Крунислав Стојановски

Крунислав Стојановски (14 мај 1969, Скопје) - хрватски сликар и фотограф.

Животопис

уреди

Стојановски дипломирал во 1998 година на Академијата за ликовни уметности во Загреб. Во 1997 година се запишал на Државната уметничка школа при Летната академија во Салцбург, во класата на Агнес Денес. Во 1998 година професионално се усовршувал во „Капели“, во Хелсинки. Во 1997 година станал член на Хрватското друштво на ликовни уметници. Од 1990 до 2001 година работел како новинар и се занимавал со реставрација на ѕидни слики. Стојановски живее и работи во Загреб.[1]

Творештво

уреди

Стојановски се занимава со сликарство, амбиентални инсталации, видео и фотографија, а исто така и пишува. Чести теми во неговите дела се оние со социјална, хуманистичка и еколошка конотација, со посебен акцент на поединецот и неговата улога и можностите.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.