Македонска преродба
Македонска преродба (или само преродба, од Крсте Мисирков нарекувана и како: преродуаiне, возродуаiне или препородуваiне) — период и процес на културно-националното будење и национално-политичкото ослободително движење на македонскиот народ во Македонија што завршува со државното конституирање на Македонија[1].
|
Геополитичка ситуација на Македонија
уредиМакедонија преку чија територија поминуваа патиштата што водат од Средна Европа кон Блискиот Исток всушност претставуваше не само сообраќаен јазел, туку и стратешки. Долината на Вардар ја немаше само таа предност што од север преку Моравската долина водеше до големиот Солунски Залив од каде преку Егејското Море се завлегуваше на исток кон долината на Струма и на запад преку Албанија на Јадранско Море. Од тука за Македонија не се бореа само младите балкански државички кои сакаа со Македонија да ги зголемат својата територија и бројноста на населението, но и големите - Австрија, Русија, Англија и Турција - сакаа да имаат клучна ролја на Балканот.
Безбројните извори (книги, статии, студии, дипломатска преписка..) јасно сведочат колку не само балканските, туку и европските влади и посветувале внимание на Македонија. Во европската историја тешко е да се најдат слични примери толку да се пишувало и расправало за националниот карактер на еден народ, каков што беше случајот со Македонците.
Оваа преокупација околу националниот карактер на Македонците произлегуваше од определени политичко-стратешки интереси, не само на балканските националистички кругови, туку и на големите европски сили, во прв ред на Австрија и на Русија, кои во трката за завладување на Балканот, настојуваа да ја вклучат и Македонија во својата интересна сфера, поради нејзината извонредна географско-стратешка положба.
Принцип на народноста и самоопределувањето на Македонците
уредиБидејќи Македонците главно претставуваа импозантно мнозинство од населението, од што и можело да зависи кому ќе му припадне Македонија, тоа, заинтересираните страни ги ангажираа сите свои сили, вклучувајќи ја тука и науката за да ги прикажат било како Бугари, Грци или Срби, за да го имаат на своја страна при решавањето на македонското прашање според принципот на народноста.
Бугарските, грчките, српските, романските и мнозина европски писатели даваа контроверзни сведенија за Македонија и нејзиното население. Поради тоа, подоцна и многумина се прашуваа (таков е случајот со Рене Пинон и Едмонд Буше), дали е воопшто можно, во овој галиматијас на докази, да се дојде до една вистина за Македонија и Македонците и самиот термин Македонија стана во Западна Европа синоним на кулинарски вештини, на карташки игри, па дури и еден вид литерарен правец во Франција беше наречен со тоа име.
- Контроверзните “докази" за Македонија, со што беше преокупирана европската јавност, им дадоа поттик на некои духовити француски умови да го искористат терминот “Масedoinе" во сосема практични цели. Со ова име тие не ја нарекоа само салатата составена од разновиден зеленчук или компот составен од разновидно зашеќерено овошје, туку и една игра со мешани карти. Дури, со ова име го нарекоа и еден вид литературни приредби што се одвиваа во цитирање на поезија и проза. [2]
Балканските пропаганди во Македонија
уреди- Поврзано Бугаризација
Дискусиите околу националноста на Македонските Словени, во европскиот свет започнаа со прашањето: Дали се ова Грци или Бугари, а не дали тие претставуваат нешто трето и посебно? Тезата која малку подоцна се оформи од српските националисти дека Македонците се Срби, уште не се поставуваше, бидејќи самата српска влада, си до смртта на кнезот Михајло 1868 година пред себе имаше други цели и разбирања.
Меѓутоа и ваквото поставување на прашањето произлегуваше не од фактот дека тие навистина се Грци или Бугари, туку од замрсеноста на проблематиката што произлегуваше од една страна, од етничкиот состав на населението, а од друга, од турскиот начин на поделба на населението не врз етничкиот принцип, туку врз црковната припадност. Бидејќи Македонците беа под Цариградската патријаршија и како такви припадници на “грчката" вера, а по својот етнос Словени, тоа грчките и бугарските националисти сакаа да ги искористат секој за своите интереси. На едните им пречеше словенскиот етнос, на другите црковната припадност.
Грчките националисти кои сонуваа за Велика Елада, во ова време почнаа да тврдат пред Европа дека Македонците се пословенчени Грци, па според тоа и припаѓаат на грчката народност и држава. Бугарските пак водачи, поттикнувани од руските словенофили[се бара извор] и од фактот дека Македонските интелектуалци се декларираа како Бугари[се бара извор], тврдеа обратно, дека тие како Словени не можат да бидат Грци, туку се Бугари. Меѓутоа, додека едните “докажуваа" дека македонските Словени се Грци[се бара извор], а другите дека се Бугари, од самата македонска средина почнаа да се појавуваат луѓе кои на прашањето што се: Бугари или Грци одговараа дека тие не се ни Грци ни Бугари, туку Македонци, потомци на старите Македонци претставувајќи ги последните за Словени.
Извори за Македонскиот идентитет
уредиМакедонска национална преродба
уредиПатот по кој мина македонскиот народ од своето будење па до полната национална афирмација беше толку сложен, што е многу тешко да се спореди со националното будење на кој и да е народ на Балканот. Од пробивот на капитализмот на почвата на Македонија, па до формирањето на македонската нација, македонскиот народ минуваше низ повеќе фази на преобразување што траеја половина век.
Една од најтрагичните околности во кои започна македонската национална преродба беше таа што токму во моментот кога почна да ги дава своите први знаци на посебен живот, во Македонија веќе беа присутни три соседни туѓи пропаганди. Тие веќе имаа постигнато своја независност и градеа стратегии[се бара извор] за ширење на своите држави на сметка на Македонија, додека Македонија т.е. Македонците сѐ уште се наоѓаа под османлиско турско ропство. Како поволна околност може да се смета дека Македонците за разлика од Србите, Грците и Бугарите не ја започнаа својата национална афирмација само со своето посебно изразито национално македонско име, туку за да се дистанцираат од Грците, тие во првиот момент истапија со општото име на народноста - Словени[се бара извор] , како некој вид презиме.
Извори
уреди- ↑ Ристовски, Блаже (2013). Македонски работи. Скопје: МАНУ. стр. 10. ISBN 6082030958.
- ↑ Lа rоuѕѕе Du XX siиcle, Pаriѕ, 1930, IV. 573
Врски
уреди- Крсте Петков Мисирков - За Македонцките Работи
- Крсте Петков Мисирков – Македонскиот Културно-Национален Деец Архивирано на 11 април 2005 г.
- Македонскиот Пирински „Цар“ Архивирано на 6 март 2005 г.