Игор Киров (Штип, 21 февруари 1976) е македонски кореограф.

Животопис

уреди

Игор Киров е роден во Штип на 21 февруари 1976 година.

Својата балетска едукација ја започнува во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во Скопје, а продолжува на престижната Академија за модерен танц во Ротердам, Холандија(Rotterdam Dance Academy). Магистрира на Институтот за уметничка игра во Белград, Србија.

Како танчер има работено во многу европски танцови компании, соработувајки со голем број на реномирани кореографи како Ицик Галили, Тон Симонс, Бил Т.Џонс, Стивен Петронио, Јакопо Годани, Ед Вубе, Карлос Матос, Меи Хонг Ли и др. Игор Киров, својот кореографски опус го започнува уште како танчер додека работи во танцовите компании. Од тогаш па натаму, Киров работел како кореограф за многу национални балетски куќи и компании низ светот: Македонска опера и балет, Хрватското народно казалиште во Сплит и Риека, Националните театри во Германија (Олденбург, Мајнц, Дармштад, Дрезден, Штутгарт), Операта во Грац и Државниот театар во Клагенфурт, Австрија, Градскиот театар во Сент Гален, Швајцарија, Операта во Бордо, Франција, Орландо Балет во Орландо, САД, Масданса на Канарските Острови, Екилибро Динамико во Бари, Италија, Мупа Театарот во Будимпешта, Унгарија, како и Сиданс Фестивалот во Сеул, Јужна Кореја.

Во 2007 година, Игор Киров ја основа својата танцова трупа The Kirov Dance Company, со која има освоено бројни награди и признанија.

Заедно со Мојца Мајцен, го основа Balkan Dance Project, со цел да се поврзат млади и талентирани танчери и кореографи од регионот.

Како визитинг-професор предавал на академиите во Минхен, Скопје, Белград и Токио.

Од 2015 до 2020 година, Игор Киров беше уметнички директор на балетот на Хрватското народно казалиште во Сплит.

Кореографии

уреди
  • HE HE HELIUM
  • THE CUBE
  • 14 часа
  • BEFORE I LET YOU GO
  • FROM THAT DAY ON
  • THE DIARY OF NIJINSKY
  • STORIES
  • Црвената соба
  • 5 до 12
  • ON THE ROAD
  • MEMOTRIP
  • THE CUBE UNTOLD
  • EAST WEST (ON THE EDGE)
  • ATLANTIDA
  • LETTERS FOR HIM
  • LA SACRE DU PRIMTEMPS
  • ŠTO TE NEMA
  • SVI MARŠ NA PLES
  • IN THE BOX
  • FROM SIDE TO SIDE
  • Дервишот и смртта
  • UNTOLD STORY
  • Едип коментари

Награди

уреди
  • Награда за најталентиран млад кореограф на меѓународниот натпревар за кореографија во Нагоја, Јапонија (2006);
  • Награда за најдобра кореографија од страна на публиката на Меѓународниот натпревар за кореографија „Masdanza“ на Канарските Острови (2009);
  • Специјална награда од жирито на Меѓународниот натпревар за кореографија и балет во Пекинг, Кина (2011);
  • Награда за продукција на Меѓународниот натпревар за кореографија во Хановер (2012);
  • Второ место на Меѓународниот натпревар за кореографија „Кореографски минијатури“ во Белград, Србија (2012);
  • Награда за продукција на Меѓународниот натпревар за кореографија „Masdanza“ на Канарските Острови (2013);
  • Виртуоз (2016) - награда на Сојузот на композитори на Македонија, за најдобри уметнички достигнувања во категоријата меѓународна афирмација;
  • Награда за кореографија на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп (2021) за претставата “Едип коментари“;

Надворешни врски

уреди

www.igorkirov.com[мртва врска]