Црква „Св. Спас“ - Велес
Св. Спас (Вознесение Христово) — црква во градот Велес. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Свети Спас
| |
Влезот во црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Велешко |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°42′25″N 21°47′20″E / 41.70694° СГШ; 21.78889° ИГД |
Место | Велес |
Општина | Велес |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Изградба | среден век |
Архитектонски опис |
Црквата е сместена на левата страна нана Вардар, во југоисточниот дел на градот. Лежи на неколку стотини метри од последните куќи во горниот дел на Прцорек — Рамина. Изграден е на ридот Свети Илија, спроти поголемата црква „Св. Пантелејмон“ на спротивниот брег. Се претпоставува дека датира од XIV век, веројатно од стар манастир, а обновена е во XIX век.[2] Во 1837 г. прворечките првенци издејствувале дозвола за два месеца да изградат храм во јужниот дел на градот, на местото на старата црква, и со работно учество на целото население успеале брзо да ја изградат „Свети Спас“, осветена од владиката Игнатиј Велешки. Уште од самиот почеток, богослужбата се одвивала на црковнословенски.[3]
Последните зографски работи се дело на прочуениот велешки зограф Ѓорѓи. Во јужниот дел на црквата се гробовите на видни граѓани, ктитори. Во црковниот двор е гробот на преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот. Иконата на Ное е од 1817, а иконата на св. Петар и Павле датира од 1819 г. Впечатливата камбанарија е изградена по 1912 г.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 2,0 2,1 „Црква Свети Спас“. Општина Велес. Архивирано од изворникот на 2022-06-22. Посетено на 25 октомври 2013.
- ↑ Кънчов, Васил. Сегашното и недaвното минало на град Велес, во: Избрани произведения, т. II, Издателство Наука и изкуство, София 1970, стр. 219 - 220. Посетено на 25 октомври 2013.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Спас“ - Велес на Ризницата ?