Гимназија „Кочо Рацин“ - Велес

Гимназијата „Кочо Рацин“ се наоѓа во Велес, Општина Велес.

Гимназија „Кочо Рацин“

Место
Општина: Велес
Место: Велес
Адреса: ул.Благој Ѓорев 40, Велес
Основни информации
Основано: 1857
Директор: Илија Попов
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
Портал http://gimkocoracin.edu.mk/

Основање и развој уреди

Гимназијата била основана во школската година 1857/58 и било прво словенско училиште што давало повисоко образование од основното. Истата година било основано друго гимназиско (класно) училиште. Во седумдесеттите години ова класно училиште прераснало во IV-класно по што дошло до соединување на двете училишни настојателства во едно. Периодот на поранешна Југославија бил период на прогресивни идеи и борба против ненародниот режим, па поради комунистичка активност, голем број ученици биле сослушувани од полициските власти, а Лазо Богданов и Ганчо Хаџипанзов биле исклучени од гимназијата.

Настава на македонски јазик уреди

На 1 февруари 1945 во просториите на тогашната гимназија се собрале голем број родители и ученици и со скромна приредба го одбележале отпочнувањето на наставата во Гимназијата, за првпат на македонски јазик. Бил назначен директор и единаесет професори, а од истата година Гимназијата го носи името „Кочо Рацин”.

Штрајк од 1942 уреди

На 14 март 1942 учениците од велешката гимназија организирале тридневен штрајк, на кој му се придружиле и голем број работници кои енергично протестирале против одлуката на училишните власти за исклучување на учениците скоевци.

Бојкот во 2015 уреди

Славењето на 73 години од штрајкот на велешките гимназијалци прерасна со бојкот на настава.

Измените во реформираното средно гимназиско образование од страна на Владата на Р. Македонија и Mинистерството за образование и наука (МОН) предизвика револт кај учениците во гиманзијата. Тие добија поддршка од Средношколски пленум-Велес и почнаа со бојкот на наставата.

Бојкотот беше згаснат за само еден ден од страна на директорот на гимназијата.

Освоени награди уреди

Во изминатите шеесетина години работење учениците и наставниците, како и гимназијата како институција имаат добиено голем број признанија, пофалби и награди. Повеќе од дваесет наставници се одликувани, осум се добитници на Златната плакета од СИЗ за образование, пет се добитници на Ноемвриското признание од Општина Велес, двајца особено истакнати педагошки работници и уште многу други награди и признанија. Гимназијата како институција ја освоила Деветтоноемвриската награда на Собранието на Општина Велес во 1974, и Климентовата награда добиена во 1977.

Познати личности кои учеле во ова училиште уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште уреди

Надворешни врски уреди