Вујко Вања
Вујко Вања (руски: Дядя Ваня) — драма од рускиот драматург Антон Павлович Чехов. Објавена е во 1897 г., а две години подоцна ја имала својата премиера во московскиот театар.
корица на книгата | |
Автор | Антон Павлович Чехов |
---|---|
Изворен наслов | Дядя Ваня – Dyadya Vanya |
Земја | Русија |
Јазик | руски |
Жанр | драма |
Издадена | 1897 г. |
Медиум | Печатена |
Главната идеја на драмата е приказ на луѓето полни со емоционални фрустрации, или како што Чехов ги нарекува, „луѓе кои залудно го потрошиле животот“. Ликовите се несреќни, но несреќни на свој начин. Драмското дејство не е класично развиено, туку е одраз на психолошкото настроение на носечките протагонисти. Низ делото постојано провејува необјасниво чувство на меланхолија, која ја наподолнува атмосферата на безработица и безделничење.[1]
Драмско дејство
уредиДрамата е приказна за едно имашливо руско семејство, кое живее на селскиот имот. Професорот Серебрјаков е женет за многу помладата Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и месниот доктор Астров. Љубовниот заплет го чини Соња, која е силно вљубена во докторот Астров. Освен љубовните интриги, во фамилијата постојат сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост. Вања постојано се жали на своеволниот карактер на Серебрјаков и на неговата безобѕирност кон останатите членови од семејството. Од друга страна, пак, Серебрјаков планирал да ја продаде селската куќа, што ќе повлече бран на незадоволство кај најблиските. Дејството кулминира кога вујко Вања со пиштол ќе посегне по животот на Серебрјаков, што ќе резултира со заминување на професорот и неговата сопруга од куќата. По тој невообичаен настан, работите си се вратиле по стариот тек.
Ликови
уреди- Александар Владимирович Серебрјаков - пензиониран универзитетски професор, којшто живее на имотот од неговата прва жена
- Елена Андреевна Серебрјакова - сопруга на Серебрјаков, која има 27 години
- Софија Александровна Серебрјакова - ќерка на професорот Серебрјаков од првиот брак. Има 20-тина години и ја сметаат за помалку наивна
- Марија Василевна Војницкаја - мајка на Вања, вдовица на починатиот сопственик на селскиот посед
- Иван Петрович Војницки - 47 годишен маж, вујко на Соња и главен лик во драмата
- Михаил Лвович Астров - средовечен доктор
- Илија Илич Телегин - крепосен селанец кој живее во куќата на семејството
- Марина Тимофеевна - старата дадилка на Соња
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- целиот текст на Вујко Вања (руски)
- превод на англиски преку проектот Гутенберг