Којник
Којник е едно од најстарите и најпознатите маала на градот Велес. Се наоѓа на десната страна на реката Вардар високо на ридот Вршник. Во целост е населено само со Македонци. Препознатливо е по своите тесни и криви улички и високи убави куќи. Во рамките на Којник постои и мало пазарче. Од ова велешко маало потекнуваат поетот и револуционер Кочо Рацин и глумецот Петре Прличко. Во маалото се наоѓа родната Спомен-куќата на Кочо Рацин.