Габрово (Бугарија)
Население | 58.030[1] |
---|---|
Површина | km |
Административна поделба | Габровска област |
Регистарска ознака | ЕВ (BG) |
Мрежно место | www.gabrovo.bg |
Градоначалник | Томислав Дончев (ГЕРБ) |
Надморска висина | 576 m |
Координати: | 42° 52′ С, 25° 20′ И |
Габрово (бугарски: Габрово) е град во централна Бугарија. Габрово е центaр на Габровската област и се наоѓа близу до Трjaвна (18 км), Дрjаново (20 км) и Севлиево (27 км). Градот е сместен на северните падини на шипченскиот дел на Старата Планина, крај река Јатра. Градот е административен центар на општина Габрово.
При археолошките ископувања (1985 и 1989 г.) била проучена повеќеслојната некропола во центарот на Габрово, која датира од периодот на ХІІІ-ХІХ век и остатоците од црквата Св. Петка. Со тоа било потврдено минатото на населбата на габровска земjа од времето на Втората бугарска држава.
Во историскиот музеj на Габрово се наоѓа првата бугарска банкнота со сериски број 000001 од 1881, една од трите златни монети на Филип Македонски од ІІІ в. пред новата ера.
Наjстарото друштво на Црвениот крст на Балканот е основано на 1 ноември 1883 г. во Габрово. Тука е и Палатата на хуморот и сатирата - културен институт, центар, музеj и галерија за популaризирање на светската хумористичка уметност.
ЛичностиУреди
Збратимени градовиУреди
НаводиУреди
- ↑ „Население на Бугарија по градови“. Архивирано од изворникот на 2011-04-08. Посетено на 2011-04-05.
Надворешни врскиУреди
- / Габрово град во централна Бугарија
- Обштина Габрово
- Слики от Габрово
- Слики от Етара
- Технички универзитет - Габрово
- Национална Априловска гимназиja Архивирано на 3 април 2006 г.
- ПМГ „Академик Иван Гузелев“ Архивирано на 5 мај 2003 г.
ГалеријаУреди
ИзвориУреди
- Цончев, д-р Петар Низ јавното и културно минато на Габрово, историски придонеси. С. 1934 (1996), стр 245
- Растојанието е права линија од саат кулата во центарот на градот до телевизиската кула на "Градиште", дефинитивно од Google earth