Среќна Нова ’49

Среќна нова ’49 е македонски филм од 1986 година, режиран од Столе Попов. Главните улоги ги толкуваат: Петар Арсовски, Мите Грозданов, Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Милица Стојанова, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Гоце Тодоровски, Душко Костовски и Александар Шехтански. Тој се смета за едно од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски филм, покрај „Црно семе“ на Кирил Ценевски,[4] што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар.[2] Филмот е добитник е на низа награди и признанија, како: „Големата златна арена за најдобар филм“ на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула (1986), како и Првата награда од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Порто Алегре (1991).[2]

„Среќна нова ’49“
Среќна Нова ’49.jpg
плакат за филмот
РежисерСтоле Попов
СценаристГордан Михиќ
Главни улогиМилица Стојанова
Петар Арсовски
Мите Грозданов
Александар Ѓорчев
Мето Јовановски
Душко Костовски
Гоце Тодоровски
Шенка Колозова
Ванчо Петрушевски
Ѓорѓи Колозов
Гоце Влахов
Александар Шехтански
Димче Мешковски
Младен Крстевски
Светозар Цветковиќ
Владимир Ангеловски-Дади
Владица Милосављевиќ
МузикаЉупчо Константинов
МонтажаВангел Чемчев
ДистрибутерВардар филм
ПремиераСФРЈ 27 јуни 1986[1]
Времетраење125 мин[2][3]
128 мин[1]
ДржаваМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
српско-хрватски

СодржинаУреди

 
Сцена од филмот

Основната тема во филмот е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во македонската општествена средина. Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства, односно до себеоткажување, до напуштање на сѐ она што дотогаш го красело нивниот лик.

Всушност, филмот е приказна за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски (Мето Јовановски) кој како студент се враќа од Советскиот Сојуз за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста (Светозар Цветковиќ) кој го согледува неморалот на властите во СФРЈ и сака да живее свој живот, независен од сите други околу него. Тој шверцува пеницилин и заработува доволно пари:

... Го имам клучот кој ги отвора сите врати ...

Тој покажува наклонетост кон Вера (Владица Милосављевиќ), девојката на постариот брат додека тој е во затворот, за која на крајот се открива дека била советска шпионка; кога за тоа ќе се дознае, Вера се самоубива. Но, соперничката банда на Бугер (Петар Арсовски) полека ги „средува“ работите во тогашното скопско подземје и Коста, во безизлезна ситуација, се решава да ја напушти земјата и бега на запад. Никој дома не знае каде е заминат и што се случува со него. Истовремено, Драгослав се самоубива.

УлогиУреди

Глумец Улога
Александар Ѓорчев Стојан
Милица Стојанова Мајката
Мето Јовановски Драгослав
Видосава Милосављевиќ Вера
Светлозар Цветковиќ Коста
Петре Арсовски Бургер
Гоце Тодоровски Тодор
Младен Крстевски Градимир
Душко Костовски Диле
Мите Грозданов Инспектор
Ванчо Петрушевски Шоферот
Јовица Михајловски
Александар Шехтански Полицаец
Ѓорѓи Колозов
Димче Мешковски Инспектор 2
Гоце Влахов Стражар
Шенка Колозова
Владимир Ангеловски-Дади Полицаец
Кица Ивковска Велјановска Жената
Јордан Витанов
Синоличка Трпкова Нале
Георги Бисерков
Кире Симоновски Коле
Мустафа Јашар
Страшо Милошевски
Иван Бекјарев Инспектор во Суботица
Ратко Танкосиќ Шверцер
Раде Рогожаров

ЛокацииУреди

Филмот е снимен на повеќе локации: железничка станица во Суботица, скопско Маџир Маало, Буњаковец, реката Треска, Старата скопска чаршија,

Реакции и наградиУреди

РеакцииУреди

„Среќна Нова '49“ го означува почетокот и една од врвните точки на „неочеочекуваниот подем на македонската играна продукција“.[2] За Роберт Алаѓозовски, почнувајќи токму од ова дело на Столе Попов, македонскиот филм „сукцесивно ги воведува маргиналните слоеви на македонското општество во центарот на кинестетското интересирање, доловувајќи ја со сите филмски средства нивната глобална слика, прикажувајќи ги нивните светови, сомнежи и стремења, но притоа особено инсистирајќи на субјективното авторско видување на филмската тема“.[5] Филмот бил прогласен за најдобар југословенски филм за 1986 година и бил предложен за југословенски кандидат за Оскар, но сепак, не успеал да влезе во потесниот избор.

НаградиУреди

Филмот бил награден со повеќе филмски награди, како:[6]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Srećna nova 49 (Среќна Нова '49)“. Filmovi.com. Посетено на 2008-09-16.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Среќна Нова '49“. Македонски Информациски Филмски Центар. Архивирано од изворникот на 2011-12-02. Посетено на 2008-09-15.
  3. „Среќна Нова '49“. Семрежна филмска база на податоци. Посетено на 2008-09-16.
  4. „Црно семе“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-16.[мртва врска]
  5. Роберт Алаѓозовски. „Маргиналните слоеви и поновиот македонски филм“. Блесок. Посетено на 2008-15-09. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)[мртва врска]
  6. Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival 56, стр. 36-37.

Надворешни врскиУреди