Николај Лугански - руски пијанист.

Музичка кариера уреди

Лугански го опишуваат како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето, слична на Моцарт и Шопен, како и со виртуозност што потестува на Прокофјев и Рахманинов. Студирал на Московскиот конзерваториум во класата на реномираните професори Татјана Кестнер, Татјана Николаева и Сергеј Доренски. Имал голем број настапи на бројни сцени ширум светот: „Вигмор Хол“ во Лондон, „Концертхаус“ во Берлин, „Театр де Шанз Елизе“ во Париз, Големата сала на Московскиот конзерваториум, Големата сала на Филхармонијата на Санкт Петербург итн. Исто така, соработувал со повеќе познати оркестри: Лондонскиот филхармониски оркестар, Чешката филхармонија, Рускиот национален оркестар, Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, Филхармонијата на Санкт Петербург, итн. Исто така, тој бил чест гостин на фестивалите: „BBC Proms“, „La Roque d'Anthéron“, „Rheingau Muzik festival“, „Edinburgh International Festival“ итн. Во 2013 година ја добил наградата „Народен уметник на Русија“.[1]

Наводи уреди

  1. 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.