Максим Венгеров
Максим Венгеров - руски виолинист.
Животопис
уредиВо 2005 година, Венгеров започнал да работи како професор на Кралската музичка академија во Лондон.[1]
Творештво
уредиУште на десетгодишна возраст започнал да настапува на светските сцени. Во 2001 година, настапил во Скопје, а во 2015 година настапил на 55. издание на „Охридско лето“. Според многу критичати и анкети, Венгеров се смета за еден од најголемите виолинисти кон крајот на XX век. Тој е првиот музичар од класичната музика кој бил назначен за Меѓународен амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Покрај како виолинист, Венгеров работи и како педагог и диригент. Во 2006 година, заедно со Ана Росновски, го основал музичкиот проект „Идните музичари“ во Израел.[1]