Симфонија
Симфонијата е оркестарско дело со цикличен облик што им дава можност на изведувачите да ги претсават своите исполнителси можности. Симфонијата е составена од 4 става,3 или повеќе. В. А. Моцарт напишал 53 симфонии, Л. В. Бетовен 9, Ј.Хајдн 104 симфонии, 6 симфонии П. И. Чајковски, Ф.Шуберт 8, А.Брукнер 9 симфонии и др.Симфонија е исто така проширена музичка композиција во западната класична музика, најчесто наменета за оркестри или духовни орекестри. Симфонијата начесто содржи најмалку еден став или епизода кој е составен во согласност со принципот на сонатата. Повеќето симфонии се тонски дела во четири става така што првиот став е во сонатна форма, форма која музичките теоретичари ја опишуваат како ,,класична” симфонија и покрај тоа што и самите светско-признати маестра како Јозеф Хајдн, Волфганг Амадеус Моцарт, и Лудвиг ван Бетовен кои пишеле класични симфонии, не се придржувале кон овие правила.
Почетоци
уредиЗборот симфонија потекнува од грчкиот збор symphonia што значи ,, единство или збир на звук” , ,, концерт на вокална или инструментална музика”, додека пак поимот symphonia потекнува од зборот symphōnos што значи ,, хармоничен”. Овој збор на грчки јазик бил употребен за да се опише еден инструмент кој бил споменат во ,,Книгата на пророкот Даниел”, за кој научниците мислеле дека е гајда. Сепак, понеодамнешно мислење на научниците е дека зборот кој се споменува во ,,Книгата на пророкот Даниел” е всушност siphonia и дека гајдата во тоа време не постоела. Во грчката средновековна теорија зборот се користел за да се изрази зборот ,,складност”, антоним на зборот diaphōnia што значи ,,нескладност”. Во средниот век и подоцна, латинскиот збор symphonia се користел за да се опишат многу инструменти, посебно оние кои во исто време можеле да произведат повеќе од еден звук. Првата која двоглавиот барабан го нарекла symphonia била Исидора од Севиља. Помеѓу 1155 и 1377 година францускиот збор symphonie било името за органиструмот. Во средновековна Англија, зборот symphony се користел за да се опишат сите горенаведени инструменти, но во 16 век се споредува и со цимбалот. Во германскиот јазик, од доцниот 16 век до 18 век, зборот Symphonie бил термин кој означувал „спинета“ и „виргинал“. Во 16. и 17 век, зборот почнал да се појавува во насловите на познатите дела на композиторите, како на пример во делата Sacrae symphoniae, Symphoniae sacrae, liber secundus на Џовани Габриели, Eclesiastiche sinfonie, dette canzoni in aria francese, per sonare, et cantare, op. 16 на Адриано Банкиери, Sinfonie musicali, op. 18 на Лодовико Гроси да Виадана, Symphoniae sacrae, op. 6, and Symphoniarum sacrarum secunda pars, op. 10 на Хајнрих Шутц. Во сите овие дела зборот го има денешното значење ,,созвучност”. Поимите symphony I symphonia за време на барокот означувале низа различни композиции, како на пример инструментални дела кои се користеле во операта, сонатите и концертите. Италијанската увертира или opera sinfonia, во 18 век имала стандардна структура од три спротивни става: брз, спор, брз и танцувачки. Оваа е формата која често се смета дека е директниот предвесник на оркестралната симфонија. Друг важен зачетник на симфонијата е ripieno concerto: музичка форма која наликува на концерт за жичени инструменти и за инструменти со клавијатура, но во која нема соло инструменти. Најпознато ripieno concerto е Бранденбуршки концерти бр. 3 на Јохан Себастијан Бах.
18 век
уредиРаните симфонии во брзо-споро-брзо темпо имаат три заеднички става со овертурите и со рипиено кончертос . Сепак, барем првиот став од овие симфонии е во бинарна форма, за разлика од рипиено кончертос, кој ја користи обичната форма на риторнелото. Тие се разликуваат од италијанските овертури по тоа што се напишани за да можат да се изведат самостојно за време на изведбата на концертот, а не да воведат тимска работа, и покрај тоа што понекогаш делата кои првично биле напишани како овертури подоцна биле користени како симфонии, и обратно. Симфониите во ова време, било за концерт, опера, или за потребите на црквата, не биле сметани за најважни дела. Честопати, исто како и концертите, тие биле извадени од свити или овертури. Доминантна била вокалната музика,а симфониите биле користени како прелудиуми, интерлудиуми, или постлудиуми. Италијанскиот вид на симфонија, кој честопати во оперите се користел како увертира или интермецо, станал стандардна форма со три става: брз став, спор став, и друг брз став. Хајдн и Мозарт, чии рани симфонии биле во ваква форма, подоцна почнале да ја користат формата со четири става така што додавале втор среден став. Симфонијата од четири става станала доминантна во втората полвина на 18 век и во цел 19 век. Делата на германските композитори ја наметнале оваа форма, која подоцна се поврзува со класичниот стил на Хајдн и Моцарт. Правилната форма на четирите става била 1. Воведна соната или алегро 2. Став со споро темпо, како на пример адаџо 3. Менует или скерцо со трио 4. Алегро, рондо или соната
Варијациите на овој план, како што се на пример промената на редот на средните ставови или пак додавањето на спори тонови на првиот став, биле вообичаени. Хајдн, Моцарт и нивните современици ја употребувале формата со четири ставови само кај камерната музика со оркестар или со повеќе инструменти, како на пример квартет, иако со појавата на Бетовен сите соло сонати се пишуваат во четири како и во три ставови.
Раните симфонии се компонирале главно во Милано, Виена и Манхајм. Школата во Милано го изучувала Џовани Батиста Самартини и ги вклучувала Антонио Бриоши, Фернандо Галимберти и Џовани Батиста Лампугњани. Претставници на делото во Виена биле Георг Кристоф Вагензељ и Георг Матијас Мон. Претставник на Манхајмската школа е Јохан Стамиц.
Најголеми симфоничари се Хајдн, кој напишал најмалку 107 симфонии за период од 36 години, и Моцарт, со најмалку 47 симфонии во период од 24 години.
19 век
уредиПомеѓу 1790 и 1820 година значително се зголемил бројот на признати професионални оркестри, па така и симфонијата зазела поважно место на сцената.
Бетовен драматично ја проширил симфонијата. Неговата ,,Симфонија бр.3” ( Eroica) се издвојува од останатите дела по тоа што буди најразлични чувства. Неговата ,,Симфонија бр.5” можеби и е најпознатата симфонија која некогаш е напишана. Додека пак ,, Симфонија бр.6 “ е програмско дело во кое се прикажуваат инструментални имитации на птици и бура, и кое отстапува од правилната форма така што содржи и петти став. Во последниот став на ,,Симфонија бр.9” има дел наменет за вокални солисти и за хор, односно хорска симфонија, нешто што дотогаш било нечуено. Хектор Берлиоз го смислил поимот ,,хорска симфонија” и ја развил оваа замисла во неговата ,,драматична симфонија” наречена ,,Ромео и Јулија” и ја објаснал замислата во воведниот дел на записникот за оваа дело. Објаснувањето било долго пет страници. Делото ,,Фантастична симфонија” на Берлиоз ,познато по својата оркестрална обработка, е програмско дело и вклучува и марш и валц, како и пет става, наместо традиционалните четири.
Поважни рани романтичари кои пишувале симфонии се Бетовен, Шуберт, Менделсон, и Шуман. Поважни доцни романтичари кои компонирале симфонии се Брукнер, Брамс, Чајковски, Сен-Санс, и Дворжак.
На крајот од 19 век, неколку француски оргулари како Шарл-Мари Видор и неговите студенти Шарл Турнемир и Луј Вјерн , ги нарекле нивните дела за оргули симфонија.
20. и 21 век
уредиНа почетокот на 20 век, Густав Малер напишал долга симфонија со голем распон. Неговата ,,Осма Симфонија” е компонирана во 1906 година и исто така е нарекувана ,, Симфонија на илјадници” поради тешкотијата при нејзината изведба. Во 20 век имаме додатни промени во стилот и во содржината на симфониите. Некои композитори, како Дмитри Шостакович, Сергеј Рачманиноф, Карл Нилсен, продолжиле да компонираат во традиционалната форма од четири става. Други композитори пак пишувaле поинаку. На пример во делото ,, Симфонија бр. 7” на Жан Сибелиус е во еден став, додека пак ,,Симфонијата бр. 9” на Алан Ованес брои 24 става.
Но, сепак, симфониите задржале некои свои одлики како на пример речиси секогаш да е присутен оркестар. Компонирањето на симфонија барало ниво на префинетост и дотраеност. Зборот симфониета почнал да се користи за да де објасни дело кое е пократко, поедноставно, и полесно за изведување од симфонија, како што е на пример делото ,,Симфониета” на Сергеј Прокофиев. Низ вековите дошло и до промена на големината на оркестарот. Додека симфониите на Малер се скапи и имаат потреба од голем оркестар, двете Камерни симфонии на Арнолд Шенберг како и Камерните симфонии на Франц Шрекер, Жорж Енеску, Едисон Денисов се наменети за изведби во помала просторија.
Симфонијата како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Симфонија“ - кус расказ на рускиот писател Данил Хармс.[1]
Наводи
уреди- ↑ Данил Хармс, Случаи.Скопје: Темплум, 2004.