Сар Маале
Сар Маале (познато и како Саар Маале) е маало во градот Велес на десниот брег на реката Вардар. Некогаш тоа било најсеверното велешко маало, односно било влез на градот Велес од правец на Скопје, а денес е дел од центарот на градот. Препознатливо е по големите дрва чинари (јавори) во самото средиште не маалото, од кои водат улиците кон Којник, Судот, Болницата и Поштата. Во целост е населено само со Македонци. Низ Сар Маале минува пругата кон Гевгелија и дел од пругата кон Кочани со препознатливиот железен мост. Во Сар Маале се наоѓаат Судот и средното училиште „Јовче Тесличков“.