Луфтвафе
Луфтвафе (германски:Luftwaffe) било името на военото воздухопловство на германскиот Вермахт пред и за време на Втората светска војна. Военото воздухопловство на Германското Царство (Луфтштрајткрефте) било распуштено во мај 1920 година според одредбите од Версајскиот договор од 1919 година, според кои на Германија ѝ се забранува да поседува воздушни сили.
Луфтвафе | |
---|---|
Luftwaffe | |
Амблем на Луфтвафе (варијанта) | |
Активна | 1933–1946[2] |
Земја | Трет Рајх |
Припадност | Адолф Хитлер |
Вид | Воено воздухопловство |
Улога | Воздухопловно војување |
Големина | Воздухоплови 119,871[3] (вкупно производство) Персонал 3,400,000 (вкупно во служба во периодот: 1939–45)[4] |
Дел од | Вермахт |
Битки | Шпанска граѓанска војна Втора светска војна |
Команданти | |
Врховен командант на Луфтвафе | Види список |
Инспектор на ловци | Види список |
Инспектор на бомбардери | Види список |
Истакнати команданти | Херман Геринг Ритер фон Грајм |
Обележја | |
Балкенкројц (за на трупот на авионот и под крилата)[5] | |
Балкенкројц (згора врз крилата)[6] | |
Хакенкројц (на опашката 1939–1945, белата бордура била тргната подоцна во војната)[7] |
Со доаѓањето на нацистичката партија на власт (во 1933 година) и отфрлањето на Версајскиот договор, на 26 февруари 1935 било објавено постоењето на Луфтвафе, две недели пред отворено да се отфрли Версајскиот договор со објавувањето повторно вооружување на Германија и регрутирање на војска (16 март 1935).[8] Легијата Кондор, одред на Луфтвафе, кој бил испратен да им помогне на националистичките сили во Шпанската граѓанска војна, им обезбедил на силите полигон за тестирање за нови тактики и авиони. Делумно како резултат на ова борбено искуство, Луфтвафе станал еден од најсофистицираните, технолошки најнапредните и најискусни во борбени воздухопловни сили во светот кога избувнала Втората светска војна во 1939 година.[9]
По поразот на Германија, Луфтвафе бил распуштен во 1946 година. Луфтвафе имал само двајца врховни команданти во текот на својата историја: Херман Геринг и подоцна генералфелдмаршал Роберт Ритер фон Грејм во последните две недели од војната.
Луфтвафе бил вклучен во нацистичките воени злосторства. До крајот на војната, голем процент од произведените авиони потекнувале од концентрационите логори, индустрија која вработувала десетици илјади затвореници..Побарувачката на труд за потребите на Луфтвафе била една од причините за протерување и убиство на стотици илјади унгарски Евреи во 1944 година. Оберкомандо дер Луфтвафе (врховниот командант) вршел нацистички експерименти со луѓе, а копнените трупи на Луфтвафе извршиле масакри во Италија, Грција и Полска.
Историја
уредиВоздухопловната служба на Царската германска армија е основана во 1910 година под името Воздухопловни сили на германското Царство (Die Fliegertruppen des deutschen Kaiserreiches), најчесто викани само „Воздухопловни сили“ (Fliegertruppe). Во 1916 биле преименувани во Луфтштрајткрефте (Luftstreitkräfte).[10] По поразот на Германија во Првата светска војна, според условите на Версајскиот договор службата била распуштена на 8 мај 1920 година, а исто така се наложувало уништување на сите германски воени авиони.
Бидејќи Версајскиот договор ѝ забранил на Германија да има воздухопловство, германските пилоти се обучувале во тајност. Првично се користеле училишта за цивилно воздухопловство во Германија, а подоцна за да ги обучи своите пилоти со најновите борбени авиони, Германија побарала помош од Советскиот Сојуз, кој исто така бил изолиран во Европа. Во 1924 година, била основана тајна воздухопловна база во Липецк која работела приближно девет години, при што биле користени претежно холандски и советски авиони за обука. Воздухопловната база се затворила во 1933 година. Оваа база била официјално позната како 4-та ескадрила на 40-тото крило на Црвената армија. Стотици пилоти и технички персонал на Луфтвафе ги посетувале, студирале и биле обучени во училиштата на советските воздухопловни сили на неколку места во Централна Русија.[11] Ресинг, Блуме, Фосе, Тетсеман, Хајни, Макрацки, Блумендат и многу други идни асови на Луфтвафе биле обучени во Русија во заеднички руско-германски училишта кои биле формирани под покровителство на Ернст Август Кестринг.
Првите чекори за формирање на Луфтвафе биле преземени само неколку месеци откако Адолф Хитлер дошол на власт. Херман Геринг, ас од Првата светска војна, станал Национален комесар за авијација, а поранешниот директор на Луфт Ханза, Ерхард Милх, бил негов заменик. Во април 1933 година било формирано Министерство за воздухопловство на Рајхот (Reichsluftfahrtministerium или RLM). Министерството било задолжено за развој и производство на авиони. Геринг имал апсолутна контрола над сите аспекти од авијацијата. На 15 мај 1933 година, сите воени воздухопловни организации во Министерството биле споени, со што се создавал Луфтвафе.[12] Националсоцијалистичкиот авиокорпус (Nationalsozialistisches Fliegerkorps или NSFK) бил формиран во 1937 година за да им обезбеди предвоена воздухопловна обука на младинците и за да ангажира возрасни спортски авијатичари во нацистичкото движење. Геринг одиграл водечка улога во формирањето на Луфтвафе од 1933 до 1936 година, но по 1936 година не учествувал во развојот на силите, а Милч станал министер во 1937 година.[12]
Хелмут Вилберг исто така одиграл важна улога во развојот на германската воздушна доктрина. Тој бил на чело на воздухопловниот персонал на Рајхсвер осум години во 1920-тите. Поради своето искуство бил идеален за висока позиција во штабот.[13] Геринг размислувал да го постави Вилберг за началник на Генералштабот (CS). Но се испоставило дека Вилберг по мајка е Евреин, и на можел да биде началник. Сепак, Геринг се погрижил расните закони на Третиот Рајх да не важат за него. Вилберг останал во воздухопловството, а под команда на Валтер Вефер помогнал нацртот на доктрината на Луфтвафе, „Однесување во воздухопловна војна" и "Регулатива 16".[13][14]
Подготовка за војна: 1933–1939
уредиВеферовите години, 1933-1936
уредиГерманскиот офицерски корпус сакал да развие способности за стратешко бомбардирање против непријателите. Германските воздухопловни теоретичари продолжиле да развиваат стратешки теории, но акцентот се ставал на поддршката на армијата, бидејќи Германија била континентална сила и се очекувало да се соочи со копнена офанзива по објавувањето на војна од непријателите.[15]
Во декември 1934 година, началникот на Генералштабот на Луфтвафе, Валтер Вефер барал од доктрината на Луфтвафе да се создава стратешки план. Во 1935 година била изготвена „Регулатива 16 на Луфтвафе: Водење на војна од воздух“. Во предлогот, се заклучува дека: „Мисија на Луфтвафе е да им служи на овие цели“.[12][14]
Сепак, Вефер ја препознал важноста на стратешкото бомбардирање. Во новововедената доктрина, Водење на воздухопловна војна во 1935 година, Вефер ја отфрлил теоријата на Духе [13] и навел пет клучни точки за авио стратегијата:[13]
- Да се уништи непријателската авијација со бомбардирање на нејзините бази и фабрики за авиони и поразување на непријателските воздушни сили кои напаѓаат германски цели.
- Да се спречи движење на големите непријателски копнени сили до значајни области преку уништување на железници и патишта, особено мостови и тунели, кои се неопходни за движење и логистика на силите
- Да ги поддржува операциите на армиските формации, кои не зависат од железничките пруги, т.е. оклопните сили и моторизираните сили, преку попречување на непријателското напредување и директно учество во копнени операции.
- Да се поддржат поморските операции со напаѓање поморски бази, заштита на поморските бази на Германија и директно учество во поморски битки
- Да се парализираат непријателските вооружени сили со запирање на производството во фабриките за вооружување.
По прераната смрт на Волтер Вефер во јуни 1936 година во авионска несреќа до крајот на 1930-тите Луфтвафе немал јасна цел.
Промена на насоката, 1936–37
уредиПо смртта на Вевер, Геринг за свој наследник го назначил Алберт Кеселринг, а Ернст Удет го поставил на чело на Техничката канцеларија на Министерството за воздухопловство на Рајхот (Technisches Amt), иако тој не бил технички експерт. И покрај тоа Удет помогнал да се промени тактичката насока на Луфтвафе преку создавање на брзи бомбардери кои би ги уништиле воздухопловните сили на непријателот во борбена зона, наместо практиката на бомбардирање на индустрии кои се занимаваат со производство поврзано со воздухопловство.[12]
Германската програма за вооружување се соочувала со тешкотии при набавка на суровини. Германија увезувала најголем дел од своите основни материјали за обнова на Луфтвафе, најмногу гума и алуминиум. Врховната команда на Вермахтот (OKW), во 1938 наредила намалување на суровините и челикот што се користат за производство на оружје. Имало значителни намалувања: 30% челик, 20% бакар, 47% алуминиум и 14% гума.[15] Во вакви околности, Милх, Удет или Кеселринг и да сакале не можеле да произведат солидна опрема за стратешко бомбардирање.[15]
Мобилизација, 1938–1941 година
уредиЛетото 1939 година, Луфтвафе располагал со 373.000 војници (208.000 воздухопловци, 107.000 во против воздушната одбрана и 58.000 војници за врска). Поседувал 4.201 оперативен авион: 1.191 бомбардери, 361 пикирачки бомбардери, 788 ловци, 431 тешки ловци и 488 транспортери. И покрај недостатоците, тоа била моќна сила.[13]
Луфтвафе, во следниот период ги проширил програмите за обука на авијатичари за 42%, и биле создадени 63 школи за летање. Објектите биле преместени во источна Германија, за да се подалеку од можните напади на сојузниците. Екипажот се зголемил за 31%, и достигнал бројка од 4.727. Брзањето за што поскоро проширување имало своја цена, во обуката погинале 997 луѓе, а други 700 биле ранети. Во несреќите биле уништени 946 авиони. Обуката ја завршиле 3941 воздухопловци, а вкупниот персонал на Луфтвафе достигнал 2,2 милиони.[12]
Во април и мај 1941 година, Удет ја предводел делегацијата на Луфтвафе која требало да провери дали советската авиоиндустрија е во согласност со пактот Молотов-Рибентроп. Удет го информирал Геринг „дека советските воздухопловни сили се многу силни и технички напредни“. Геринг одлучил да не му го пренесе тоа на Хитлер, со надеж дека ненадејниот напад брзо ќе ја уништи СССР.[16] Удет сфатил дека војна против Русија може да биде кобна за Германија. Удет, растргнат помеѓу вистината и лојалноста, доживеал психолошки слом, а се обидел да му ја каже вистината на Хитлер, но Геринг на Хитлер му рекол дека Удет лаже.[17]
Персонал
уредиМоќта на Луфтвафе есента 1941 година | |
Сили | Кадровска сила |
---|---|
Пилоти | 500.000 |
Противвоздушни единици | 500.000 |
Единици за врска | 250.000 |
Градежни единици | 150.000 |
Ландстурм (милициски) единици | 36.000 |
Извор:[18] |
Пролетта 1939 година во Луфтвафе служеле 370.000 луѓе. По мобилизацијата во 1939 година, овој број се зголемил на 900.000 луѓе, а непосредно пред операцијата Барбароса во 1941 година, персоналот достигнал 1,5 милиони луѓе.[18] Луфтвафе својот врв во кадровска сила го достигнал во периодот од ноември 1943 до јуни 1944 година, кога броеле скоро три милиони униформирани војници.[19] Во октомври 1944 година, противвоздушните единици имале 600.000 војници и 530.000 помошници.
Шпанската граѓанска војна
уредиЛегијата Кондор составена од војници на Луфтвафе ја тестирал новата доктрина и авионите за време на Шпанската граѓанска војна. Таа ѝ помогнала на Фалангата под водство на Франциско Франко да ги порази републиканските сили. Повеќе од 20.000 германски воздухопловци стекнале борбено искуство што ќе биде важна предност на Луфтвафе во Втората светска војна. Луфтвафе го извршил бомбардирањето на Герника во Баскија. Бомбардирањето на Герника и Мадрид било пропратено со многу цивилни жртви и бран протести во демократските држави. Дури во 1942 година, Германците почнале да развиваат политика на бомбардирање каде што цивилите биле примарни цели, иако при бомбардирањето на Лондон и многу други британски градови имало неселективно бомбардирање на цивилни подрачја.[13]
Втора светска војна
уредиКога започнала Втората светска војна во 1939 година, Луфтвафе бил една од технолошки најнапредните воздухопловни сили во светот. За време на инвазијата на Полска, тие брзо воспоставиле воздушна надмоќ, а потоа и воздухопловна надмоќ. Тие служеле како поддршка на операциите за германската армија кои кампањата ја завршиле за пет недели. Луфтвафе ѝ дал огромна поддршка на армијата.[20] Геринг бил воодушевен.[20] Луфтвафе имал делотворен систем за комуникација земја-воздух, кој одиграл витална улога во успехот на Планот Гелб во 1940 година.[21]
Пролетта 1940 година, Луфтвафе ѝ помогнал на Кригсмарин и Хеер во инвазијата на Норвешка.[13]
Во мај и јуни 1940 година, Луфтвафе придонел за неочекуваниот германски успех во битката за Франција. Уништил три сојузнички воздухопловни сили и помогнал во победата над Франција за нешто повеќе од шест недели.[13] Сепак, не можел да ги уништи британските експедициски сили во Данкерк и покрај интензивните бомбардирања. БЕС побегнале и ја продолжиле војната.[9]
За време на Битката за Британија во летото 1940 година, Луфтвафе му нанел сериозни штети на британското кралско воздухопловство, но ја немал воздушната надмоќ која ја барал Хитлер за нападот на Британија, кој бил одложена, а во декември 1940 година и откажан.[9] Луфтвафе ги опустошил британските градови за време на Блиц во 1940 и 1941 година, но не успеал да го скрши британскиот морал. Хитлер веќе наредил подготовки за операцијата Барбароса и инвазија на Советскиот Сојуз.
Пролетта 1941 година, Луфтвафе ѝ помогнал на Италија да извојува победа во кампањата за Балканот и продолжил да ја поддржува Италија или Италијанската социјална република во Медитеранот, Блискиот Исток и африканските театри до мај 1945 година.
Во јуни 1941 година, Германија го нападнала Советскиот Сојуз. Луфтвафе уништил илјадници советски авиони,[22] но сепак не успеал целосно да ги уништи Црвените воздухопловни сили. Тие немале стратешки бомбардери (истите „Уралови бомбардери“ кои генералот Вефер ги побарал шест години претходно), и затоа не можеле постојано или со потребната сила да ги напаѓа советските производствени центри.[9] За време на операцијата Барбароса двете воздухопливни сили загубиле огромен број луѓе и авиони. Како што одминувала војната, силата на Луфтвафе слабеела. По поразот на Германците во битката кај Сталинград во 1942 година и во битката кај Курск во 1943 година постепено се намалувала силата на Вермахтот на Источниот фронт.
Германските пилоти на борбени авиони забележале преку 70.000 воздушни победи за време на Втората светска војна.[23] Од нив, се проценува дека 745 победи им се припишуваат на млазните ловци.[24] Против воздушната одбрана соборила од 25.000 до 30.000 авиони на сојузниците. Тие уништиле околу 25.000 американски авиони,[25] околу 20.000 британски, 46.100 советски,[26] 1.274 француски,[27] 375 полски,[28] 81 холандски, како и авиони од други сојузнички држави.
Ерих Хартман со 352 потврдени убиства (сите на источниот фронт против Советите) бил пилот со највисоки резултати. На западниот фронт се истакнале Ханс-Јоаким Марсеј со 158 убиства против авиони од Британската империја и Георг-Петер Едер со 56 убиства на авиони од УСААФ (од вкупно 78). Релативно е сигурно дека 2.500 германски борбени пилоти постигнале статус на ас, со тоа што извојувале барем пет воздухопловни победи.[29][30]
Но, загубите на Луфтвафе исто така биле високи. Се проценува дека во текот на војната изгубиле вкупно 76.875 авиони. Од нив, околу 43.000 биле изгубени во борба, а останатите во оперативни несреќи и за време на обука.[31] Според типот, биле загубени вкупно: 21.452 ловци, 12.037 бомбардери, 15.428 тренери, 10.221 двомоторен ловец, 5.548 летала за копнен напад, 6.733 извидувачки авиони и 6.141 транспортери.[32]
Според Генералштабот на Вермахтот, загубите во луѓе до февруари 1945 година изнесувале:[33]
- КИА: 6.527 офицери и 43.517 војници
- WIA: 4.194 офицери и 27.811 војници
- МИА: 4.361 офицер и 27.240 војници
вкупно: 15.082 офицери и 98.568 војници
Според официјалната статистика, вкупните жртви на Луфтвафе, вклучувајќи го и копнениот персонал, изнесуваат 138.596 убиени и 156.132 исчезнати до 31 јануари 1945 година.[34]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ "Control Council Law No. 34, Resolution of the Wehrmacht of 20 August 1946" (in German). Архивирано на 30 јуни 2020 г. Official Gazette of the Control Council for Germany, 1 May 2004 – 7 June 2004, p. 172.
- ↑ Official dissolution of the Wehrmacht, including the Luftwaffe, began with Proclamation No. 2 of the Allied Control Council on 20 September 1945 and was not complete until Order No. 34 of 20 August 1946.[1]
- ↑ Tom Philo. „WWII production figures“. Taphilo.com. Архивирано од изворникот 26 March 2017. Посетено на 26 April 2014.
- ↑ Jason Pipes (2008). „Statistics and Numbers“. Feldgrau.com. Посетено на 26 April 2014.
- ↑ Hartmann, Bert. „Luftarchiv.de – Kennzeichen – Allgemein, Abb.4 – Balkenkreuz auf Flügelunterseite und Rumpf“. Luftarchiv.de. Архивирано од изворникот 17 November 2015. Посетено на 15 April 2018.
- ↑ Hartmann, Bert. „Luftarchiv.de – Kennzeichen – Allgemein, Abb.4 – Balkenkreuz auf Flügeloberseite“. Luftarchiv.de. Архивирано од изворникот 17 November 2015. Посетено на 15 April 2018.
- ↑ Hartmann, Bert. „Luftarchiv.de – Kennzeichen – Varianten des Hakenkreuzes, Abb.2“. Luftarchiv.de. Архивирано од изворникот 17 November 2015. Посетено на 14 April 2018.
- ↑ Fischer 1995
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 Killen 2003
- ↑ Blumberg 2014
- ↑ Stein 1962
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Hooton 2007a
- ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 13,6 13,7 Corum 1997
- ↑ 14,0 14,1 Hooton 2010
- ↑ 15,0 15,1 15,2 Murray 1983
- ↑ "Боевые операции люфтваффе", Москва 2008 г., изд.
- ↑ Who is who in the Third Reich (Кто был кто в Третьем рейхе. Биографический энциклопедический словарь. М., 2003)
- ↑ 18,0 18,1 Zentner 1963
- ↑ Richhardt 2002
- ↑ 20,0 20,1 Hooton 2007b
- ↑ Buckley 1998
- ↑
Stahel, David (2009). Operation Barbarossa and Germany's Defeat in the East. Cambridge Military Histories, ISSN 1754-758X (reprint. изд.). Cambridge University Press (објав. 2012). стр. 301. ISBN 9780521768474. Посетено на 16 July 2021.
In the opening days of Barbarossa the Luftwaffe inflicted carnage on the Soviet air force [...]. One authority put the figure at 4,614 Soviet aircraft destroyed by the end of June, 3,176 of these being eliminated on the ground and 1,438 in the air. By comparison, German losses ammounted to just 330 planes.
- ↑ Dierich 1976
- ↑ Hugh Morgan, John Weal, German Jet Aces of World War 2, Osprey Aircraft of the Aces No 17, Osprey Publishing, London 1998, p. 78
- ↑ SAF/FMCE, USAF Summaries for 1945–2005, United States Air Force Statistical Digest, 1983
- ↑ Г.
- ↑ E.R. Hooton, Luftwaffe at War – Blitzkrieg in the West: Volume 2, Chevron/Ian Allan, London, 2007 ISBN 978-1-85780-272-6
- ↑ John Ellis, World War II: A Statistical Survey: The Essential Facts and Figures for All the Combatants, Facts on File Inc., 1993, p. 259
- ↑ Obermaier 1989
- ↑ Uwe Feist, The Fighting Me 109, Arms and Armour Press, London, 1993, p. 51
- ↑ Alessandro Giorgi, Chronology of World War II 1939–1945, 2017
- ↑ John Ellis, World War II: A Statistical Survey: The Essential Facts and Figures for All the Combatants, Facts on File Inc., 1993, p. 258
- ↑ Hahn, Fritz.
- ↑ Schramm, Percy E. (21 November 2012). „Die deutschen Verluste im Zweiten Weltkrieg“. Die Zeit (германски). Архивирано од изворникот на 10 July 2018. Посетено на 1 February 2019.
Библиографија
уреди- Bartrop, Paul R.; Dickerman, Michael (2017). The Holocaust: An Encyclopedia and Document Collection [4 volumes]. ABC-CLIO. ISBN 9781440840845.
- Bauer, Yehuda (1994). Jews for Sale?: Nazi-Jewish Negotiations, 1933–1945. Yale University Press. ISBN 9780300059137.
- Bekkerm Cajus. Angriffshohe 4000 (in German). Munich, Germany: Heyne, 1964.
- Bergström, Christer (2007), Barbarossa: The Air Battle: July–December 1941, London: Chevron/Ian Allan, ISBN 978-1-85780-270-2
- Bergstrom, Christer. Stalingrad: The Air Battle: November 1942 – February 1943. London: Chevron/Ian Allan, 2008. ISBN 978-1-85780-276-4.
- Bergström, Christer, Kursk: The Air Battle: July 1943. London: Chevron/Ian Allan, 2008. ISBN 978-1-903223-88-8.
- Bergström, Christer and Andrey Mikhailov. Black Cross/Red Star-Vol. 1, Operation Barbarossa 1941. London: Classic Colours, 2003. ISBN 978-0-935553-48-2.
- Bergström, Christer and Martin Pegg. Jagdwaffe: The War in Russia: January–October 1942. London: Classic Colours, 2003. ISBN 1-903223-23-7.
- Blood, Philip W. (2001). Holmes, E. R. (ed.). Bandenbekämpfung: Nazi occupation security in Eastern Europe and Soviet Russia 1942–45 (PhD thesis). Cranfield University.
- Blood, Philip W. (3 August 2010). "Securing Hitler's Lebensraum: The Luftwaffe and Bialowieza Forest, 1942–1944". Holocaust and Genocide Studies. 24 (2): 247–272. doi:10.1093/hgs/dcq024. S2CID 144825154.
- Bowmen, Martin and Theo Boiten. Battles with the Luftwaffe: The Air War Over Germany 1942–1945. London: Collins, 2001. ISBN 978-0-00-711363-7.
- Blumberg, Arnold (November 2014). "The First Ground-Pounders". Aviation History. 25 (Aviation History).
- Boog, Horst; Krebs, Gerhard; Vogel, Detlef (2006). Germany and the Second World War: Volume VII: The Strategic Air War in Europe and the War in the West and East Asia, 1943-1944/5. Clarendon Press. ISBN 978-0-19-822889-9.
- Buckley, John (1998), Air Power in the Age of Total War, West Midlands, UK: UCL Press, ISBN 978-1-85728-589-5
- Buggeln, Marc (2014). Slave Labor in Nazi Concentration Camps. Oxford University Press. ISBN 9780191017643.
- Bungay, Stephen. The Most Dangerous Enemy: A History of the Battle of Britain. London: Aurum Press, 2000.ISBN 1-85410-721-6.
- Caldwell, Donald; Muller, Richard (2007). The Luftwaffe over Germany: Defense of the Reich. London: Greenhill Books. ISBN 978-1-85367-712-0..
- Cockburn, Alexander; St. Clair, Jeffrey (1999). Whiteout: The CIA, Drugs, and the Press. Brooklyn, New York: Verso. ISBN 978-1-85984-139-6.
- Cooper, Matthew. The German Air Force 1933–1945: An Anatomy of Failure. New York: Jane's Publishing Incorporated, 1981. ISBN 0-531-03733-9
Надворешни врски
уреди- Митови за Луфтвафе : предавање на YouTube, преку Музејот на воздухопловството
- Нацистички германски воздухопловни сили 1935-1945 (Луфтвафе)