Антониј и Клеопатра
Антониј и Клеопатра[1] (наслов од првото фолио: Трагедијата на Антониј и Клеопатра) е трагедија од Вилијам Шекспир. Претставата за прв пат била изведена околу 1607 година;[2][3] а драмата прв пат била испечатена во Фолио во 1623 година.
Драмата е инспирирана од англискиот превод на Плутарховите животи од Томас Норт во 1579 година и ја прикажува врската меѓу Клеопатра и Марк Антониј од Сицилијанската војна до самоубиството на Клеопатра за време на војната кај Акциум. Главен антагонист е Октавијан Цезар, еден од триумвирите од Вториот триумвират и првиот император на Римското Царство. Дејството е сместено во Римската Република и Птоломејски Египет.
Делото Антониј и Клеопатра тешко е да се класифицира во само еден жанр. Може да се опише како историска драма (иако не се придржува целосно до историските записи), како трагедија (иако не целосно во аристотелска смисла), како комедија и како романса. Со сигурност може да се каже дека е римска драма, а можеби и продолжение на друга Шекспирова трагедија, Јулиј Цезар.
Ликови
уреди- Антониј — римски генерал и еден од тројцата триумвири кои владеат со Римската Република по атентатот на Јулиј Цезар во 44 п.н.е.
- Октавијан Август – посвоен син на Јулиј Цезар и идниот император Август; друг триумвир
- Лепид - триумвир
- Секст Помпеј - се побунил против триумвиратот и син на покојниот Помпеј
- Октавија – сестра на Октавијан
- Домитрие Енобарб, Вентидие, Ерос, Скаро, Декрета, Деметрие, Филон - пријатели на Антониј
- Мецена, Агрипа, Долабела, Прокулеј, Тидија, Гал - пријатели на Цезар
- Менекрат, Мена, Варие - пријатели на Помпеј
- Хармија, Ира – придружнички на Клеопатра
- Алекса, Мардијан - евнух, Диомед – благајник, Селеук – ризничар на Клеопатра
- Тауроо - војсководец на Цезар
- Канидие - војсководец на Антониј
- Силие - офицер во војската на Вентидие
- Шут, Пророк, Офицери, Војници, Гласници и други присутни
Кратка содржина
уредиМарк Антониј - еден од триумвирите на Римската република - ги запоставил своите војнички должности откако бил заведен од египетската кралица Клеопатра.
Октавијан го повикува Антониј да се врати од Александрија во Рим за да му помогне во борбата против Секст Помпеј, Менекрат и Менас, пирати од Средоземјето. Во Александрија, Клеопатра го моли Антониј да не оди, но тој заминува.
Триумвирите се среќаваат во Рим. Агрипа, предлага Антониј да се ожени со сестрата на Октавијан, Октавија, за да ја зацврсти пријателската врска меѓу двата триумвири. Антониј прифаќа.
Видовит човек го предупредува Антониј дека сигурно ќе биде поразен во борба против Октавијан.
Во Египет, Клеопатра дознава за бракот на Антониј со Октавија.
Пред битката, триумвирите разговараат со Секст Помпеј и му нудат примирје. Му нудат да ги задржи Сицилија и Сардинија, но да им помогне „да го исчистат морето од пирати“. По кратко двоумење, Секст се согласува и започнува прослава во галијата на Секст. Менас му предлага на Секст да ги убие тројцата триумвири и самиот да стане владетел на Римската Република, но тој одбива, велејќи дека тоа е нечесно. Откако Антониј заминува од Рим за Атина, Октавијан и Лепид го прекинуваат примирјето со Секст и војуваат против него. Антониј е бесен за ова.
Антониј се враќа во Александрија и заедно со Клеопатра се крунисуваат како владетели на Египет и на источната третина од Римската Република (делот што му припаѓал на Антониј како еден од триумвирите). Го обвинува Октавијан дека не му го дал делот од земјата на Секст што му следува и е лут што Лепид, кого Октавијан го затворил, не е веќе дел од триумвиратот. Октавијан е многу незадоволен од она што го направил Антониј.
Антониј се подготвува за борба со Октавијан. Енобарб му вика на Антониј да се бори на копно, каде што има предност, а не на море, каде што морнарицата на Октавијан е полесна, поподвижна и подобро опремена. Антониј одбива. Клеопатра му ја ветува својата флота за да му помогне на Антониј. Но, за време на Битката кај Акциум, Клеопатра со своите шеесет бродови бега, а Антониј ја следи, и ги оставил своите сили да бидат уништени. Засрамен од она што го направил за љубовта на Клеопатра, Антониј ја прекорува што го направила кукавица, но вистинската и длабока љубов ја става над сè друго, велејќи ѝ „Бакни ме; само со ова ќе ме искупиш“.
Октавијан праќа гласник да ја замоли Клеопатра да се откаже од Антониј и да застане на негова страна. Таа се двоуми и флертува со гласникот, а кога Антониј ќе влезе луто го осудува нејзиното однесување. Го праќа гласникот да го камшикуваат. На крајот, тој ѝ простува на Клеопатра и се обврзува да води уште една битка за неа, овој пат на копно.
Во пресрет на битката, војниците на Антониј слушаат чудни предлози, кои ги толкуваат како богот Херкул да ја напушта заштитата на Антониј. Исто така, Енобарб, долгогодишниот поручник на Антониј, го напушта и се приклучува на страната на Октавијан. Наместо да ги конфискува работите на Енобарб, кои Енобарб ги оставил кога побегнал, Антониј наредува да му ги пратат на Енобарб. Енобарб е толку обземен од великодушноста на Антониј и чувствува срам од сопствената нелојалност, така што умира од скршено срце.
Антониј ја губи битката, неговата војска масовно бега, а тој ја осудува Клеопатра. Решава да ја убие за замисленото предавство. Клеопатра смета дека единствен начин за Антониј повторно да ја засака е да му испрати порака дека се самоубила, умирајќи со неговото име на усните. Таа се заклучува во нејзиниот мавзолеј и го чека враќањето на Антониј.
Нејзиниот план не успева: наместо брзо да се врати со каење за да ја види „мртвата“ Клеопатра, Антониј смета дека не вреди повеќе да го живее животот. Замолува еден од неговите помошници, Ерос, да го убие со меч, но Ерос не може да го направи тоа и се самоубива. Антониј се восхитува на храброста на Ерос и се обидува да го стори истото, но успева само да се повреди. Во голема болка, дознава дека Клеопатра е жива. Тој на раце е однесен до неа во нејзиниот мавзолеј и умира во нејзини раце.
По поразот на Египет, Клеопатра е заробена и е чувана под стража од римски војници. Таа се обидува да си го одземе животот со кама, но Прокулеј ја разоружува. Пристигнува Октавијан, и ја уверува дека ќе биде третирана со чест и достоинство. Но, Долабела скришно ја предупредува дека Октавијан има намера со неа да парадира низ Рим на римскиот триумф во негова чест. Клеопатра горко ги замислува бескрајните понижувања што ја чекаат до крајот на животот како римски трофеј.
Клеопатра се убива така што е касната од змија отровница - аспида, и си замислува како повторно ќе го сретне Антониј во задгробниот живот. Нејзините слугинки Ира и Хармија исто така умираат, Ира од скршено срце и Хармија од една од двете аспиди во кошницата од Клеопатра. Октавијан ги открива мртвите тела и има измешани емоции. По смртта на Антониј и Клеопатра слободно може да стане првиот римски цар, но исто така чувствува и симпатии кон нив. Наредува јавен воен погреб.
Наводи
уреди- ↑ „АНТОНИЕ И КЛЕОПАТРА – NTB“. Посетено на 2022-11-12.
- ↑ . University Park, Pennsylvania. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Shakespeare, William (1998). „The Jacobean Antony and Cleopatra“. Во Madelaine, Richard (уред.). Antony and Cleopatra. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 14–17. ISBN 978-0-521-44306-7.