Илина Арсова
Илина Арсова (Скопје, 31 јули 1982) — македонска ликовна уметница, скијачка и планинарка.
Животопис
уредиРодена е на 31 јули 1982 година во Скопје. Основното и средното образование ги завршила во Скопје, а во 2005 дипломирала на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски. Во 2005 станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а преку уметноста подолго време ги претставува загадувачките навики и човековите интервенции врз природата, обидувајќи преку визуелен креативен израз да допре и делува врз подигнување на еколошката свест кај народот. Во 2008 година магистрирала на Јазици, бизнис и меѓународна трговија на Универзитетот Св Кирил и Методиј и Универзитетот Орлеан (Франција). Како ликовен уметник реализира над десет самостојни изложби во Македонија и во странство, а учествува на истакнати групни изложби и биеналиња.
Од 2006 година почнува посериозно да им се посветува на планинските спортови (планинарење, алпинизам, слободно скијање, летање, качување по карпи и планински велосипедизам). Истата година за првпат се искачува на Монблан (4.810 метри), највисок врв во западна Европа, како дел на екипата на црвениот крст за итни интервенции и спасување во планина. Во периодот од 2006-2016, Илина Арсова успева да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти[1]. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина Арсова станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест[2].
Награди
уреди- 2020 - награда „13 Ноември“ од областа на спортот за искачување на 7-те највисоки врвови на 7 континенти.[3]
Наводи
уреди- ↑ „The 7 summits dream, personal story by Ilina Arsova – skimacedonia“. skimacedonia.mk (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-10-04. Посетено на 2 февруари 2018.
- ↑ „Таа успеа! Монт Еверест под нозете на Илина Арсова“. Република Online. 2013-05-24. Посетено на 2 февруари 2018.[мртва врска]
- ↑ „ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ" НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2020 ГОДИНА“. Град Скопје. Посетено на 3 декември 2020.