Години | Народност |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Ката Димкова Андова | 1900 | Велес | Тутунберачка | 40/41 години | Македонци |
2 | Рајна Илиева Брзакова | 1918 | 22/23 години | |||
3 | Ристе Тодоров Брзаков | 21 март, 1937 | Нема | 4 години | ||
4 | Љубенка Тодорова Брзакова | 22 јануари, 1939 | 2 години | |||
5 | Коле Илиев Гајдов | 26 февруари, 1923 | Политички активист | 18 години | ||
6 | Сутка Ѓошева Грацковалиева | 6 декември, 1912 | Домаќинка | 28 години | ||
7 | Петре Страшев Дебарлиев | 5 февруари, 1932 | Нема | 9 години | ||
8 | Сута Јорданова Демниева | 1925 | Домаќинка | 15/16 години | ||
9 | Благојка Петрова Ѓорчева | 8 декември, 1920 | Тутунберачка | 20 години | ||
10 | Љупка Петрова Ѓорчева | 26 февруари, 1938 | Нема | 3 години | ||
11 | Тодор Игнов Ѓорѓиев | 1866 | Војница, Велешко | Пензија | 74/75 години | |
12 | Радица Ѓурѓевиќ | 1902 | Краљево, Србија | Непознато | 38/39 години | Срби |
13 | Сава Димкова Ингилизова | 1881 | Велес | Домаќинка | 59/60 години | Македонци |
14 | Димко Јорданов Ингилизов | 1896 | Ѕидар | 44/45 години | ||
15 | Коцка Ристева Јанова | 1922 | Домаќинка | 18/19 години | ||
16 | Алексо Петрев Јанков | 1880 | Свеќани, Велешко | Земјоделец | 60/61 години | |
17 | Цвета Марковиќ | 1912 | Куманово | Банкарка | 28/29 години | Срби |
18 | Панче Јованов Митев | 1901 | Велес | Ортомар | 39/40 години | Македонци |
19 | Ката Стефанова Мицева | 1907 | Домаќинка | 33/34 години | ||
20 | Аница Стефанова Мицева | 17 јули, 1937 | Нема | 3 години | ||
21 | Тодор Стефанов Мицев | 16 јануари, 1941 | 2 месеца | |||
22 | Ангел Нацев Николов | 1921 | Општ работник | 19/20 години | ||
23 | Павлина Грацковалиева Најдова | 1889 | Домаќинка | 51/52 години | ||
24 | Божана Димова Николова | 1923 | Тутунберачка | 17/18 години | ||
25 | Аспар Алексов Палашев | 1899 | Инспектор | 41/42 години | Турци | |
26 | Диме Петрушев | 1860 | Долно Врановци, Велешко | Земјоделец | 80/81 години | Македонци |
27 | Ефка Панова Петрушева | 1896 | Велес | Домаќинка | 44/45 години | |
28 | Борче Миланов Петрушев | 19 јануари, 1929 | Нема | 11 години | ||
29 | Никола Поп Панчев | 1888 | Столар | 50/51 години | ||
30 | Магда Николова Поп Панчева | 1920 | Нема | 20/21 години | ||
31 | Борис Миланов Пупулиев | 29 јануари, 1920 | Пекар | 21 години | ||
32 | Сава Димова 'Ржарова | 1883 | Домаќинка | 57/58 години | ||
33 | Ордан Димов 'Ржаров | 1906 | Дурманџија | 34/35 години | ||
34 | Милка Димова 'Ржарова | 1923 | Домаќинка | 17/18 години | ||
35 | Илија Ристов Ристов | 1886 | Општ работник | 54/55 години | ||
36 | Пандора Панчева Ристова | 1890 | Домаќинка | 50/51 години | ||
37 | Павлина Јованова Скубарова | Стари Град, Велешко | ||||
38 | Ленка Николова Софијанова | 1870 | Велес | 70/71 години | ||
39 | Круме Тодоров Србов | 1901 | Занаетчија | 39/40 години | ||
40 | Стојан Јованов Станков | 1917 | Столар | 23/24 години | ||
41 | Розалиа Тотх | 1894 | Сегед, Унгарија | Непознато | 46/47 години | Унгарци |
42 | Мица Панова Чорева | 1888 | Велес | Домаќинка | 50/51 години | Македонци |
43 | Веселинка Петрова Чорева | 1914 | 26/27 години | |||
44 | Васе Петрев Чингарлиев | 1906 | Тутунберач | 34/35 години | ||
45 | Павлина Цанина Чупчева | 1892 | Новачани, Велешко | Домаќинка | 48/49 години | |
46 | Лила Илиева Чупчева | 10 март, 1925 | Велес | Тутунберачка | 16 години | |
47 | Десанка Илиева Чупчева | 21 февруари, 1931 | Нема | 10 години | ||
48 | Тоше Илиев Чупчев | 19 февруари, 1935 | 6 години | |||
49 | Никола Гигов Џампалов | 1886 | Домаќин | 54/55 години |
Возрасна група | Вкупен број на жртви | Број на жени | Број на мажи | Процент од загинатите |
---|---|---|---|---|
0-5 години | 5 | 3 | 2 | 10,2% |
6-10 години | 3 | 1 | 2 | 6,1% |
11-15 години | 2 | 1 | 1 | 4,1% |
16-20 години | 8 | 5 | 3 | 16,3% |
21-25 години | 3 | 1 | 2 | 6,1% |
26-30 години | 3 | 3 | 0 | 6,1% |
31-35 години | 3 | 1 | 2 | 6,1% |
36-40 години | 4 | 2 | 2 | 8,2% |
41-45 години | 3 | 1 | 2 | 6,1% |
46-50 години | 6 | 5 | 1 | 12,2% |
51-55 години | 3 | 1 | 2 | 6,1% |
56-60 години | 3 | 2 | 1 | 6,1% |
61-65 години | 0 | 0 | 0 | 0% |
66-70 години | 1 | 1 | 0 | 2% |
71-75 години | 1 | 0 | 1 | 2% |
76-80 години | 1 | 0 | 1 | 2% |
Вкупно: | 49 | 27 | 22 | 100% |
Најмладата жртва во бомбардирањето бил Тодор Стефанов Мицев, тој потекнувал од родот Мицеви и се родил во градот Велес, бил само 2 месеци кога трагично загинал. Целиот род Мицеви загинале во бомбардирањето. Најстарата жртва во бомбардирањето бил Диме Петрушев од Долно Врановци, Велешко. Бил помеѓу 79 и 80 години кога загинал. За време на бомбардирањето пет документирани семејства биле целосно ликвидирани, тие се: родот Брзакови (членови: Рајна Илиева, Ристе и Љубенка Тодорови), родот Мицеви (членови: Ката, Аница и Тодор Стефанови), родот Петрушеви (членови: Диме, Ефка Панова и Борче Миланов), родот 'Ржарови (членови: Сава, Ордан и Милка Димови) и родот Чупчеви (членови: Павлина Цанина, Лила, Десенка и Тоше Илиеви).
Работа | Број на жртви | Процент |
---|---|---|
Тутунберачи | 6 | 12,3% |
Без работа | 10 | 20,4% |
Политички активизам | 1 | 2% |
Домаќинство | 16 | 32,7% |
Пензиониран | 1 | 2% |
Ѕидарство | 1 | 2% |
Земјоделство | 2 | 4,1% |
Банкарство | 1 | 2% |
Ортомарство | 1 | 2% |
Општ работник | 2 | 4,1% |
Инспектор | 1 | 2% |
Столарство | 2 | 4,1% |
Пекарница | 1 | 2% |
Дурманџиство | 1 | 2% |
Занаетчиство | 1 | 2% |
Непознато | 2 | 4,1% |
Вкупно: | 49 | 100% |
Етничка група | Број | Процент |
---|---|---|
Македонци | 45 | 91,8% |
Срби | 2 | 4,1% |
Турци | 1 | 2% |
Унгарци | 1 | 2% |
Вкупно: | 49 | 100% |
Второ бомбардирање
уредиПотоа, на 9 април, Велес доживеал нови кошмари и ноќни бомбардирања. Во 9-ти, бомбардерите на британскиот РАФ го бомбардирале Велес и неговите најзначајни објекти од инфраструктурата како што биле Железничката станица, мостовите и складиштата. Во првото ноќно бомбардирање е разрушена старата зграда на велешката Железничка станица и погодени добар дел од вагоните со германски воен товар. За време на бомбардирањето не го погодиле познатиот градски саат во Велес.[6] Но многу ја оштетиле црквата „Св. Ѓорѓи“, местото каде што се отворило првото училиште со македонскиот јазик како службен јазик од страна на македонскиот преродбеник Јордан Хаџи Константинов-Џинот. После кога градот бил префрлен од германска окупација кон суровата бугарска фашистичка окупација тие вложиле околу 100.000 леви за да можеле повторно да го обновиле.[7]
Трето бомбардирање
уредиНа 14 април, во ноќните часови, Велес бил бомбардиран од страна на англиските бомбардери. Тогаш биле погодени неколку десетици куќи во населбите Дворови, Којник, Бузаана, Мегдан како и плоштадот С'рмаале. За второто бомбардирање, на 14 април, германците ги разместиле своите нафтени вагони од Железничката станица до центарот на градот. Истовремено со јаки рефлектори ги осветлиле деловите од градот како Којник, Бузаана, Мегдан како и на спротивната страна па англиските пилоти својот смртоносен товар го истуриле таму. За среќа градот била што во бомбардирањето не била погодена ниту една цистерна со бензин и нафта бидејќи Велес ќе изгорел до темел. Четиринаесет дена подоцна поточно на 28 април, окупаторите на градот наредил да започне повторно наставата во училиштата, а германските сили во градот биле целосно резервирани кон месното население, кое се вратило набрзо на редовната земјоделска работа низ нивите во полињата. Паралелно се расчистувале и поправале куќите, се преземале редовни акции за да се спречат евентуални епидемии, запишал во своите белешки што подоцна се публикувани д-р Ангел Арсов.[3]
Список на жртви од третото бомбардирање
уредиСпоред истражувањето на велешкиот историчар Ѓорѓи Малковски во неговата книга „Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга“ жртвите во третото бомбардирање се:[5]
Број | Име | Датум на раѓање | Место на раѓање | Работа | Години | Народност |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Андреја Тодоров Андреев | 1883 | Велес | Касап | 47/48 години | Македонци |
2 | Александар Дениќ | 1888 | Алексинац, Србија | Мајстор | 42/43 години | Срби |
3 | Живка Дениќ | 1902 | Нема | 38/39 години | ||
4 | Миле Александар Дениќ | 1925 | 15/16 години | |||
5 | Мирјана Александар Дениќ | 28 декември, 1927 | 13 години | |||
6 | Светлана Александар Дениќ | 21 јануари, 1932 | Велес | 9 години | ||
7 | Славејко Илиев | 1881 | Служител | 59/60 години | Македонци | |
8 | Ѓоше Димчев Кожаров | 1934 | Нема | 6/7 години | ||
9 | Јован Димов Манев | 1880 | Чашка, Велешко | Непознато | 60/61 години | |
10 | Анде Петров Минов | 1920 | Велес | Нема | 20/21 години | |
11 | Султана Петрова Минова | 16 јуни, 1924 | 16 години | |||
12 | Ордан Петров Наков | 1890 | Градинар | 50/51 години | ||
13 | Крсте Орданов Наков | 1935 | Нема | 5/6 години | ||
14 | Павлина Орданова Накова | 1936 | 4/5 години | |||
15 | Мариче Орданова Накова | 1938 | 2/3 години | |||
16 | Томче Орданов Наков | 1939 | 1/2 години | |||
17 | Тодор Орданов Наков | 1940 | 0/1 години | |||
18 | Марица Радуловиќ | 1905 | Ѓунис, Србија | Непознато | 35/36 години | Срби |
19 | Радомир Радуловиќ | 1909 | 31/32 години | |||
20 | Киро Андреев Тодоров | 1911 | Велес | Месар | 29/30 години | Македонци |
21 | Тодор Андреев Тодоров | 5 февруари, 1921 | 19 години |
Возрасна група | Вкупен број на жртви | Број на жени | Број на мажи | Процент од загинатите |
---|---|---|---|---|
0-10 години | 7 | 3 | 4 | 33,33% |
11-20 години | 5 | 2 | 3 | 23,81% |
21-30 години | 1 | 0 | 1 | 4,76% |
31-40 години | 3 | 2 | 1 | 14,29% |
41-50 години | 3 | 0 | 3 | 14,29% |
51-60 години | 2 | 0 | 2 | 9,52% |
Вкупно: | 21 | 7 | 14 | 100% |
Работа | Број на жртви | Процент |
---|---|---|
Нема | 12 | 57,14% |
Непознато | 3 | 14,29% |
Месар | 2 | 9,52% |
Касап | 1 | 4,76% |
Градинар | 1 | 4,76% |
Служител | 1 | 4,76% |
Мајстор | 1 | 4,76% |
Вкупно: | 21 | 100% |
Етничка група | Број | Процент |
---|---|---|
Македонци | 14 | 66,66% |
Срби | 7 | 33,33% |
Вкупно: | 21 | 100% |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Владо Ивановски, Растислав Терзиоски (1981). АПРИЛСКАТА ВОЈНА И ОКУПАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА 1941 (PDF). ЗИРМ. стр. 99.
- ↑ Печков, Петар (7 април 2018). „7-ми април 1941 кога Велес беше бомбардиран од Германските фашисти“. ТиРековМиРече.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Велес и велешко за време на Втората светска војна
- ↑ 4,0 4,1 Битоски, Крсте (1973). Istorija na zeleznicite vo Makedonija, 1873-1973. Železničko transportno pretprijatie. стр. 229.
- ↑ 5,0 5,1 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 133–144.
- ↑ Данов, Љупчо (2 февруари 2020). „Непознати факти за градскиот Саат во Велес“. Дума.мк.
- ↑ Малковски, Ѓорѓи (7 октомври 2020). „Просветните прилики во Велес во Втората светска војна 1941 – 1944 година“. Македонска Нација.