Стефан Влахов Мицов
Стефан Влахов–Мицов — универзитетски професор и писател од Македонија.[1] Роден е на 6 февруари 1956 година во Габрово, Бугарија. Тој вели дека неговата мајка е од македонско, a мајката на неговиот татко е од куманско потекло.[2][3] Семејното воспитување, но и фактот дека е од мешан брак го натерало да посака да ги осознае деталите во врска со својот идентитет и затоа себеси се смета за особено чувствителен по прашањето на националните малцинства на Балканот.[3]
Стефан Влахов Мицов | ||
![]() | ||
Роден | Стефан Влахов Мицов 6 февруари 1956 Габрово, НР Бугарија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | универзитетски професор,историчар, писател и публицист | |
Занимање | професор, историчар и публицист |
ОбразованиеУреди
Во родното место учи математичка гимназија, а на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ специјализира историја (со потесна специјалност балканистика), филозофија и реторика, кои ги завршува со одличен успех.
Во текот на стдиите вели[2] дека и покрај ласкавите признанија кои ги добивал (бил заменик-претседател на Клубот за техничко и научно творештво во факултетот, претседател на научниот кружок по историја на Бугарија, во кој учествувал и сегашниот претседател Георги Прванов) историјата започнувла да го ограничува поради догматизмот и манипулативноста на поднесената фактологија. Смета дека, многу често, токму уметничката литература и писателите даваат поверна слика на минатото.[2] Со оглед на, како што самиот вели, „скудоумната атмосфера во Историскиот факултет“ решил да го продолжи школувањето по поединечна програма.[1][2] Неговиот професор Николај Генчев (декан на Историскиот факултет во периодот 1976 - 1981), знаел да каже „Ти си безобразно информиран“.[2] Бугарска интерпретација на историјата која ја изучувал во текот на студиите ја смета за „сува статика потчинета на класно – партиски и националистички, односно идеолошки постулати“.[2]
Во во 1981 година, како докторант по социологија на политиката, ја одбира темата „Врските и претставувањата на Бугарите во светот (до Преродбата)”. Проширувањето на сознанија во теткот на изработката на докторатот го доведува во судир со политиката на средината во која живее.[4]
Од 1984 година е предавач на Филозофскиот факултет на Софискиот универзитет. Доктор е на филозофските науки.
Во 1988 година оди на специјализација во тогашен Ленинград.[1]
Последната деценија на минатиот векУреди
Во последната деценија на минатиот век се обидува, како што самиот вели, да ја исполни со соджина некогашната квалификација „безобразно информиран“.[5] Затоа во тој период ги пишува трудовите „Кој го уби Христо Ботев” и „Парадокси на социјално-политичкиот живот кај Бугарите”.[5]
Во есента 1998 година поканет е да учествува со свое предавање на 50-годишниот јубилеј на Институтот за национална историја во Скопје. Поканата ја прима со задоволство.[5] Планираното предавање е на тема Прблемите на балканската историографија и политиката спрема Македонија.[5] Невотото патување до Скопје не поминува без проблеми. На бугарската граница кај Ѓушево бил задржан на испитување околу два часа од 4-5 цивилни лица.[5] На негово инсистирање, настанот во Македонија поминал без да бидат информирани медиумите со оглед на тоа што тоа било период помеѓу два крува во парламентарните избори кои се одржуваа таа есен.[5]
ПубликацииУреди
Има објавено книги во различни области: литературна критика, филозофија на историјата, социјална психологија, политикологија. Неговите дела се објавувани на македонски, германски, руски, полски, фински, турски, арапски и италијански јазик.[1]
Има над 1200 објавени статии во печатени и електронски медиуми, а има објавено и девет книги.[1]
Во Македонија објавени се неговите книги:
Книгата Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет не е објавена во Бугарија. Тој смета дека „Може да се најде начин да се објави, ама ќе има проблеми. Всушност, проблеми е мек збор. Таа ќе биде буквално уништена.“[3]
Во 2006 година има учествувано на Меѓународиот семинар за македонски јазик, литература и култура со научен труд на тема Историски интерпретации и манипулации врз творештвото на Вапцаров[8].
Во публикацијата на МАНУ издадена по повод стогодишнината од Илинденското востание тој има свој труд под наслов Илинденската епопеja и филозофскиoт клуч за македонскиот идентитет.[9]
АктивностиУреди
- Од 1990 до 1998 година е заменик-претседател на Сојузот на слободните писатели на Бугарија[10],
- До 2007 година бил директор на Македонскиот културен центар во Софија
- Од 1998 година е негов претседател на Сојузот на слободните писатели на Бугарија[10],
- Секретар е на Друштвото за бугарско-македонско пријателство.
- Од 2007 година држи редовни предавања на универзитетот ФОН за животот и делото на Крсте Петков Мисирков.
- Во 2007 година прогласен е за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.
Дел од објавените книгиУреди
ОстанатоУреди
Неговото име е содржано во следниве публикации: Кој е кој во бугарската култура, Кој е кој во Бугарија, Кој е кој на Балканот. Исто така, тој е вклучен во монографијата за водечки личности во 2000 година која ја објавува Американскиот биографски институт[13] и во монографијата 2000 исклучителни личности за 2000 година која ја објавува Меѓународниот биографски центар[14] од Кембриџ, Велика Британија.[1]
ЛитератураУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 http://svobodenpisatel.org/member.php?id=45 Биографија на Стефан Влахов Мицов на мрежното место на Сојузот на слободните писатели на Бугарија
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1091&ArticleID=71118 Архивирано на 27 септември 2007 г. Моите професори - еднооки во царството на слепите
- ↑ 3,0 3,1 3,2 http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1077&ArticleID=70510 Архивирано на 27 септември 2007 г. Бугарскиот шовинизам се граничи со патологија
- ↑ http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1099&ArticleID=71434 Архивирано на 27 септември 2007 г. Да ја бараш вистината за бугарската историја беше како да најдеш игла во куп сено
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1105&ArticleID=71691 Архивирано на 27 септември 2007 г. Колегата Влахов е поголем Македонец од нас!
- ↑ 6,0 6,1 Влахов-Мицов, Стефан, Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет, Матица македонска, Скопје, 2007
- ↑ 7,0 7,1 Стефан Влахов-Мицов, Неомеѓени мисли,Современост, Скопје, 2006
- ↑ Стефан Влахов Мицов, Историски интерпретации и манипулации врз творештвото на Вапцаров, XXXII научна конференција на XXXVIII меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, 2006
- ↑ Стефан Влахов-Мицов, Илинденската епопея и филозофският ключ за македонската идентичност, (во публикацијата 100 години Илинден, МАНУ, Скопје, 2005)
- ↑ 10,0 10,1 http://svobodenpisatel.org/index.php Сојузот на слободните писатели на Бугарија
- ↑ Кой уби Христо Ботев?, Нов ден, София, 1994
- ↑ Стефан Влахов Мицов, ОтхвЪрлени страници - Без цензура, Пропелер, София, 2001
- ↑ Оригинален назив: American Biographical Institute
- ↑ Оригинален назив: International Biographical Centre
Надворешни врскиУреди
- Стефан Влахов - Мицов открива нов фалсификат на бугарски историчари[мртва врска]
- Предавање на Влахов Мицов за Илинденскиот период
- Стефан Влахов - Мицов, Македонското име е морално заштитено Архивирано на 26 ноември 2004 г.
- Стефан Влахов - Мицов, Бугарија не е еманципирана да го разреши македонското прашање
- Стефан Влахов - Мицов, Патологијата е погубна работа
- Стефан Влахов - Мицов: Бугарскиот шовинизам се граничи со патологија Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 1 Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 2 Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 3 Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 4 Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 5 Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 6 Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 7 Архивирано на 27 септември 2007 г.