Црква „Св. Ѓорѓи“ - Велес

црква во Велес

Св. Ѓорѓиправославна црква (или параклис) во градот Велес. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија поради нејзиното значење за народната просвета во Македонија.[1]

Свети Ѓорѓи

Внатрешноста на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Местоположба

Карта

Координати 41°43′13.7″N 21°47′22.7″E / 41.720472° СГШ; 21.789639° ИГД / 41.720472; 21.789639
Место Велес
Општина Велес
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба XVIII век
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа на ул. „Богдан Каракостев“ бр. 17 во населбата Прцорек,[2] на северноисточната страна на Велес. По надворешниот изглед не се разликува од куќите околу неа, но внатре е нормална црква со олтар, иконостас и повеќе икони. Нема точни податоци за времето на нејзината изградба. Според едни извори таа е изградена во 1740 г. а според други во 1766 г. Вториот податок е земен од годината на една икона во црквата „Св. Богородица“ за која се смета дека е најстара икона во Велес.

Историско значење за македонската просвета

уреди

Во месноста Прцорек образованието се одвивало уште од XVIII век, водено од калуѓер и калуѓерка.[2]

Во 1857 г. во оваа црква станала првото училиште во земјата во кое учело на македонскиот јазик и писмо според тврдењето на градските историчари. Тука предавал преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот, и оваа скромна установа се смета за негов напор. Наставата се одвивала на два ката — на приземјето биле машките, а на горниот дел биле женските ученици. Тука се одржувале претставите на неговите драмски дела.[2] Тогашните македонски просветари се соочувале со значителни потешкотии бидејќи наставата на македонски, како и поддршката за македонска национална свест биле забранувани и напаѓани од грчката, турската, бугарската интелегенција која имала цел да го претопи македонското население.[3]

До 1905 г. црквата била имот на Рилскиот манастир, по што била запоставена.

Храмот се отвора за јавноста двапати во годината: за Ѓурѓовден на пролет и Свети Ѓорѓија на есен.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Печков, Петар (9 декември 2013). „Параклисот Св. Ѓоргија, најстарото училиште во Македонија го чествуваше празникот“. Ти Реков Ми Рече. Посетено на 30 ноември 2021.
  3. „Останати цркви во Велес“. Повардарска епархија. 14 јуни 2007. Посетено на 30 ноември 2021.

Надворешни врски

уреди