Охридско лето

(Пренасочено од Festival ohridsko leto)

Охридско лето - меѓународен музичко-сценски фестивал којшто се одржува во Охрид, под покровителство на претседателот на Република Македонија. Фестивалот е член на Европската асоцијација на фестивали.

Амблемот на фестивалот „Охридско лето“ употребуван до 2019 година

Историјат

уреди

Почетокот на фестивалот „Охридско лето“ датира од 4 август 1961 година, со настапот на оперската пејачка Ана Липша Тофовиќ,[1] придружена од пијанистот Ладислав Перлдик, одржан во црквата Св. Софија. Во првите фестивалски години во програмскиот концепт преовладувале музичките настани коишто вообичаено се одржувале во катедралната црква Св. Софија. Постепено, на фестивалот почнале да доаѓаат музички уметници со високо реноме, како: баритонот Владимир Ружѓак од Хрватска, сопранот Мартина Аројо од САД, Словенечкиот октет, Прашките музичари, Голден гејт квартет, Милка Ефтимова, Тодор Скаловски итн. Веројатно, во овој период, фестивалот го достигнал врвот со настапите на прочуените светски музичари - рускиот виолинист Леонид Коган и францускиот виолончелист Андре Навара. Со текот на времето, фестивалот станувал поинтересен, побогат и попривлечен за уметниците и ансамблите од светот. Така во 1970-те и 1980-те, на фестивалот настапиле многу реномирани имиња, како: Mстислав Ростропович, Алдо Чиколини, Гидон Кремер, Руџеро Ричи, Виктор Третјаков, Хенрик Шеринг, Салваторе Акардо, Елена Обрасцова, Катја Ричарели, Викторија де лос Анхелес, Максим Венгеров, Вадим Репин, Џулиан Рахлин, Иво Погорелиќ, Минхенскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар „Виртуози ди Рома“, Камерниот оркестар „Жорж Енеску“, Литванскиот камерен оркестар, Симфонискиот радио-оркестар на Австриското радио, хорот „Мадригал“ од Букурешт, хорот „Глинка“ од Санкт Петербург, хорот на Виенските деца итн.

Во 1980-тите започнал да се развива и другиот програмски сегмент – театарот, најпрвин со гостувањето на македонските театри, за подоцна фестивалот да стане примамливо собиралиште за многу театри од светот, а особено од просторите на поранешната Југославија. Голем настан во развојот на фестивалот „Охридско лето“ било зачленувањето во Европскиот сојуз на фестивалите, во 1994 година. Подоцна, во 2001 година бил воведен нов сценски простор - Античкиот театар, каде бил прикажан премиерниот проект „Маседуан“ на Иван Поповски. Оттогаш, свеченото отворање на фестивалот традиционално се одвива на оваа локација (на 12 јули), а свеченото затворање е на 20 август.

Организација и менаџмент

уреди

Со фестивалот раководат директорот и управниот одбор, а за уметничката програма се задолжени двајцата програмски селектори. Функцијата директор на фестивалот ја извршуваат:[1]

Членови на управниот одбор на фестивалот се:[2]

  • Нина Момировска (претседател)
  • Лилјана Ставреска
  • Катарина Митреска
  • Субија Изеироски
  • Љупчо Кевероски

Програмски селектори на фестивалот се:[1]

54. Охридско лето 2014

уреди

54. издание на „Охридско лето“ било отворено на 12 јули 2014 година, со настапот на сопранот Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи, придружени од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Луис Горелик од Аргентина. Покрај нив, во рамките на музичката програма настапиле и бројни други музичари, како: Елена Мисиркова (пијано), Елизавета Леонскаја (пијано), балетската претстава „14 часа“ во изведба на Македонската опера и балет, гудачкиот квартет „MozART“ од Полска, Аркадиј Володос (пијано), ансамблот „Танец“, Нарек Хахнзарјан (виолончело) и Оксана Шевченко (пијано), дуото Кадеша од Албанија, Максим Мрвица (пијано), Нинг Фенг (виолина) и Томас Холе (пијано), хорот од Израел „The Voca People“, француската група „Devil’s Trills“, Дарко Богески (гитара), Кирил Трусов (виолина) и Александра Трусова (пијано), мешаниот камерен хор „Про Арс“, камерниот оркестар „Гудачите на св. Ѓорѓи“ од Србија, пијано-дуото Иго Ле Клер и Елен Котино Коен од Франција, рускиот гудачки квартет „Јанкелевич“, ансамблот „Variabile“ од Италија и други.[3]

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите:[3]

Во рамките на фестивалот се одржале и други културни настани, како:[3]

55. Охридско лето 2015

уреди

55. издание на „Охридско лето“ било отворено на 12 јули 2015 година, со „Кармина бурана“ во изведба на шпанскиот ансамбл „Ла фуера делс Баус“. Покрај нив, во рамките на музичката програма настапиле: Андреј Коробејников (пијано), дуетот Коробејников и Александар Књажев (виолончело), Николај Лугански (пијано), дуетот Весна Гиновска-Илкова (сопран) и Кристина Светиева (пијано), триото Славомир Зубжицки, Рафал Жураковски и Ана Мјерник, дуото Олександра Зајцева и Дмитро Таванец (пијано), Иво Погорелиќ (пијано), триото Мојца Злобко Вајгл, Ева-Нина Козбус и Кармен Печар, дуото Нинослав Димов (саксофон) и Маја Поповиќ (пијано), триото Клаиди Сахтачи, Мерита Реџа Тершана и Пјетер Гураљуми, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, групата „Танго Компас“, триото на Амира Медуњанин, хорот „Howard Gospel“, Един Карамазов (гитара), дуото Марија Солозобова и Владислав Броневецки, хорот „Св. Злата Мегленска“, дуото „2 Cellos“, АГБУ Софиски камерен оркестар, Дуке Бојаџиев со проектот „Сон, верба, љубов“, дуото Сихана Бадивуку-Хоџа и Маја Кастратовиќ, балетот „5 до 12“ на Игор Киров и Кирил Џајковски а во изведба на Хрватскиот народен театар од Сплит, Леонел Моралес (пијано), триото Бакалов, Мишел Летјек (кларинет) и квартетот Жирард, Максим Федотов (виолина) и Галина Петрова (пијано) и дуото Максим Венгеров (виолина) и Ваг Папијан (пијано).[4]

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите:[4]

Во рамките на фестивалот се одржале и други културни настани, како:[4]

56. Охридско лето 2016

уреди

56. издание на „Охридско лето“ било отворено на 12 јули 2016 година, со настапот на сопранот Елина Гаранча (Fourplay), придружена од оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Јон Марин. Покрај нив, во рамките на музичката програма настапиле и бројни други музичари, како: камерниот оркестар „Македонски виртуози“, Маријан Собула, француското трио „Вандерер“, дуото Кировски, Максим Венгеров (виолина) и камерниот оркестар „Менухин“, гитарскиот квартет „Ајгета“, Јуриј Шишкин (хармоника), Карло Торлонтано (алпски рог) и Масимилијано Питоко (бајан), ансамблот „Sudar Percussion“, Роман Симовиќ (виолина) и Ратимир Мартиновиќ (пијано), Мојца Злобко Вајгл (харфа) и Масимо Марчели (флејта), Џафер Џафери (виолина) и Милана Черњавска (пијано), Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, Карлес Лама и Софија Кабруха (пијано), оркестарот „Хортус Музикус“, триото на Дамјан Пејчиноски, Ана Виницка (пијано), Артуро Сандовал (труба), Арета Зула (виолина) и Мерита Реџа Тершана (пијано), Македонската филхармонија, Ана Дурловски (сопран) и Игор Дурловски (бас), Фазил Сај (пијано), Нина Костова (пијано) и гудачкиот квартет „Хеншел“, Марк Копе (виолончело) и Перт Лаул (пијано), Ајман Мусакајајева (виолина) и Државниот камерен оркестар „Академија на солисти“, Филип Маџунков (пијано), дуото Скијаво-Маркеџани (пијано), Вадим Репин (виолина) и Андреј Коробејников (пијано), Горан Трајкоски, итн.

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите:[5]

Исто така, биле прикажани и следниве филмови:[5]

Во рамките на фестивалот се одржале и други културни настани, како:[5]

  • филигранската изложба „Филигранска приказна“ на Мирјана Николоска
  • дигиталната инсталација „Проширена апстракција“ на Јане Бакрески
  • промоција на книгата „Водич за Македонија“ на Гоце Дртковски
  • ликовната изложба „Мандала“ на Соња Чингарова Фотева
  • промоција на книгата „Патникот“ на Борче Грозданов
  • ликовната изложба „Огледало“ на Гордана Тодевска

57. Охридско лето 2017

уреди

57. издание на „Охридско лето“ било отворено на 12 јули 2017 година, со настапот на групата „Форплеј“ (Fourplay), придружена од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Емин Џијан. Покрај нив, во рамките на музичката програма настапиле и бројни други музичари, како: Македонската опера и балет со балетот „Ла ла ла...“, Дуња Симиќ (сопран) и Снежана Поповиќ Вулета (пијано), „Транзишн денс компани“ (Transition Dance Company) со балетот „Триптих Нушиќ“, пијано-дуото Бергман од Канада, Франческо Дорацио (пијано), ЗЏМ Биг Бенд, под диригентската палка на Емин Џијан, Доминик Џ. Маршал Бенд, „МОМБ“, Хели Сиекинен, „Т.А.О.“, „Проџект Хајдавеј“, Лери Дан и пријателите, „Сигнум“, Септетот на Гоце Стевковски, Александар Синчук (пијано), камерниот оркестар „Турксој“, камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, барокниот оркестар „Армонија Атенеа“, квартетот „Диотима“, Емануел Сејсон (харфа), Варшавскиот хармоникашки квинтет, Билјана Стафансон и Љиљана Јовановиќ (сопрани), Сандра Јакоповиќ (пијано), триото „Аура“, Дувачкиот квинтет на Црна Гора, мултимедијалниот проект „Вивалдиано“, Рубен Далибалтајан (пијано), машкиот манастирски хор „Оптина Пустина“, Загрепскиот пијано-квинтет, пијано-триото „Бенџамин“, ансамблот „Маскерина“, кабарето „Зборувај тивко“ со музика на Курт Вајл, Вечер на македонски виолинисти, Лилја Зилберштајн (пијано), Завршен концерт од меѓународниот семинар по пијано и виолина, виола и камерна музика, Александар Рам (виолончело) и Ана Одинцова (пијано), камерниот оркестар „ЕЛК“, Рок симфонија на Камерниот оркестар – Битола и Влатко Стефановски, Игнасио Родес (гитара), дуото „Алиада“, Блерим Груби (виола) и Марија Вршкова (пијано), Искандар и Норман Виџаја (виолина и пијано).[6]

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите:[6]

Во рамките на фестивалот се одржале и други културни настани, како:[6]

59. Охридско лето 2019

уреди

59. издание на „Охридско лето“ било отворено на 12 јули 2019 година, со настапот на вионилистката Ванес Меј (Vanessa Mae), придружена од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Иван Кожухаров, како и солисти од МОБ. Покрај нив, во рамките на музичката програма настапиле и бројни други музичари и ансамбли, како: Симфонискиот оркестар на Бријанск, Националната опера и балет, триото „Пендерецки“, Оли Мустонен, балетот „Либертанго“ во режија на Наташа Поплавска, квартетот „Асасело“, камерниот оркестар „Софиски солисти“, Георги Патриков, Страшо Темков, ансамблот „Дорико“, квартетот „Терем“, Стефан Миленковиќ, Владимир Милошевиќ, Денис Шаповалов, Александар Вершин, Елена Папандреу, Сихана Бадивуку, Маја Кастратовиќ, Божена Корчинска, Богдан Кожушко, камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, „Саша Николовски Ѓумар“, Инва Мулан, Дешира Ахмети, Ѓорѓи Цуцковски, Генц Тукичи, дуото „Австрија“, квартетот „Аигета“, квартетот „Дисонанс“, Влатко Стефановски, Мирослав Тадиќ, Јонела Големи, Мерита Реџа Тершана, Виолета Егорова, дуото Гелебешеви, Дуке Бојаџиев, квинтетот „Пилекадоне“, Жо Кристоф, Вансан Мусат, квартетот „Бенсман“, квартетот „Апеирон“, октетот „Игњац Фукс“, Александар Гаџиев, Димчо Величков и концертот по повод 85 години од раѓањето на Томислав Зографски.[7]

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите:

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите:[7]

Во рамките на фестивалот се одржале и други културни настани, како:[7]

61. Охридско лето 2021

уреди

61. издание на „Охридско лето“ било отворено на 12 јули 2021 година, со балетскиот гала-концерт „Големиот Чајковски“ во изведба на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска. Покрај нив, во рамките на музичката програма настапиле и бројни други музичари и ансамбли, како: Александар Хаџиевски (пијано), Андреј Петрески (обоа), Виктор Рафајловски (пијано), Маја Богдановиќ (виолончело), Даниел Роланд (виолина), Мате Бекавац (кларинет), Ирина Графенауер (флејта), Стојан Димов (кларинет), Дино Имери (пијано), Кирил Родин (виолончело), Жени Захариева (пијано), мешаниот хор на Косовската филхармонија, Дарко Костовски (пијано), Владимир Марковиќ (виолина), Јулијана Шуловиќ (пијано), гудачкиот квинтет на Загребската филхармонија, Гулсин Онај (пијано), камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“, барокниот ансамбл „Teatro alla moda“, Алесандро Фантони (тенор), Џорџо Мартано (пијано), Елоиз Карлин-Џонс (харфа), Инва Мула (сопран), Генц Тукичи (пијано), квартетот „Вихан“, Александар Штаркман (пијано), „ZZ Quartet“, Петру Југа (контрабас), Михаил Хорја (пијано), Ѓорѓи Цинциевски (контрабас), Марија Вршкова (пијано), Захаријас Тарпагос (флејта), Валерија Харитиду (пијано), гитраското дуо Булатовиќ-Никчевиќ, Надја Неволович (виолина), Калина Мрмевска (пијано), дуото „Artwork“, Драган Средојевиќ (виолина), Ненад Ивовиќ (пијано), Васко Дантас (пијано) и женскиот хор „Менада“.[8]

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите:[8]

  • „Крик за љубов“ на Жозиен Беласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски и во изведба на Охридскиот театар
  • „History of Mother Fuckers“ според „Кориолан“ на Шекспир, во режија на Андраш Урбан и во изведба на Народен театар-Битола
  • „Кој ја уби Џенис Џоплин“ на Тијана Грумиќ, во режија на Соња Петровиќ и во изведба на Српски народен театар од Нови Сад
  • „Вечер за глупаци“ на Франсис Вебер, во режија на Ирена Стеријовска, во изведба на „Театар комедија“ од Скопје
  • „Само глас“ на Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во изведба на Македонскиот народен театар
  • „Мојот маж“ на Румена Бужаровска, во режија на Јована Томиќ, во изведба на Југословенско драмско позориште од Белград
  • „На отворено море“ на Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во изведба на Југословенско драмско позориште

Во рамките на фестивалот се одржале и други културни настани, како:[8]

  • проектот „Годови“
  • балканскиот танцов проект „Сви марш на плес“
  • концертот на ансамблите Танец и Ладо
  • настапот на Иван Босиљчиќ, „Наша вечер во Охрид“
  • концертот на групата Синтезис

62. Охридско лето 2022

уреди

62. издание на „Охридско лето“ било отворено со настапот на „Четири тенори“ (Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Марија Палмија и Уго Тарквини). Покрај нив, во рамките на музичката програма настапиле и бројни други музичари и ансамбли, како: Богдан Дугалиќ (пијано), Камил ел-Ахмадиех (пијано), Сара Једличкова (виолончело), Андреј Поповски (пијано), камерниот ансамбл „Нонет +“, дуото „Анантонио“, триото „Супњевски“, камерниот ансамбл при Македонската филхармонија, Ермир Абеши (виолина) и Мерита Реџа-Тершана (пијано), камерниот оркестар „Профундис“, оркестарот на операта на Српскиот народен театар, Хусеин Сермет (пијано), Стефан Миленковиќ и „Камерата Нови Сад“, Томе Атанасов (обоа) и Марија Ѓошевска (пијано), Стивен Бјус (пијано), „Дуо ди Прага“, дуото Кристијан Каровски и Мими Дучева, камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“, Дарија Масјеро (сопран) и Андреа Кампора (пијано), квартетот „Агат“, Весна Гиновска-Илковска (сопран), Кристина Светиева (пијано) и Ѓорѓи Цуковски (тенор), триото „Инсендио“, Јанош Балинт (флејта) и Владимир Милошевиќ (пијано), квинтетот на Виенската камерна симфонија, гитарското дуо Горан Кривокапиќ и Данијел Церовиќ, Лука Дебарг (пијано), камерниот мешан хор „Св. Климент Охридски“ при соборниот храм „Св. Климент Охридски“, Шломо Минц (виолина), Софија Каракута, триото „Лес Лиристес“, Валентина Лисица (пијано), Тимоти Рудаут (виола) и Франк Дупре (пијано), учесниците на меѓународниот музички мајсторски курс под раководство на Тамила Гулијева (пијано) и Емилио Перцан (виолина), Ирена Јосифовска (виолончело) и Александар Ѓермановиќ (пијано), Андрија минчиќ (кларинет), Тадија Минчиќ (фагот) и Никола Цветковиќ (пијано), квартетот „Стенхамар“ и „Simply Quartet“.[9]

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите:[9]

Во рамките на фестивалот се одржале и други културни настани, како:[9]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
  2. 59 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 54 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2014.
  4. 4,0 4,1 4,2 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.
  5. 5,0 5,1 5,2 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival 56.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Патот до магијата“, Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2017.
  7. 7,0 7,1 7,2 Фестивал Охридско лето 59/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
  8. 8,0 8,1 8,2 Фестивал Охридско лето 61/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2021.
  9. 9,0 9,1 9,2 62 Фестивал Охридско лето / Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2022.