Тадеуш Слобоѓанек

Тадеуш Слобоѓанек (26 април 1955, Јенисејск, СССР) – полски драмски писател, режисер и театарски критичар.

Животопис

уреди

Слобоѓанек е роден на 26 април 1955 во градот Енисејск, во Сибир, но набргу по неговото раѓање семејството се преселува во Полска, населувајќи се во Бјалисток. Завршил театарски студии на Јагелонскиот универзитет во Краков.[1]

Творештво

уреди

Своите театарски критики Слобоѓанек ги објавувал во краковското списание „Студент“ и во неделникот „Политика“, под псевдонимот Јан Коњецполски. Како драмски писател дебитирал во 1980 година во Куклениот театар во Бјалисток. Во 2001 година започнал да предава на Лабораторијата за репортажа при Одделот за новинарство на Универзитетот на Варшава. Во 2010 година станал директор/режисер на варшавскиот „Театар на Воли“, каде во 2009 година премиерно била поставена неговата драма „Нашиот клас“. Следната година, оваа драма била номинирана за престижната полска награда „Нике“, а „Европската театарска конвенција“ ја вброила меѓу најдобрите современи европски драмски текстови напишани во 2009 и 2010 година. Во мај 2012 година бил заначен за директор на Драмскиот театар „Густав Холобек“.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Тадеуш Слобоѓанек, „Нашиот клас“. Скопје: Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, Младинска сцена.