Хор е масовен вокален ансамбл составен од поголема група пејачи кои исполнуваат повеќегласни хорски композиции, со или без инструментална придружба. За разлика од помалите вокални ансамблли (дует,терцет,квартет и др.), каде мелодиските линии ги исполнуваат поедници - солисти, во хорското пеење вокалните делници, во едноглас ги пее група пејачи. Хорска музика, е музика која е изведувана од овој вид ансамбл.[1] Група на пејачи, кои настапуваат заедно како група се нарекува хор. Првично, овој термин се користел за црковни пејачки групи без разлика дали групата настапува само за црковни потреби. Подоцна, под термин хор се подразбира група пејачи која настапува во театри или концертни сали.

Вечерна молитва, хорска проба

Структура на хорот

уреди

Хорот го води диригент или хорски диригент. Најчесто се состои од четири гласови кои пеат во четири-гласна хармонија, но бројот на можните гласови е неограничен, доколку има пејачи кои би го пееле тој глас. Томас Талис напишал мотет со 40 гласа наречен Spem in alium, за осум хора со по пет гласа. Stabat Mater на Кристоф Пендерецки е за три хора од по 16 гласа, т.е. вкупно 48 гласа. Освен четири, најчесто хорот има три, пет, шест, или осум гласа.

Хорот може да пее со или без инструментална придружба. Пеењето без придружба се вика а капела пеење (иако Американската асоцијација на хорски диригенти[2] не го поддржува ова, на сметка на "непридружен хор," бидејќи а капела значи пеење "како во капела" и поголемиот дел од непридружената музика денес е световна). Придружните инструменти се најразновидни, од само еден инструмент до цел оркестар. На хорските проби најчесто се користи пијано или органа за придружба, дури и ако се планира поинаква инструментализација за изведба, или ако хорот пробува без музика.

Многу хорови изведуваат во црква, опера, или училишна аула. Некаде хоровите се здружуваат со цел да станат еден "масовен" хор кој изведува неколку песни или музички дела за посебни прилики, прослава или забава.

Видови хорски ансамбли

уреди

Има неколку вида хорски ансамбли.Класифицирани се:

  1. според физиологија на гласовите - еднородни (машки и женски) и мешани
  2. според возраста - детски, младински и возрасен
  3. според вокацијата - професионални, аматерски и училишни
  4. според бројот на пејачите - камерни, среднобројни и масовни
  5. според намената - оперски, филхармониски, радиотелевизиски и црковни

Женски хор

уреди

Женскиот хор е составен од возрасни женски гласови - сопрани, мецосопрани и алти. Сопраните се високи, мецосопрани средни, а алтите ниски гласови. Женскиот хор може да биде двогласен и тригласен т.н. едноставен и повеќегласен т.н. сложен женски хор.

Машки хор

уреди

Машкиот хор е составен од возрасни машки пејачи - тенори, баритони и баси. Тенорите се високи, баритони средни а басите ниски гласови. И машкиот хор може да биде едноставен - двогласен (тенори и баси)поретко и тригласен и сложен.

Мешан хор

уреди

Мешаниот хор го сочинуваат двата еднородни хора (женскиот и машкиот) обединети.Во мешаниот хор може да има и детски и младински и возрасен и машки и женски хорови. Тој претставува најмасовен вокален ансамбл до богат колорит и голема звучна моќ.Има голем потенцијал за истражување на литературно-музички содржини.Мешаниот хор има поголеми изразни можности од женскиот и машкиот хор.

Детски хор

уреди

Во детскиот хор пеат женски и машки деца во предмутациска возраст, односно деца од 9(10) до 13(14) години. Детскиот хор може да биде едногласен, двогласен и тригласен, поретко четиригласен. Може да биде составен само од женски деца (женски детски хор), само од машки деца (машки детски хор) и од женски и машки деца (мешан детски хор) Во детскиот хор децата пеат сè додека не почне да мутира нивниот глас.

Младински хор

уреди

Во младинските хорови членуваат девојки и момци во постмутациска возраст, во период на адолесценцијата, односно 14(15) до 18(19) години. И овој ансамбл може да биде еднороден и мешан.

Возрасен хор

уреди

Долната граница кај овој вид хорски ансамбл започнува од 18(19) години, додека горната не е определена. Во однос на бојата и карактерот тоа се веќе оформени, зрели, издиференцирани (лирски или драмски) гласови, а во однос на јачината и тонскиот распон, силни, моќни и со широк гласовен дијапазон.

Историски развој на хорската уметност

уреди

Колективно пеење во првобитна општествена заедница

уреди

Колективното пеење макар и во најпримитивна форма, има длабоки корени во историјата на човештвото. За него дознаваме посредно, со помош на компаративната музикологија и етномузикологија. Преку проучувањата на културата на тогаш сè уште примитивните племиња од Нова Гвинеја, Цејлон, Бразил и други региони, дојдено е до извесни сознанија за колективното пеење и воопшто за уметноста на примитивниот човек. Колективното пеење, условно наречено хорско, било едногласно, тесно поврзано со работно-производниот процес. Луѓето ги здружувале своите гласови за да ги засилат и синхронизираат со секојдневните физички активности што ги вршеле во борбата за нивниот опстанок. Во подоцнежниот развој, колективното пеење добива синкретички одлики - поврзување со играта, пантомимата, обредниот ритуал и магијата. Со други зборови, колективното пеење во овој период има исклучително функционална улога, за разлика од естетската, која ќе уследи многу подоцна. Во овој стадиум се среќаваат и првите солистички и респонзоријални форми,[3] изразени преку наизменични пеења на врачот, како солист, и на народот како хор.

Распоред на сцена

уреди
 
Еден можен распоред
 
Хор пред оркестар

Има различни мислења за распоредот на гласовите во хорот.

Кај симфониските хорови, хорот е обично зад оркестарот, каде гласовите се распоредени од лево кон десно од највисоките до најниските, во согласност со типичниот распоред на инструментите.

Кај а капела или пеење со придружба на пијано не е необично мажите да се назад, а жените напред. Некои диригенти претпочитаат да ги постават басите зад сопраните, со образложение дека надворешните гласови треба меѓусебно да се усогласат.

Кај поискусните хорови гласовите можат да пеат измешани. Понекогаш пејачите од ист глас се групирани во двојки или во тројки. Поддржувачите на овој метод сметаат дека вака на секој пејач му е полесно да слуша и да се усогласи со другите гласови. Противниците сметаат дека со овој метод се губи просторната поделба на поединечните гласовни линии, и дека ја елиминира резонанцијата, со што се намалува делотворната гласност на хорот.

Големо значење се дава и на просторот на самите пејачи. Според некои студии, не само вистинската формација, туку и големината на просторот (и буквално и амбиентално) влијае врз примањето на звукот од хористите и од публиката.[4]

Хорот како мотив во уметноста

уреди

Наводи

уреди
  1. Драган Шуплевски-УМЕТНОСТА НА ХОРСКОТО ПЕЕЊЕ - хорот и хорскиот диригент -гл.5, стр.106
  2. „види "Choral Reviews Format" на ACDA.org“. Архивирано од изворникот на 2015-04-03. Посетено на 2015-04-19.
  3. Наизменично пеење на солист и хор
  4. Daugherty, J. "Spacing, Formation, and Choral Sound: Preferences and Perceptions of Auditors and Choristers." Journal of Research in Music Education. Vol. 47, Num. 3. 1999.
  5. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 81.