Цената на градот (филм)

(Пренасочено од Цената на градот)

„Цената на градот“ — македонски филм од 1970 година. Го режирал Љубиша Георгиевски, а сценариото го напишал Симон Дракул.

„Цената на градот“
РежисерЉубиша Георгиевски
СценаристСимон Дракул
Главни улогиАцо Јовановски
Ацо Стефановски
Драги Костовски
Петар Стојковски-Бабец
Жанрвоен
МузикаКирил Македонски
КинематографијаБранко Михајловски
МонтажаВангел Чамчев-Лаки
ДистрибутерВардар филм
Премиера1970
Времетраење79 мин.
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Содржина

уреди

При крајот на Втората светска војна едно гратче во Македонија е под германска окупација. Во овие последни денови на окупацијата, жителите ослободуваат руски и италијански војници. Германскиот командант бара од граѓаните да ги предадат ослободените заробеници, заканувајќи се дека во спротивно ќе го минира градот. Но, љубовта што командантот ја чувствува за гимназијалката Елена го попречува во извршувањето на злосторството. Како откуп за градот ја бара девојката. Таткото на Елена, свештеник, се жртвува себеси и ќерка си, и ги венчава. Партизаните влегуваат во градот и во германскиот штаб ги убиваат штотуку венчаните, во моментот кога на лицето на Елена за првпат се забележува симпатија кон германскиот командант.

Улоги

уреди
Глумец Улога
Ацо Јовановски Најдо
Ацо Стефановски Професорот
Драги Костовски Рихтeр
Драгомир Фелба Поп Климе
Јурие Дарие Комaндaнт Ото Хорст
Петар Стојковски Ханс
Силвија Бадеску Елена

Останати улоги  ▼

Надворешни врски

уреди