Жика Митровиќ
Живорад Митровиќ - Жика (Белград, 30 септември 1921 - Белград, 29 јануари 2005) бил еден од најплодните филмски режисери и сценаристи во СФРЈ.
Живорад Жика Митровиќ | ||
Роден | 3 септември 1921 Белград, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 29 јануари 2005 Белград, Република Србија | (возр. 83)
Завршил Архитектонски факултет во Белград. Со филм почнува да се занимава од 1946 година. Тој ѝ припаѓа на првата генерација повоени југословенски синеасти. Во неговиот опус има повеќе од 20 играни филмови, во коишто најчесто се јавува и како сценарист. Жанровската определба на Митровиќ е акционен филм, а по филмовите Капетанот Леши и Пресметка, станува познат како творец на таканаречениот југословенски вестерн.
За својата работа на филм добива голем број признанија и награди. Меѓу наградените филмови се вбројуваат: Невесинска пушка, Маршот на Дрина, Ужичка република, Тимочка буна, Мис Стон и други.
Награди
уреди- 1961 Специјално признание за негување на акциониот жанр во домашниот филм за „Солунските атентатори“
- 1961 Фестивал на Југословенскиот игран филм - Пула, „Елен“ награда од публиката за „Солунските атентатори“
Филмографија
уреди- 1958 : Мис Стон (режија)
- 1961 : Солунските атентатори (режија)
- 1966 : До победата и по неа (режија)
Надворешни врски
уреди- Жика Митровиќ на Семрежната филмска база на податоци (англиски)